Сабајлечка рутина: гел за миење лице, тоник, СПФ .. па се друго. Ноќна рутина: маслен чистач, гел, тоник, крем за хидратација. Но за пори нема спас..
Moze da mi kazes kako da stavam SPF? Vednas polse cistenje, i posle toa hidratacija? I dali ednas koga ke go stavam e dovolno za cel den poso stanuva zbor za spf 50
После чистење хидратација навечер. А утрински после чистење СПФ, па декоративна козметика ( ББ крем или пудра, зависи ).
Kaко правилно да ја припремам кожата пред да ставам течна пудра? Никогаш лицето не ми изгледа мазно и глатко, туку како суво насобрано, со лушпи. А користам пудри наменети за мојата кожа секогаш, не е до тоа проблемот. Моментално и се вратив на катрис хд, да ја дотрошам. Имам иначе комбинирано, мрсно лице. Каков прајмер/крема да користам за да добијам убав, мазен изглед откако ке ја нанесам пудрата?
Зависи со што го миеш лицето и дали користиш крема и каква? Иако имаш масна кожа треба да не користиш агресивни производи да не ти го пресушуваат лицето. Јас би ти препорачала и хијалуронска киселина да користиш доколку не ставаш на лицето
Не го мијам со ништо конкретно, тоа е проблемот. Единствено го чистам со балеа мицерална и бебешки сапун. Лицето ми е океј вака, чисто е, немам акни и затоа не сум користела ништо посебно.
@christinnn мораш прво да го измиеш лицето. А бебешкиот сапун ја суши кожата , поготово ако го користиш тој со белата опаковка и бебето на неа , и јас тој порано го користев. Геловите ја сушат кожата најчесто , па можеш да си земеш пена. А доколку сакаш гел , можеш овој. Еве овие две работи би ти ги препорачала По миењето на лицето , наместо мицерална вода , можеш да користиш тоник за лице , јас би ти го препорачала тој на Др.Конопка со лаванда. И по тоа доколку сакаш можеш хијалуронска да користиш , доколку не , може и само крема.
Zdravo devojki nova sum ovde pa bi sakala da pocnam so koristenje na nekoi proizvodi potocno za prosireni pori mi e najveke. Nemam mnogu problematicno lice tuk tam nekoe mozolce ako izleze mnogu retko. Imam mrsna i kombinirana koza osobeno mi se mrse mnogu vo predelot kaj celoto i nosot pa sakam vase mislenje dali e dobra rutinava sama si ja sklopiv nekako AM: Mienje lice so pena Hijaluronska kiselina na vlazno lice Niacinamid Spf 30 PM: Mienje lice Hijaluronska kiselina x2 vo nedelata Glicerinski serum za lice Hidratanten krem BHA Hijaluronska kiselina x3 vo nedelata Hidratanten krem AHA Lactic Acid x2 vo nedelata Hidratanten krem E sega sakam da stavam i od caffeine 5% ama ne znam kako dali pred drugite kiselini ili posle
Го има некоја користено кремот со каламин на True Alchemy? Имам некои црвенила на лицето кои не ми се повлекуваат со серумот со витамин Ц, па ја зедов кремата со каламин. Кога да ја вметнам, наутро или навечер? И дали се става пред ноќниот крем наместо серум?
Абе... убо стареење нема... Не мислам дека поубо изгледам од нив. Налет то, се испокарав со ќерка ми (15) отко и' реков дека толку мачкање хемикалии не чини.
Мачкам нивеа ко ќе ми е 'суво'. На раце посебно шлапам... ич неќам да ми 'шушка' кожата. Грозно ми е.
Хемикалии се.. не можи туку-така да мачкаш што ќе ти текни. Да е во консултација со дерматолог, ајде-де.. макар и во нив не вервам, судејќи по тоа кога сум имала кожни проблеми, ништо не ми помогнало што ми имаат препорачано. Кожата е најголем апсорбент на телото. На пример, не ми е јасно, зошто сакате да немате пори на лицето? Мора да имаш пори, како ќе диши иначе кожата?
Личен избор, меѓутоа во право си скроз. Ајде да ти излезе нешто, па да го третираш, дури и претерана употреба на сапун е штетна. Обично жени кои претерано го третираат лицето, некако брзо им старее, па после боцни се за ова, за она... Вода и хидратантка крема е доволно, според мене.