Не знам дали јас сум единствената што не и помогнала рутината на Магнолија? Точно 3 месеци терав со производите што ми ги препорача и тоа беше залудно потрошено време и пари, буквално кожата не ми мрдна ни најмала разлика не видов, а буџетот беше +4000 мкд,што не е малку(многу ми беше смешно еднашка што објавува девојката сториња за штетни состојки кои алкохоли силикони итн итн, после неколку саати прави рецензија за некоја бб крема дали беше или нешто друго, отварам состав и буквално ги читам состојките што предходно рече дека се штетни, секоја чест на Магнолија едуцирана е се труди со постовите но мислам дека може пред да рекламира нешто што е спонзорирана да прочита уствари што содржи и што рекламира) Anyways после тоа ве читав тука се 'едуцирав' кои производи и состојки за што се, што мене ми треба на мојава кожа и склопив некоја си рутина па еве после 2 месеци гледам значителна разлика па си викам каква Магнолија какви бакрачи сум можела и самата да се опраам, кожава ми е 100 пати пожива, хидратирана и почиста одколку со рутината на Магнолија. Рутината ми е следна Наутро: Bioderma Себиум Гел Florence eye cream Olival Витамин Ц Серум Bioderma Глобал (мислам дека најголема разлика ми дојде од кремчево во однос на акните, буквално се направи на кожата за што пишуваше дека е) Bioderma Photoderm AKN Mat SPF 30 Навечер: Olival мицеларна вода Bioderma Себиум Гел Florence eye cream True Alchemy салицилинска киселина 3 пати неделно La Roche-Posay Effaclar Duo (+)
Хелп. јас сум 31 година со комбинирана кожа - многу црнки на носот и мешавина кожа. што би ми препорачале дневна / ноќна рутина со оглед што почнуваат да ми се јавуваат бори посебно на челото? серуми, кремови , спф и пилинзи/маски? туку купувам ама ми се чини од незнаење што како кога- немам резултати
Гел за миење на лице, тоник (може, ама и не мора), серум со салицилна киселина, серум со ретиноиди, ноќен крем со anti-age дејство и крем со заштитен фактор. Ова отприлика. Кои производи ги употребуваш сега?
Моментално е вака- 1. Наутро мијам со пена за лице или само еден тупфер со тоник Јанг Дерм 2 . Витмин ц од Др.Витон 3.Крем за околу очи Anew AVON 4.Гел крем за комбинирана АВОН 5. спф La posay 50 faktor Навечер- 1. Чистам со мицеларна шминка - ( многу носам шминка, по 10,12 часа на ден за на работа и општо се шминкам ) 2. Пена за лице или гел со гранули 3. Млеко за лице 4.Тоник за лице 5. Крем за околу очи Anew AVON 6. Ноќен крем Балеа СО Q 10 и користам маслен серум АВОН, РЕВУЕЛЕ со ретинол, РЕТИНОЛ серум АВОН, ПЕПТИДИ авон, ги менувам секој ден. со салицилна незнам на приме што? Што грешам?
Премногу производи употребуваш, а навистина нема потреба. На Авон некако не им верувам кога се работи за нега на лице. Сепак потроши ги производите што ги имаш. Која пена и кој тоник ги употребуваш? Дневната рутина ти е во ред. Во ноќната рутина можеш да промениш неколку работи. Млекото која функција ја има? Обично млеката се наменети за сува кожа и мислам дека е целосно непотребно за твојот тип на кожа. Кремот Q10 од Балеа замени го со Beauty effect или Beauty therapy исто од Балеа бидејќи имаат посилно anti-age дејство. Може да пробаш и нешто од медицинска козметика ако сакаш: La Roche-Posay (Hyalu B5 cream), Uriage (Age protect ноќен крем), Eucerin (Hyaluron filler ноќен крем). Салицилната киселина би ти помогнала со црнките. Можеш да ја употребуваш 2-3 пати во неделата како дел од ноќната рутина. Од производи со ретинол кај нас е достапен Cellular boost серумот од Неутрогена кој содржи ретинол и хијалуронска киселина.
леле фала многу за исцрпниот одговор. Млекото го зедов како резултат на затегната кожа на некои делови некој период. а Т зоната многу премногу масна посебно во лето. Млекото е Нивеа а тоникот Јанг Дерм . Пената исто АВОН а гелот е Балеа
Најверојатно ти била пресушена кожата од некој производ што си го употребувала тој период. Можеби и прекумерното лачење на себум е резултат на пресушување на кожата. Кога ќе ги потрошиш производите што ги имаш можеш да ги пробаш чистачот на пори (нешто како гел) и тоникот од зелената линија на Natura siberica или од било која медицинска козметика од претходното мислење.
Иста возраст и кожа имаме. Јас ова користам, се надевам ќе ти помогне. Лицето ми е супер во споредба што беше полно со црнки, пори, брчки, линии на чело и светнуваше брзо. А Авон исфрли од употреба. Наутро: Балеа мед гел за лице Балеа тоник за лице Ниацинамид на The Ordinary Балеа мед крема за лице мат ефект Спф крема Eucerin oil control Навечер: (задолжително двојно чистење на лице) Балеа масло за лице Балеа мед гел за лице Балеа тоник за лице И разни серуми The Ordinary, зависно кој ден ми е. После нив исто Балеа мед крема. Granactive retinoid emuslion Ascorbic acid + Alpha arbutin Lactic acid И еднаш неделно пилингот Aha+bha. По потреба и салицилна киселина на Ревокс, зависи дали на цело лице или кога ми излегува некое брунче. Вака терам неколку месеци и имам супер резултати.
Здраво, имам 24г и проблем со акни подолго време, сега веќе ми се како флеки, инаку имам прилично мрсна Т зона, онака нормална кон мрсна.. Дали е во ред ваква рутина пред некој ден почнав вака. Наутро -Натура Сиберика пилинг од зелената линија -Натура Сиберика тонер од истата линија -Балеа мед ултра сензитив хидратантна крема -Сан Денс 50 спф Навечер -Мисцеларна од Оливал -Чистач од Оливал со смил -Серум од Натура Сиберика зелената линија -Гел сона (користам долго време) -Балеа мед ултра сензитив хидратантна крема Во главно нови производи ми се тие на Натура Сиберика, пред тоа користев Акнедуг наутро, навечер серумот со нијацинамид од ревокс..
Ако може некој да ми помогне да си креирам рутина. Имам 28г, масна кожа, проширени пори и склоност кон акни во пределот на образите и брадата. Моментално немам дневна рутина, мијам лице со вода само, и всушност за тоа ми е потребна помош, но секако и во ноќната би додала нешто. Моментално користам: True alchemy масло со каламин и арганин Гел за лице од Лавера Тоник Натура Сиберика од зелената линија Ноќен крем Натура Сиберика за мрсна кожа секоја втора вечер ставам серум со AHA киселина на True Alchemy, а секоја трета вечер Хемиски пилинг исто од зелената линија на Натура сиберика. Исто така, имам две маски за чистење пори од Конопка и Натура Сиберика, па би сакала и нив некако да ги вметнам во рутината. секоја помош би ми била добредојдена.
Дека е топло препорачливо е Витамин Ц + крема со спф преку ден,со тоа што пред нив ќе го измиваш лицето со True Alchemy протеинс гел за миење лице. Аха јас преку лето не користам, но ти можеш еднаш неделно по десет минути и тоа навечер и веднаш потоа да ставиш крема. Маските да речеме за викенд да ги користиш, така што тие денови ќе си правиш пилинг и/или маска за лице. Ноќната рутина добро би било да вклучува хујалуронска киселина плус крема за лице или некој серум за акни, или пак тоник за лице што содржи салицилна киселина.
Дајте ми предлог што да вметнам во рутината што дава антиејџ ефект? Само да не е ретинол од Ревокс. Инаку користам крема на Биодерма, СПФ на Фрезидерм (ако се викаше така), ниацинамид, силицилна, азелаична, кофеинско масло и уште едно за хидратација од Ревуар (или како и да се вика). Се разбира не сѐ заедно Освен нешто за анти ејџинг, може предлог и за убав ( до 700-800 ден макс) тонер за лице, по можност без алкохол, парфем и хилауронска Фала однапред
За антиејџ Ц витамин и ретиол, тоа се проверени состојки. Види на Белина или на coslovesmetics производи кои ги содржат овие. Знам дека и ревиталифт линијата на Лореал содржи ретинол.