Средно длабоко деколте да, за кој си има што да покаже уфф јас гордо си носам, ама и за тоа си има одредена граница и степен до каде изгледа провокативно и привлечно а од каде вулгарно и пренападно. За мали гради самите девојки избегнуваат во принцип да носат зошто се отцртува големината на градите, а нели сите сакаат поголеми гради... повеќе познавам девојчиња што носат поголем број прслуци за да им изгледаат поголеми градите и покриени, отколку што ги изложуваат, што ми е многу невкусно истотака. Како и да е, ДА за деколте но на бујни гради и не предлабоко, туку со вкус. Мене па ми е невкусно опнала деколте, а ребрата напред и се познаваат.
Па јас не се ни расправав, не знам зошто помисли така Само ми падна чудно зашто длабоко деколте те потсеќа на бугарски певаљки а самата постираше слики од деколте кое ти се допаѓа а е голо до пупак И дека ме цитираше мене, а си напишала храброст во знак-наводници, малку двосмислено ми изгледаше Јас кога напишав мислев на пристојно деколте,а не на такво какво што наведе при цитирање (за да не бидам сфатена погрешно) Еј совршенство мое тејк ит изи цуцо А еве Памелче добра слика ставила, добра идеја за идните невести, кои планираат летово да прават свадба, можат ножот меѓу гради да си го стават па по секси да биде сечењето на тортата.
На мене искрено предлабоко деколте ми изгледа вулгарно и воопшто не ми е вкусно. А особено ако имаш поголеми гради и тогаш некако не изгледа баш убаво, барем според мене. И јас имам малку поголеми гради и никогаш не сум се носела со предлабоко деколте. Инаку се што е претерано не чини. Сосема малку е во ред, изгледа секси ама се помине ли границата на добриот вкус е веќе вулгарно и ефтино. Не ми е намерата никој да навредам, ова е само мое мислење . Сепак мислам дека подлабоко деколте стои на помали гради.
Знам понекогаш и јас да облечам нешто со длабоко деколте но сепак внимавам до каде.Да не е непристојно.Имам мали гради и не делувам многу нападно така. А за претерани деколтеа со големи гради не сум многу за,не изгледаат добро...
Се што е умерено и со вкус,е убаво,така и со деколтето. Ми се гади кога ќе видам баба на 50,60 год со деколте огромно,а такви верувајте има.И не е пријатно за очи Порано немаше шанса нешто да ми зирка,со мојата 85ка,а сега 80ка,и пак ми е што знам ,не ми се носи.Малку да,ама ептен длабоко не сум носела. Многумина ми велеле дека баш имам гради за деколте,и дека треба да носам,ама јас пуста не Еве и фустанот за свадба ме убедуваа да ми биде со длабоко деколте,јас не сакав ништо да зирка.Сум имала гради,а на другите им додавале за да изгледа корсетот полн Малку се сложивме,ама за мало деколте,другото се се прибра Вакво нешто ми се допаѓа ....
Jaс и деколтето сме непозната категорија Ем имам мали гради, ем никогаш не сум сакала големи и никогаш до сега не сум почуствувала желба за деколте. Секогаш сум за да покажам нога, грб, стомак веќе не е модерно а и добро е го немам стариот затегнат стомак ама деколте јок. Ама кај мене неќам деколте, ал кај други ако е со вкус зашто да не. А кај нас кога ќе се спомне деколте одма ти доаѓаат на видик огромни цицки, распуштени, во блуза 2 броја помала. Стандард од крајност во крајност се оди. Секогаш се загледувам ко муж некој во цури со средна големина на гради и деколте кое и одговара на нејзините гради. А за убаво деколте треба и убав градник, често ќе видам набрана чипка или градикот и е премал па ги дигнала во вис или и градникот оставила да се гледа . Секоја чест на девојките што знаат да носат деколте кое не изгледа вулгарно и пред се знаат да го носат тоа деколте.
За оваа вештачкава кукла нема што да се каже и деколтето дури и е ужасно башка дека силикони ужасна си е Иначе убаво е да носиш, убаво изгледа ама јас не би можела да носам несакам да бидам центар на внимание и несакам секој трет да ми зјапа во градите.
Во умерени граници деколтето изгледа секси и привлечно за сечии очи. Барем досега јас не сум сретнала некоја да се носи вулгарно со градите, познатите со друго дваесет. Јас немам предиспозиции за богато деколте едино ако не ставам потпунки, ама не планирам да си ги форсирам пошо секако сум задоволна од нивниот облик и големина. Знам да излезам и без прслак. Пример имам едно корсетче кое прилепено само на гради ми стои многу убаво. Исто имам блуза натресена кај деколтето шо баш фино ми изгледа без прслаче. Никогаш не сум изгледала вулгарно, ниту пак сум се чувствувала како сите погледи да мораат да бидат вперени во моите гради.
Имам иста ваква маи, само е сива на ситни риги. Ја носев синоќа, ама добро носев и прслоче и сега ми ѕиркаа малце нели, ама у граници на нормала. Ете и ја прв-пат носев маица со деколте.
Си носам.Имам што да покажам солидна дојка држам.Не дека ги вадам близначките до ресана , едноставно пристојно секси изгледа.Си носам и мислам дека одлично ми стои.И поддржувам само во случај кога не се граничи со вулгарност и ако вадиш барем убава цицка извади.Не некоја ХХY или вакви скраја да е,деформирани или свиснати недај боже. Значи ова никако !!! Ова да !
Не. Глупо ми изгледа, гледам една иде со длабоко деколте и сељачишта само таму гледаат. Ај некоја да беше да има што да покаже ама цела беше издеформирана
ич не ми се свиѓа длабоко деколте имам една пријателка абе да и испаднеа уште малку бевме собрани кај мене и сега мајка ми беше надвор не дека нема видено ама постар човек собери си ги па и како седнала за повеќе да и се видат мене она тогаш ми изгледаше како курва што нема друго и тоа го покажува за да ја забележат
Зависи за каде и какви гради имаш.Ако е за излегување може но не претерано деколте да ти излезат цели туку нормално каде се гледа нешто ама не се сепак тоа што е прикриено е поинтересно
Има кој знае што да покаже па изгледа убаво. Ама јас лично се чуствувам како криминал да правам ако ми се разголени градите.
па и јас носам блузи и мајци со деколте ама не ептен се да мии се виде..ок имам еден фустан и само 2 пати го имам носено и незгодно ми е да го носам на 14 годишна возраст со такво деколте не..мош понатаму ако ми се фака фустанот зошто да не??