1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диња диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 9 јули 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Со оваа диета се губат 2 килограми за 5 дена.
    Дињата е силен антиоксиданс и е богата со калциум, магнезиум, фолна киселина, железо, каротен, нијацин, сулфур, богата е со витамин А и Ц. Одлична е за кожата, особено пред изложување на сонце.

    За време на диетата потребно е да пиете повеќе вода од вообичаено, може да се пијат чај и кафе незасладени или засладени со стевија и од масло може да се користи само маслиново.

    Појадок - Диња во неограничени количини
    Ужина - шоља јогурт
    Ручек - Диња во неограничени количини
    Ужина - Неколку парчиња диња
    Вечера - 100 грама месо (пилешко, мисиркино, телешко, риба) и неограничена количина на било каква салата. За десерт, можете повторно диња,но и не мора.

    Искрено мене ќе ми се згади од многу диња, не ја сакам премногу,ама обожавателки на диња, бујрум. :D
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Никогаш не ми било јасно зашто вечерата да е побогата од ручекот, никогаш!
    Нели навечер е потешко да јадеш месо него за ручече?
    Али ова што диња се стори 10 дињи ти требаат за 2 дена :D
    После диња нема у уста да стаам, што е многу многу е, за мене барем.
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Има логика за оваа диета жив пример сум јас.
    Минатата година цели две/три недели бев на диња и кафе и навистина симнав килажа се чудев како е можно...но кога прочитав што напишала Lilitсфатив дека е толку е ефикасна оваа диета....
     
  4. Malena85

    Malena85 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    32
    Диња диета-јадеш сее освен диња :rofl:
     
  5. martina98

    martina98 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Јас сега држам таква диета и ефикасна е добро јас не се придржувам баш на таа диета ама ефикасна е и оваа :)
     
  6. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    еве една слична диета со диња, ама ова 7кг за 7 дена премногу е , не ми е за верба, а вака менито добро е :) има и месо и зеленчук и јогурт.
    Мени за диетата со диња за 7 дена:
    Резултати: Намалување 7 кг
    Диетата со диња е ефикасна за целиот организам, бидејќи го прочистува, ја зголемува сексуалната желба и го зајакнува имуниот систем.Калциум, витамин А и Ц, калиум и железо се само дел од она што го содржат дињите. Детокс диета со диња е другото име на оваа ефикасна диета за слабеење. Можеби токму ова е она што ви треба.

    Појадок: 150 гр диња и чаша јогурт,

    Ручек: 150 гр диња, 220 гр бел ориз на пареа, 1 чаша зелен чај,

    Вечера: 220 гр бел ориз на пареа, свежа сезонска салата, 200 гр варено телешко месо или бело пилешко.

    Менито е исто за 7-те дена од диетата. Во текот на денот, кога ќе почувствувате глад е дозволен уште еден оброк со диња, 150 гр.

    Како резултат очекувајте 7 килограми помалку за една седмица, прочистување на организмот, подобрување на расположението.