Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Сакаме да ја намалиме нивната видливост. Да ги снема секако не e возможно. For esetetic reasons.

    И спф обавезно :)
     
    На NovusOrdoSeclorum и Elence93 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Се осгласувам (y)
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Сигурна сум дека само си одбрала лош термин, затоа што знам дека го знаеш значењето на зборот хемикалија; сама ја имаш направено поентата дека сѐ е хемикалија :D. Веројатно мислеше на „лоша" хемикалија и сигурна сум дека и ова го знаеш и дека си го споменила некаде: the dose makes the poison. Исто така, важно е дали се мисли за топично нанесување, орално внесување, вдишување итн. По таа логика, сѐ е потенцијално лоша хемикалија. Во секој случај, поради тоа постојат стандарди и ограничувања што, колку и за што може да се користи. Безбедноста е ставена на прво место и нелегално е да се продаваат небезбедни производи; мора да ги задоволуваат критериумите за безбедност.

    Се разбира, може да се каже дека неправилната употреба од страна на потрошувачот индиректно го зголемува потенцијалот за штета за одредени производи кои се наменети за „појаки" реакции со кожата. Исто така, менува и личниот фактор, т.е. не секоја кожа реагира исто на исти производи, па некогаш се јавуваат несакани реакции. Тоа не значи дека се небезбедни.
    Добро, ова е субјективно искуство, кое секако влијае врз тоа како размислуваш. Верувам дека е истата причина зошто луѓето губат верба во традиционалната и се насочуваат кон алтернативната медицина. Но, веројатно и сама знаеш дека успехот зависи од многу фактори: стручноста на конкретната личност, твоето придржување до кажаното, трпението да ги видиш резултатите (за некои работи се потребни месеци), како и гореспоменатиот фактор на индивидуални толеранции и реакции на твојата кожа кон различни супстанци.
    Не баш. Кожата е таа што нѐ заштитува од надворешната средина, создадена е тешко да пропушта материи. Замисли што би се случило доколку апсорбираше така лесно. Всушност, само мал дел од супстанците можат да навлезат навистина длабоко во кожата, дури и кога сакаме да се случи тоа. Затоа и имаме потреба од инјекции; во спротивно доволно ќе беше само да се намачкаме и сѐ да се впие. Дури и ако навлезе некоја супстанца длабоко во кожата, дури и во крвта, тоа не мора да значи ништо, затоа што може да не нанесува никаква штета на организмот (во таа доза) и едноставно се исфрлува од него.
    Порите на кожата имаат екскреторна улога (себум, пот итн), но не овозможуваат дишење на кожата, такво нешто не постои. Дури и најоклузивната состојка - вазелинот - не може да ја „затвори" кожата и повторно настанува испарување на вода од неа, само во помала количина (што е пожелно кај луѓе со сува кожа). Што се однесува до желбата за непостоење на порите (што е нели нереална), како што кажа членката погоре, се работи повеќе за естетски причини.

    Разбирам и ти ја почитувам желбата за минимализам. Вистината е дека за непроблематична кожа неопходни за нејзино одржување се само:
    - чистач (за отстранување на нечистотиите; сапунот може да е во ред, но често ја суши кожата на лицето отстранувајќи ги и природните масла на лицето, што не го сакаш - тоа е она squeaky clean чувство)
    - хидратантна крема која ќе ја хидрира кожата и ќе спречува нејзино сушење
    - СПФ крема која ќе ја заштитува од сончевите зраци преку целата година (и во зима, и кога е дождливо). Всушност, најголемиот фактор (околу 80%) за стареењето на кожата се сончевите зраци. Останатото е генетика и начин на живот (исхрана, сон, спортување итн). Пиењето вода само по себе нема никое посебно и прочистувачко влијание на кожата надвор од тоа дека е добра за процесите на целото тело, но не ја таргетира конкретно самата кожа, ниту влијае на нејзината хидратација. Затоа и е неопходно топично да нанесуваш производи.

    Надвор од овие три чекори, сѐ останато е опционално и технички „непотребно", но не мора да значи дека не би било корисно за таргетирање на конкретни „проблеми" како хиперпигментација, изедначување на тен, намалување на знаците на стареење итн.
     
    Последна измена: 23 април 2021
    На AlicaInWonderland, DoubleK, lawlady и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    179.147
    @pdb123 без намера да едуцирам и убедувам некого, и со сета почит кон тебе, 2 работи
    Прво- се надевам ја имате најдено и испринтано листата со небезбедни хемикалии од Биодевојка.
    Второ- ако не е докажано што беља праи, не значи дека е безбедно. Помалку е подобро. :)
    Знам дека си студиозна девојка, на шопинг со список што е ноу ноу.
    https://cosmeticsinfo.org/ingredient/polytetrafluoroethylene
    https://chemsec.org/the-worlds-biggest-cosmetics-brands-say-no-to-pfcs/
    https://www.cosmeticsdesign.com/Art...-cosmetics-may-lead-to-thyroid-problems-study

    Извинете на оф топик.
     
    На Annath и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  5. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Тоа во живот немам ставено, орахово масло ставам да спржи уште појше.
    Накај 40 терам, ни брчка, ни бора, ни нешто страшно. :)
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    А бе ако сакате и не го миете лицето, само не ја разбирам поентата на коментариве. Ако имате добронамерни совети ок, нема потреба од иронични коментари. Муабетов Користам што сакам и лицето ми е стакло. Браво за вас и вашите гени, што да ви кажам. На крајот на краиштата нема ни да дознаеме дали некој навистина има чисто лице и изгледа 10 год помладо со користење само Бекутан. Само не знам која е потребата воопшто да се коментира тоа.
     
    На do-re-mi, Emy867, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.210
    Пол:
    Женски
    Мислам дека беше доволно со офтопиците. Сте си кажале мислење и тоа е тоа, да се вратиме на темата со споделување конкретни совети околу продуктите кои се користат наутро/навечер.

    А ако ви се дискутира за ова или за нешто слично, слободно пишете ми порака и ќе се договориме да отвориме некоја посоодветна тема зашто на ваква дискусија секако местото не и е тука.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.936
    Женски дали ми е ок вака:
    Наутро:

    1. Тоник
    2. Хада Лабо хидратор
    3. Вит Ц
    4. Хада Лабо серум
    5. Крема за лице (моментално ББ кремата на Натура Сиберика ја користам како крема)
    6. СПФ фактор (моментално на Биодерма, конечно една што не ме нервира)

    Навечер
    1. Тоник
    2. Ниацинамид 10%
    3. Хада Лабо хидратор
    4. True Alchemy Acids (Azelaic, AHAs, BHA)
    5. Хиалуронски серум + серум од роза
    6. Хада лабо крема


    Нешто плус, минус?
    @Mishela @Doozy ?
     
    На Doozy и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.210
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа добро, имаш доволно хидратантни серуми и тоници и мене ми личи дека ќе ти годи. Е само не сум употребувала серуми со азелаична досега, па @Doozy ќе оставам да каже, знам дека она беше задоволна па нека фрли поглед. :bandit:
     
    На Doozy и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Каме, навечер прво хидраторот па ниацинамидот, а азелаичната можеш и врз кремата. Многу убаво изедначува тен, ме бендиса мене азелаикот.

    Патем, немаш потреба во една иста вечер и ниацинамид и азелаична и киселиниве.

    Ротирај ги, т.е. распореди ги во 3 различни вечери. Еднаш киселините, еднаш ниацинамид, еднаш азелаична, плус задолжителна хидратација.

    И пробај го тоникот на Пурито, тој зелениот со центела, ќе те радува ептен.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.936
    Ама киселините се еден производ :D
    https://www.bellina.mk/p/672/active...iling-od-kiselini-100-ml?category=recommended

    Ај ќе ги ротирам преку еден ден со ниацинамидот.

    А Пурито каде имаше?

    На ниацинамидот иначе пишуваше да се става пред серуми, е хидраторот технички не е серум, ама сепак е хиалурон, затоа прво ниацинамид ставив.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Да да, знам дека се еден продукт. Сепак е јак продукт, ставај го настрана од овие другиве :D

    Ти ептен јако си влегла со продуктиве, ќе сијаш :angel:

    Ја Пурито од bebehome си ги зимам, топ ми се погодија. На @Mishela не и' легнаа баш, многу е индивидуално, да знаеш. И Хада Лабо хидраторот ти е топ секако, јас тоа не го мењам веќе 2 години :wasntme:
     
    На CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.210
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека се еден серум. Јас би ти рекла да си пробуваш комбинации, па да видиш како највеќе ќе ти се свиѓа. Ама ако нема потреба, или ако не гледаш некаква потреба или ефект, ставај преку ден, два-три пати неделно и слично.
    Мене кога ми испаѓаат акни, ставам почесто салицилна и нијацинамид. Кога немам акни, гликолен тоник ама како ми текне - некогаш преку ден, некогаш секој ден. Немам некоја "шема", си велам go with the flow. :tmi:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Ти фали нешто за чистење (миење) на лицето. Гел, пена...:?:
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.936
    Чистам лице, со Neutrogena Blackhead или со Nivea Micellair :)

    Ок, преку еден ден ќе мењам ниацинамид и киселиниве.

    А Хада Лабо сите три ми се препогодени, хидраторот, серумот и кремата, тие не се наменски ден/ноќ, а се предобри за сувкаста кожа како мојава :D
     
    На Aztec и Doozy им се допаѓа ова.
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    @CameliaMiller nautro mienje na liceto so pena/ gel soodvetna ma tipot na koza, a navecer dvojno cistenje so maslen odstranuvac ili miceralna voda, pa potoa pak mienje na liceto so pena ili gel , ova e zadolzitelno osobeno ako imas preku denta sminka i spf.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.936
    Па двата гела се соодветни за миење на мојот тип на кожа :)

    Наведов два тоника, двата ги користам пред другото, а мицеларна кога носам шминка, што не носам речиси никогаш преку ден :)

    Не го напишав тој дел оти мислев се подразбира, дека прво чистам шминка, па мијам лице, исто и дека секако мијам лице сабајле. Пени не сакам, геловиве ми се ептен погодени и двата, а мицеларна до сега со години Нивеа црната ја користам, незаменлива ми е.

    Него, кога веќе користам маски за лице (секогаш се лист маски, 99% корејски) дали да продолжам со нормална рутина?

    Обично ставам само крема отпосле, а маската после тоник.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    Mies lice, pa maska, dokolku e list maskata ne se tonira liceto, prodolzuvas so serumi i krema.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.936
    Ок, ама и киселини ставам или не?
    Бидејќи сите лист маски ми се со серум, лицево не ми баш суво отпосле. Значи иако сум ставила маска, еве Хада Лабо, после продолжувам со ниацинамид/киселина + серуми + крема?
     
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    Jas si prodolzuvam so site serumi sto gi koristam iako vo maskite ima serum :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.