Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.701
    Допаѓања:
    174.836
    Пол:
    Женски
    @koritsaki дехидрирана ми е скроз на скроз. А ништо не ставам. Повремено маска, гел и крема секој ден. Шминка не ми видело лицево со месеци.
    Ама веројатно само гел и крема не е доволно. Со крема имам проблем, 3 години само експериментирам не можам да најдам таква што ќе ми одговара.
    Ќе и дадам шанса на оваа на конопка, можда во комбинација со другото ќе се покаже подобра.

    Иначе уште ништо не ми е стасано за да сликнам, а нарачано е се минатата недела. Ради попустите се е задоцнето. Чекам валда денеска или утре евентуално... :?:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Повеќе од година ипол не користам пудра на лицето, ептен понекогаш само, ама на прсти се бројат тие неколку пати што сум ставила целосна шминка.
    Кожата ми е стана совршена, ептен ми е балансирана, немам воопшто масти, нити суви делови. Ни себум, ни бубуљици. Нежна и мека е на допир.
    Како што не се шминкам и не сум имала никакви проблеми, буквално не знам што да и ставам. Порано знаев, и фалеше хидратација, и требаше убаво чистење, знаев што да вклучам за да ја подобрам.
    Сега сакам нешто за супортивна нега, не сакам да ја гушам, да ја покривам. Само нешто минимално да ја оддржувам, на еден начин да и дадам "малку љубов".
    Некои предлози да не имате? Гледам најуходани сте тука.
    Таман пред 30ти сум, чисто и возраст да вклучам.
     
    На ☆P!nselsp!tze☆ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Искрено, ако немаш проблем или нешто што сакаш да го таргетираш, освен средство за миење, хидратантна крема и СПФ крема, друго ништо и не ти треба.

    @DAngel, пак јас. Се почувствував како воопшто да не ти помогнав, иако тоа што го напишав е вистината :D.

    Ако сакаш да вклучиш некој серум, можеш на пример да се пробаш со витамин Ц серум, наутро, пред кремите (ако ставаш и хидратантна и СПФ, иако ако ти е доволно можеш и само СПФ). Добар антиоксиданс е, помага за осветлување на кожата и дава дополнителна заштита на СПФ кремата.

    Негативни страни се тоа што ако се користи чистата форма на витамин Ц, полесно оксидира бидејќи е понестабилна. Има и серуми со деривати, кои се сметаат за постабилни, иако мислам дека само за 1-2 е познато дали функционираат со нивна конверзија во чист витамин Ц на кожата, за останатите не се знае баш. Така што, потешко е да се најде баш добар производ кој нема да оксидира до крај (да стане портокалово-црвен) пред да го дотрошиш, но постојат. Особено полесно ќе најдеш во странство.

    Витаминот Ц се смета за најефикасен во концентрации меѓу 10% и 20%, но во зависност од твојата толеранција, може да ти е прејако наеднаш да почнеш со толку, па би можела да го бараш во тоници/креми или да почнеш со пониска концентрација (5%, 10%) и постепено да градиш толеранција.

    Друга ваква неактивна состојка што можеш да ја користиш е хијалуронската киселина ако сакаш дополнителна хидратација (иако рече дека не се чувствуваш како да ти е потребна).

    Трета неактивна состојка ти е нијацинамид (витамин В3), кој е повеќе познат по својата инертност, односно дека му одговара на повеќето луѓе. Исто помага за осветлување на кожата, за обновување на кожната бариера и за регулирање на себумот кај луѓето со помрсна кожа.

    Кај мал дел од луѓето знае да се јави реакција - нафрлување бидејќи или се алергични на него или не можат да го поднесат во толку висока концентрација (серумите се претежно 10% нијацинамид). Истражувањата за придобивките на нијацинамид се направени за концентрации до 5%, така што ова користење од 10% не ни знаеме точно како делува. Сакам да кажам, можеш да го бараш нијацинамидот во тоници и креми (го има често во производите на CeraVe) и иако е во помала концентрација, пак ќе добиеш некои придобивки.

    Друго не ми доаѓа на ум што би можела да користиш. Останатите работи се однесуваат или на ексфолијација, или на избледување флеки (од акни или сонце) или на анти-ејџ. За флеките помагаат и витаминот Ц и нијацинамидот, иако во секој случај би фатило мнооооооооооооогу време, посветеност и дисциплина во нанесување за да имаш видливи резултати.
     
    Последна измена од модератор: 3 декември 2020
    На ☆P!nselsp!tze☆ и DAngel им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @pdb123 фала на трудот...
    Ама да, во право си... Најмногу грижа на совест почувствував што не правам ништо, ама и да... кога немам потреба... Не поправај нешто што е ок како што е :drunk:

    СПФ најмногу користам, ама сега и не излегувам преку ден оти до 5 работам, а во 5 веќе темно па ни тоа... Не чувствувам потреба за по дома да го ставам, днeвнa светлост не гледам...
    Дополнителна хидратација моментално ич не ми треба. Има периоди кога ми требала, знам како да препознаам и обична хидратантна крема ми помага. Сепак, просториите во кои престојувам имаат малку поголема влажност, па го нема ни она карактеристично затегање на кожата кое обично би ми се појавило во зима :D

    Чисто грижа на совест ме фати оти на стапалава повеќе внимание посветувам, де маска, де крема, де пилинг... Ко најбитен дел од телово да ми се :D Ама се реално дел кој страда оти ем многу одам ем не знам да одам. Овој период на wind-down го искористив и нив да ги "средам".

    Вала ти за трудот... Тоа ми беше воглавно дилемата, дали да уклучам хилајуронска или витамин Ц серум...
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Ова скроз го разбирам. Од колена надолу мислам дека никогаш нема да почувствувам несува кожа, преку цела година :D.

    Си дадов некое време да поекспериментирам со креми за стапала, само уште вазелин што немам пробано :D. Единствено што навистина ми ги прави стапалата „нормални“, како нови, е ова. Сум пробала уште еден бренд од dm со полжави, мислам дека ист резултат добив, само овој го памтам како прво нешто што сум го пробала. Од што ме нервираше да го чистам (ситното) лупено од чорапите (каква убава слика сега ви направив :D) си реков ај да пробам пак со креми, ама ништо не се споредува. Ама ќе се истрпи за еднаш месечно, и онака после лупење би ги одржувала стапалата со крема :angel:.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас едни полски чорапи овде пробав, од DM ги земав и мислам ептен поевтини се отколку парасофтин (300 и нешто беа?). Овие околу 160-170 денари наши, е овие и да, се излупи, се во ред.
    Е, за нега ми се погоди од Балеа кремата за стапала со уреа, ептен се чувствува дека ја омекнува кожата на стапалата, е оваа. Дури пилингот последен пат го имам некаде во август котистено, и еве тек сега пак, пред некој ден, ама кремата на балеа е за тоа крива.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.701
    Допаѓања:
    174.836
    Пол:
    Женски
    Сум направила грешка изгледа кај тоникот. Не е водест како што очекував туку е како крема. Вака има фина многу лесна текстура. Го пробав одма многу ми се свиѓа. :wasntme:

    Сеа да ме посочите како да го комбинирам. Ако хијалурон оди на влажна кожа ова нема да ми заврши работа. Да земам тоник што е течен, за на утро да го комбинирам со хијалурон, а за вечер да го оставам овој пред витамин Ц? Или како поинаку би можела да комбинирам.. :?:
     
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Ако има погуста текстура од серумите, може да оди после нив. Ако ти одговара, нема потреба да купуваш нов тоник, продолжи со истиот. И општо, тониците не се неопходни, можеш и воопшто да не користиш тоник.
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.701
    Допаѓања:
    174.836
    Пол:
    Женски
    ОК.. Само те молам кажи ми до детал, оти навистина не се разбирам, цело време користам само гел за миење и крема.
    Кога во овој случај да користам хијалурон? Веднаш после миење со гел? Да не тапкам лице со пешкир? После хијалурон да чекам да се исуши за да продолжам со другото?
     
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Хијалуронската киселина можеш да ја користиш еднаш дневно (било која) или и наутро и навечер. Во зависност од тоа кога и колку сметаш дека ќе ти треба, тогаш ќе ја користиш. Мислам дека рече дека имаш мрсна или комбинирана кожа, така што веројатно еднаш дневно ќе ти е доволно. Ако мислиш дека навечер ти се суши повеќе лицето, ставај ја навечер и обратно. Можеш да ја користиш секој ден, можеш да ја користиш и само по потреба.

    Најпрактично ти е да го ставаш по миењето со гел, бидејќи веќе ти е влажна кожата, иако можеш да ја ставаш и после (лесен, течен) тоник, без да чекаш да ти се исуши целосно лицето. Ако ја ставаш после гелот, да, ќе го истапкаш лицето, да не ти тече вода по него, бидејќи така само ќе измешаш сè со водата и нема рамномерно да нанесеш. Значи малку влажна, како после бањање кога ќе излезеш, и да се бришеш со крпа, не ти е скроз сува кожата, пак се чувствува влажност, додека скроз не испари водата од кожата и тогаш е скроз сува. На тоа се мисли кога се вели влажна. Со тапкање со крпа дури и ќе ти е повлажно лицето од тоа, но нема да ти е водено, капки вода да ти течат.
     
    На dayla и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.701
    Допаѓања:
    174.836
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу :f:
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.006
    Допаѓања:
    40.319
    Пол:
    Женски
    Досега не сум имала некои сериозни проблеми со кожата и никогаш не сум имала никаква рутина. Во последнице месеци што од маскице, стрес и слично почнав да имам проблеми особено со брадата и вратот. А и годинките си ги имам па сега се обидувам да вметнам рутина.
    Инаку имам комбинирана кожа со прилично масна т зона.

    Засега ваква ми е рутината
    Наутро
    - Алверде пена за лице со јаболко и лимета 3 во 1
    - ниацинамид
    - хидратантна крема од гарние limegrass
    - кога сум дома ништо/кога сум на работа ставам моментално бб крема на гарние ама само на горниот дел од лицето (чело,очи)

    Попладне
    - мицеларна вода на алверде со зелено јаболко и лимета
    - Алверде пена за лице со јаболко и лимета 3 во 1
    - спрејот на новекспер трио-цинк
    - хидратантна крема гарние limegrass

    Хидратантната крема на гарние да ја дотрошам и ќе ја заменам со конопка калминг.

    Прашањето ми е, бидејќи пената е 3 во 1 со тонирачки ефект дали има потреба да вметнувам тоник или и наутро да го ставам спрејот новексперт?
    Дали има некоја убава бб крема со спф фактор за да не купувам посебно спф, па дополнително да ставам и бб крема или пудра?
    Навечер откако ќе ја стабилизирам оваа рутина исто така планирам да воведам серум салицинска киселина преку еден ден.
    Исто така нарачав комплет од белина кој содржи и пептиди. Која е функцијата на овој серум и дали да го вметнувам во рутина или да го одложам.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Тониците имаат претежно хидрирачка улога или содржат други состојки (нијацинамид, ексфолијациски киселини итн - не мора овие состојки да ги има само во серуми) и мене лично не ми е јасно што треба да значи дека некој производ ја тонира кожата (не е забелешка кон тебе, знам дека го пишува тоа на производи). Нејсе, тоник ти е потребен само ако ти лично уживаш во него или чувствуваш некоја придобивка од него, инаку не е воопшто неопходен за рутина.

    СПФ што е напишан на одреден производ се постигнува само ако се стави доволна количина од тој производ. Така на пример, ако на кремата пишува дека факторот е 30, но ти ставиш тенок слој, нема заштитата да ти е 30 туку, да речеме 15. Затоа и кога ставаш шминка со СПФ, не го постигнуваш тој фактор, бидејќи не нанесуваш доволно дебел слој. Поради оваа причина се препорачува да се има посебна СПФ крема која ќе се става во поголема количина и над неа да се става шминка. Види овде како би изгледало кога би нанесувала пудра (знам дека ББ крема не е исто со пудра, ова колку за споредба) колку што е неопходно за да се постигне факторот (можеш да видиш претходно колку треба да нанесуваш од СПФ кремата).

    Не знам за кој серум зборуваш, но пептидите теоретски служат за затегнување, обновување и смирување на кожата. Велам теоретски, бидејќи сè уште не е со сигурност утврдено дали пептидите кои ги има во производите за нега на кожа и ги нанесуваме екстерно на кожата можат да го постигнат тој ефект и ако да, колкав е тој ефект. Со знаењето што се има сега, се сметаат за добри состојки за хидратација на кожата.
     
    Последна измена: 6 декември 2020
    На koritsaki и Ano им се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.006
    Допаѓања:
    40.319
    Пол:
    Женски
    Благодарам за исцрпниот одговор.
    Сакам да постигнам некоја рамнотежа помеѓу продуктите што ги користам, а сепак да не е премногу.

    За спф убаво објаснува видеото. Сепак ќе земам посебно крема со спф фактор.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Како да забележам дали кожата ми е дехидрирана? Наутро особено ми е мрсна Т зоната, а преку ден од пудра знаат лушпи да ми се направат :drunk:. Темава со секојдневна нега на кожа ми е шпанско село. Можам да кажан дека редовно не користам ништо, освен активен кислород што се прскам во текот на денот и забележувам дека повеќе немам црнки на носот (што до сега имав). Инаку би рекла дека имам комбинирана кожа, Т зона мрсна, лицето суво. Немам типични акни, но челото ми е цело тумби румби, онакви како бубуљички без бело. Мицеларна вода оливал земав, ми го мрси лицето уште толку, црвенилото на челото ми се истакнува. Би земала некој гел за наутро (или подобро е пена? ) и крема морам да почнам да користам, некој со слична кожа како мене, препораки? Да е со приступачна цена. Инаку имам 26 години.
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    Најдобро ти е пена, јас ја имам користено пената за лице на Балеа таа со алое, одлична е. Не е скапа околу 170 денари мислам.
    Да ги избегнуваш производите што го сушат лицето. И јас имам таква кожа и сега плус со хијалуронскава некако ми се среди лицето. Делот кај челото околу веѓите ми се лупеше мене. Крема секако да почнеш да користиш. Многу се убави на Натура сиберика , таа Софора јапоника можеш да ја пробаш. Цената и е околу 500-600 денари, имаат и дневна и ноќна. По миењето на лицето да користиш и тоник, пред крема да нанесеш.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Да, и мене таму највеќе ми се лупи кожата. Тоник некој да ми препорачаш што си користела, штом имаме слична кожа? Фала ти многу :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    [​IMG]
    Јас овој го користам и многу сум задоволна, најважно е да земеш некој што нема алкохол. Прашај во Белина случајно дали го донеле :)
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Мојата рутина

    Наутро:
    Пена за миење лице Olival
    Тоник од роза Konopka's
    Серум со хијалуронска киселина True Alchemy
    Крем за околу очи Pumpkin Organique
    Дневна крема за лице од роза Alverde

    Навечер:
    Мицеларна вода Olival (доколу имам шминка)
    Пена за миење лице Olival
    Тоник од роза Konopka's
    Серум со витамин Ц True Alchemy
    Крем за околу очи Pumpkin Organique
    Ноќен крем за лице од роза Alverde

    Еднаш неделно пилинг и маска, кои ги менувам или дома ги подготвувам.
    Имам комбинирана кожа и често ги менувам кремите, за зимно време ми одговараат вакви похранливи како роза на Алверде, но чекам да ги довршам и следна ми е Calming од Konopka's. 131295354_142961230922399_7129876927370878048_n.jpg
     
    На dayla, koritsaki, eva993 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може да препорачате рутина за трудници, некоја природна козметика, а сепак да биде on a budget?