Длабоки деколтеа.. Никако. Изгледа невкусно и ефтино. Може малку откриено колку да ја разбуди љубопитноста.
Длабоки деколтеа.. ДА. Преубави ми се комбинациите со длабоко деколте, може да се изгледаат неверојатно кога е добро искомбинирано. Најубави ми се долгите лелеави фустани. Само, за жал, тешко да соберам храброст да облечам нешто такво кај нас. Те гледаат попреку ако носиш шорц, а ко облечеш длабоко деколте без размислување ќе бидеш прогласена за најголема распуштеница во градот Спојлер
Длабоки деколтеа.. Деколтето може да биде навистина секси, се додека не открива премногу. Тогаш веќе станува вулгарно. Освен тоа, зависи и за каква пригода зборуваме. Јас лично многу ретко носам деколте, затоа што некако непријатно се чувствувам. Со мојава 85ка, на човек да му е страв по бикини на плажа кај нас да се појави
Длабоки деколтеа.. Кога одговара местото знам да си облечам , некогаш е и многу за нечиј вкус, но според мене се додека брадавиците се покриени не е страшно, ако е убаво за очи, немам ништо против. И ич не се замарам со какви очи ме гледаат ако сум излезена на пр. навечер .
Длабоки деколтеа.. Зависи од големината на градите доколку се мали и не изгледа вулгарно зошто да не, али големи гради и длабоко деколте ми е некако ептен, ептен ефтино.
Длабоки деколтеа.. Па на мали гради нема ни да изгледа убаво длабоко деколте, баш на поголеми гради ќе стои добро, зашто има што да се покаже Не ги омаловажувам тие со мали гради, само ми беше зборот за деколте-то во кој случај повеќе би одговарало. Јас сум ЗА длабоко деколте, но само во друштво на помлади луѓе, пред постари луѓе ми е непријатно така "разголена". Баш си се сакам кога ми се стегнати во деколте, па добро стојат
Длабоки деколтеа.. Зависи од пакетот, т.е. близначките на девојката. И пригодата. Ако има добар пар цицки, тогаш деколте не ми пречи, напротив, се радувам кога гледам фино стегната девојка, некако ми се слави женската убавина и облини. Ама ако и се мизерни и никакви (ќе појаснам посликовито - шишарки или бобинки, или пак лубеници или БлагицоПавловски - Милка), не фала. Чувај си ги скриени, поштеди не од sore eyes. И пригодата. Деколтето не влегува во игра секогаш и секаде. Си има време и место за тоа. Јас порано бев некако похрабра и носев многу длабоко деколте. Сега веќе не, па си фатив дечко, доста е. Шала.
Длабоки деколтеа.. Искрено јас имам големи гради и длабоко деколте фала не таа привилегија ќе ја оставам на оние што имаат ’’храброст’’ на тоа, а и на бугарските пјевалки што градите буквално на изволте им се ставени за мене ова е убаво А не ова Спојлер
Длабоки деколтеа.. Неам ја што да изложам за деколте се додека е во рамките на елегантно и вкусно со мера, а не провокативно, да. Отворено деколте со фустан до колена или долг изгледа убаво и женствено. Отворено деколте со краток минич и гол грб...знаете де како изгледа, да не бидам вулгарна А и до длабочината на деколтето е...ако е онакво отворено до пупак, па се скриени само брадавиците...не. Може до средина на гради или пак балконски (зборов )
Длабоки деколтеа.. Одлично. Катастрофа. Простачки. Тие апла подлабоките поубаво стојат на мали до средни гради, на големи воопшто. Целтие гради кога ќе паднат надолу па и под разни агли и од страна се фаќа глетка, фала не.
Длабоки деколтеа.. Мене па тие длабоки диколтиња ми се свијаат на помали гради, т.е средна големина Сеа да не се навреди некој помали гради немора да значи дека се наубави Јас себе си не можам да се замислам во толку длабоко V, ептен вулгарно би било. Ми стои исклучиво на послаби, стегнати женски со средна голема на гради. Нешто што ми се допаднало кај low/deep V Спојлер А вулгарна ми е мене Џенифер Лопез со зелениот фустан до под пупак, башка и тој и е за на бал со кралот и кралицата. И оваа
Длабоки деколтеа.. Во принцип комбинациите без градник, а со длабоко деколте мене ми изгледаат катастрофа во најголем дел од случаевите, па макар биле и градите на средношколки (иако голем дел и од нив се повеќе имаат гради кои многу бргу паѓаат под дејство на гравитацијата, што и не ме чуди кога уште на 11-13 год. почнуваат со сексуални односи). Ретко која има природно толку совршени гради за да си го дозволи ова - или растојанието меѓу градите е преголемо, или се претерано виснати надолу, па ефектот на штрчење на брадавицата на ткаенината ич нема ни да го коментирам, не ми е толку вулграно, колку што ми е грдо на изглед... Дури и тие силиконските збрцнати нагоре, налик за сервирање некому директива во уста, ми се мене естетски посимпатични од некои ,,природно расфрлани, со тенденција на излегување на светлата на денот или ноќните светла,, во облик на бранови, пирамидални испупченија и останати архитектонски лоши зданија, во барок стил како Скопје 2014 ми се... Доколку се фино скоцкани знаат да се привлечни деколтеата, ама денес некако се повеќе се губи мерката за пристојност и се повеќе станува тренд претераноста, иако да не се лажеме, вистински умната жена (во било кој поглед) нема никогаш да сервира неумерено ама баш ништо (ни дел од себе, ни па неумерени количини храна и пијалок, значи секогаш и во се‘ си ја знае мерката, не се натфрла краткотрајно ако се потрфла долгорочно )... И никој дечко не е пресреќен кога на девојка му во секој миг и‘ прети сценарио на испаѓање на брадавиците бидејќи иако не е селебрити личност, најмалку во својот град или селце ќе стане позната за кратко време, како многу демонстративно насочена и отворена личност ...
Длабоки деколтеа.. Отворено провокативно деколте,па зошто да не? Но сепак треба и да има што да се покаже, не само коски и кожа на средината од торзото да се гледаат,сепак треба да има со што да се пополни тоа деколте
Според мене во предвид може да дојде некое вакво деколте и тоа само ако веќе деколтето е истакнато тоѓаш нозете покриени и обратно никако и тоа и тоа
Длабоко деколте на мали/средни гради изгледа многу убаво и привлечно, според мене. А на ептен големи гради изгледа одбивно и одма за таа личност имаш погрешно мислење. Јас лично, имам средни кон помали гради и никогаш не би носела ептен длабоко деколте. Како прво, нема да се чувствувам добро, а како второ незнам да се носам со тоа, ќе ми излезат надвор, гарант.
Моите гради се така баагички поголемки 95-тка и јас лично не би носела и не носам длабоко деколте дека ојдоја аут А за тоа како на некои им стои и кои што носат тоа е нивни избор ,но она вкусно и убаво деколте а не ептен што е отворено како во некои од погорните примери,така поприбрано ок ми изгледа. Како што кажав секој си има право на свој избор и што и како ќе си носи.
Па ова на сликиве кои си ги ставила е претеризам и ич не е вкусно, па и тие првите со деколте до пупак, тоа не е деколте туку порнографски изглед, контрадикторно ти е мислењето со сликите кои ти се допаѓаат, зашто и на нив им се градите како што кажа-на изволте . И не зборувавме за силикони и за курви, бугарски певаљки, туку дали ние би носеле деколте, ако е за силиконскиве ороспии, има многу за оговарање ама не би си губела зборови за нив Ова е "курвинско" деколте а ова на Елизабет Харли е веќе привлечно
Мене ми е глупо да се цитирам и да се расправам за деколте еј човече деколте, а не решавање на светската економска криза! А инаку кога сме веќе кај тоа јас ама баш никаде немам напишано дека не ми се допаѓа деколте туку да поедноставам дека не ми се допаѓа НЕ на сечии гради А и зборот курвинско го немам употребено сепак не секоја девојка со деколте е курва туку едноставно така се се допаѓа и така си се носи, многу е лошо луѓето да ги класираме според гардеробата