Natura siberica, Dr.Konopka, Алверде , јас овие ги користев за време на бременоста. Каква кожа имаш? И возраст?
Од Натура сиберика за 30+ се овие креми дневна и ноќна , јас сум презадоволна ја користам дневната. Околу 600 денари е една. Потоа можеш и оваа да ја пробаш , може и дење и ноќе да се користи , јас лично ја немам пробано а на форумов често пишуваат за неа Вторава треба да е нешто поевтина. Од истиве линии имаш креми за очи , серуми со добар состав се сите.
Во последниве неколку месеци почнав повеќе внимание да му посветувам на лицето. Претходно користев влажни марамици за отстранување шминка...па сега вие проценете каква рутина сум имала Наутро: Bioderma Sebium Gel Moussant Revox Just 20% Vitamin C Antioxidant Serum Clinique All About Eyes Rich Bioderma Sebium Global или Sebium pore refiner PhytoCode Cordyceps and Salvia Face Cream, SPF Навечер: Bioderma Sebium мицерална вода Bioderma Sebium Gel Moussant Pixi Glow Tonic (два-три пати неделно) Biotherm Aquasource Eye Revitalizer Bioderma Sebium Global или Sebium pore refiner Нешто да додадам или да сменам?
За да ја отстранам шминката потребни ми се 7-8 памучиња. Нормално е тоа? На инста стори чистат со едно пампуче цело лице. Чистам прво со маслен чистач на Алверде па мицерална вода на Нивеа. До вчера со влажни марамици отстранував шминка па ова ми е нова почетничка рутина. А од шминка имам течна пудра и маскара на лицето, понекогаш моливче за очи и сенка.
Јас ако имам фул шминка трошам 5 и потоа секако со гел го мијам лицето. Ако чистиш прво со маслен чистач и не ти извади 80% од шминката значи не е добар или не посветуваш доволно внимание за убаво да измасираш додека се растопи.
Колку капки да ставам на пампучето? Пишува неколку ама не е доволно. И пампучето ми се распаѓа имам евелин или ебелин нз како е точно од дм. Можеби се е до чистачот, ќе пробам со друг.
Јас пред некој ден купив вакво, као на промо цена беше, 399 мкд. Имам комбинирана кожа, воглавно мрсна. Мислев ќе ми се реши проблемот. Се зафркнав. Кога ќе се измијам е океј. За саат време - мрсно ЦЕЛО лице! Многу се нервирам. Некој има искуство со овој производ?
Маслените чистачи се ставаат дирекно на дланките и се масира додека не се растопи потполно шминката. Потоа се мие лицето со вода. Потоа се мие со гел кој ќе го отстрани мрсниот финиш. Ти бидејќи имаш мицеларна вода пробај со неа стави на туфери и пројди. На крај само исплакни со вода.
За масна кожа е гелот во зелено пакување од линијата Dermopure. Го користам долго време и навистина е одличен. Едно пакување ми трае многу долго бидејќи е 400 ml. И многу е важно што користиш за нега на лицето по измивање со гелот. Не може да очекуваш само со гел да го миеш лицето, а потоа ништо да не користиш и да се регулира лачењето на себум.
Со кој и да било производ да се измиеш , ако потоа не го хидрираш лицето со тоник па серум и крема , џабе што го миеш. Така најбрзо се масти лицето. Ај серум не мора, ама крема хидратантна мораш да нанесуваш
Здраво феминки. Имам 18 години и имам многу чисто лице. Сакам да ве прашам каква нега се препорачува за мојата возраст. До сега сум го миела лицето само со гел или сапун и ставам хидратантна крема од бекутан или зјаја. Сега почнав и тоник да ставам. Страв ми е да почнале слободните радикали да работат откако наполнив 18, од генерација има многу што ги знам а изгледаат повозрасно. Ваши мислења ако може. Фала однапред.
Не почнуваат да работат слободните радикали, туку тие се создаваат дел од природните процеси на телото, дел од пушење, дел од загадување, но најмногу од сонцето. Така што, ако ти е важно да превенираш брчки - евентуално ќе се појават, невозможно е да ги нема, но можеш да го „забавиш" нивното појавување или барем да спречиш да изгледаат толку длабоки со тек на времето - неопходна ти е СПФ крема секој ден, преку цела година (сончевите зраци УВА кои го предизвикуваат оштетувањето/стареењето на кожата се присутни преку цела година, дури и кога не е сончево, но не можеш да ги почувствуваш, за разлика од УВБ зраците кои се доминантни во лето - од нив гориш). Со редовно и секојдневно користење на СПФ крема спречуваш и други пропратни естетски проблеми како флеки (флеките што ги гледаш кај старите не се резултат на самата возраст, туку резултат на долгогодишна изложеност на сонце). Патем, потемнувањето е исто знак на оштетување на кожата, така што треба да се избегнува сончање. Важно е да се напомене дека количината на СПФ крема што ја користиш е важна, затоа што тестирањето кое покажува колку штити една СПФ крема се извршува за одредена нанесена количина на СПФ кремата. На пример, да речеме дека користиш крема со фактор 50, но нанесуваш половина од потребната количина; тогаш веројатно е дека ќе ја добиеш и половина од заштитата, т.е. би било исто како да си нанела крема со фактор од 25. Колку количина тогаш треба да нанесуваш? Половина лажица за лице + врат, или тоа е приближно 2 цели прсти крема (подебели линии, не тенки). Кога ќе пробаш вака, ќе забележиш дека ставаш многу повеќе отколку што би ставила доколку се водиш по „осет", и така треба да е. За жал, СПФ кремите имаат репутација дека се тешки, мрсни и оставаат бели траги, но во последно се работи на сѐ подобри и подобри формули, па стануваат полесни. Водоотпорните креми се генерално помрсни и потешки, но се подобри доколку се потиш често или доколку си на базен/плажа. Физичките/минералните креми (на база на цинк оксид и титаниум диоксид) оставаат повеќе бели траги отколку хемиските/органските, но повеќе се препорачуваат за почувствителна кожа (особено околу очите), иако не мора да значи дека хемиска/органска крема би ти сметала (органска доаѓа од поделбата на хемијата на органска и неорганска, не на природната козметика). Исто така, ако знаеш дека подолго време ќе си изложена на сонце и се потиш/бањаш итн, треба редовно да реаплицираш (на секои 2 часа), затоа што се уништува „филмот" на кремата и се намалува заштитата. Сепак, ако си намачкана со СПФ крема не значи дека сега слободно можеш да лежиш на сонце, затоа што ниедна не штити 100%, а и како што кажав, се разградува со тек на време. Затоа се препорачува пред сѐ да се избегнува директна изложеност и да се користи облека за заштита (шешир/капа, очила за сонце (овие ќе ти го намалат и замижувањето со очите чиешто повторување допринесува до појава на брчки околу очите) итн). Резултати не можеш директно да видиш, затоа што не може да се измере спречената штета од сонцето, туку можеби по долги години кога би се споредувала со врсници кои водат сличен живот ко тебе (исхрана, пушење/непушење итн), би можела да увидиш колку значела оваа заштита. Важно е исто така дека ова оштетување од сонцето е кумулативно, т.е. постепено се собира и иако не гледаш моментално некој проблем, по 10, 20 години ќе се покаже штетата. Затоа е и толку тешко да прифати човек дека е вистина, бидејќи не е лесно и инстантно видливо. Се разбира, зависи и генетиката, но не толку многу колку изложеноста и заштитата од сонце. За да видиш резултати, би требало да е можно да се видиш себеси по 20 години со и без користење на СПФ крема, па да се увериш дека навистина таа ја направила разликата. Со оглед на тоа што ова е невозможно, останува само да веруваш дека е така како што се вели. Производи што се навистина неопходни се: чистач, хидратантна и СПФ крема. Ако немаш нешто друго што сакаш да го „коригираш" на лицето, не ти ни треба ништо повеќе.
Ти благодарам многу. Ќе имам предвид. Но, дали ќе може совет за спф крема и на кој начин да ја аплицирам затоа што 70% од времето кога сум излезена ставам пудра. Оваа моментално што ја користам е maybeline fit me и мислам дека нема СПФ. Дали да ставам под пудрата заштитна крема или најдобро да си купам пудра со СПФ? Инаку фала за советот од сега кога ќе излегувам обазевно СПФ ќе ставам.
Најдобро ти е крема со спф50, почекај некоја мин да се впие и стави пудра. Во пудрите има многу малку спф, а немаш потреба од додатна крема.
Под пудрата треба да ставаш СПФ крема. Пудра со СПФ, макар и факторот бил 50 не е доволно. Зошто? Наврати се на делот за количината - ти толку пудра никогаш нема да ставиш (половина лажица). Има еден куп примери на интернет кои покажуваат како би изгледала доколку количински би ставила толку пудра колку што треба за да се постигне факторот кој е наведен на пакувањето. Хијалуронската киселина служи за хидратација, исто како и глицеринот на пример, а привремениот „напумпувачки" ефект што го дава е само плус. Затоа и се рекламира за повозрасни жени, за да им даде привремен изглед на подобрени брчки. Велам се рекламира така, но во суштина секој од секоја возраст може да ја користи хијалуронската киселина. Разликата е што тебе само ќе ти ја освежи/хидрира кожата и нема да видиш никаква разлика надвор од тоа, затоа што немаш брчки што привремено би ги „пополнила" за разлика од повозрасна личност. Ако сметаш дека ти недостига хидратација, може да ја користиш. Ако мислиш дека ќе спречиш да ти се појават брчки - не го прави тоа киселината. Единствено нешто што „спречува" е СПФ кремата.