Ладно цедено масло од кафе со етерични масла и уште некои додатоци. Рачно изработено, не е од некој комерцијален бренд.
Повеќе од неколку месеци имам рутина за чистење на лицето (околу десетина пати сепак легнав со шминка од замор иако пет минути работа е) и лицето се подобро и подобро ми беше. Ми се потроши маслото за чистење на лице, ме мрзеше да отидам да си купам и за 3-4 дена лицето ми стана катастрофа. Кој би рекол дека е до толку битен дел од рутината, а до пред неколку месеци воопшто не користев масло, не знаев дека постои такво нешто. Рутина побарав од магнолија, не ја добив, па сама си направив рутина според објавите на нејзиниот инстаграм. Го користев маслото на Алверде, па сега купив некое си Барбон, на гугл пребарував кое е најдобро и тоа ми излезе, немав слушнато до сега за фирмава, па ќе видиме. Едвај чекам вечер лице да измијам. После 3-4 дена без масло за чистење ми стана исто како претходно, како нечисто, мрсно, црвено, како порите да се запушени. Во рутината цело време тоник ми фали, кога ќе си купам ќе видам како ќе биде и со него. Гледам дека навистина може мн да се постигне со правилен редослед на вистинските производи, правилно користење и непрескокнување на рутината. Ми фалат уште некои серуми и слично за кои се уште не сум доволно информирана, мислам дека уште неколку производи и неколку месеци и конечно ќе можам да излезам од дома без пудра.
Навечер масло за чистење на лице Алверде до завчера од вчера Бабон, пена за чистење на лице Балеа до пред неколку недели па Себа Мед сега, хидратантна крема la roche rosay од пред неколку недели, сабајле само со вода мијам лице. Мрсна кожа имам. Значи само три производи користам. Ќе додадам тоник (се уште се немам одлучено кој) па спф 50+ La roche rosay па есте лаудер серум ама сега за сега само овие три
@koritsaki кажа дека серумот на Есте Лаудер не е ништо посебно, ако веќе даваш пари подобро земи го Витамин Ц бустерот на Novexpert.
Можеби за нејзиното лице не е ништо посебно, не може кај сите исто да делува, но сепак има многу особи презадоволни од серумот па ќе пробам и јас и ќе споделам по неколку месеци. Едит: Да искористам да споделам дека маслово е чудо. Рано е да се заклучи по само една вечер користење ама само што го измив лицето имаше огромна разлика, лицето никогаш не ми било побело, порите чисти (дури сега гледам колку големи пори имам, кога ставив течна пудра целото лице со дупчиња, а до сега затворени порите и помазно ми изгледаше лицето после течната пудра, толку меко и нежно не ми било, се гледав во огледало и се чудев, сега ќе треба да додавам нешто и за намалување на видливост на пори) Во аптека ми рекоа три капки на рацете размачувам па ги мачкам на суво лице па ги влажнам рацете и продолжувам да масирам, се прави емулзија, бело и се мие како да ми рекоа со ладна вода ама јас со млака вода се мијам секогаш.
Денес купив четка за лице што мислев да ја користам со мисцеларниот гел на Olival, прашањето ми е дали е премногу да се користи четката и после тоа хемиски пилинг на Natura Siberica? Или е подобро да се користат во различни денови?
Во кои аптеки го има и дали ви е познато дали има нешто слично или исто на ова само за сува кожа? И цена одприлика?
Дневна рутина: 1. Olival мицеларен гел 2. Bereza Siberica тонер 3. Eucerin oil control SPF 50+ Ноќна рутина: 1. Olival мицеларна вода 2. Olival мицеларен гел 3. Bereza Siberica тонер 4. Bereza Siberica серум 5. Bereza Siberica гел-крем
Што се покажа одлично за мојата пречувствителна, на момент нормална на момент сува, на момент дехидрира кожа склона кон акни. Наутро: Гел, хидратантна крема, спф Навечер: Гел, Акнефуг, хидратантна крема, Сона крема За усни, Нивеа универзална крема некогаш (не ми направила проблем досега) или вазелин: Едит: навечер плус мицерлана вода на Гарниер, розевата, доколку имам шминка.
Дневна рутина: 1. Uriage - Hyseac Cleansing Gel 2. Uriage Hyseac 3-Regul Global Tinted Skin-Care SPF30 Ноќна рутина: 1. Uriage - мицеларна од линијата Huseac 2. Uriage - Hyseac Cleansing Gel 3. Bereza Siberica тонер 4. Крем од Ziaja од краставица. 5. Hyseac pate sos (само на акните) Имам комбинирана/мрсна кожа и сакам рутината да ми биде минимална. Дали плус тонерот е too much?
Дневната рутина ти фали повеќе продукти,серум некој или витамин ц серум. Ноќната е океј. Тоникот не е вишок секогаш е добро да имаш плус продукт, но дневната рутина би било добро да ја надоградиш.
Која цена е факторот на еуцерин дали е ок за мрсна кожа? Или дали може да предложите некој добар за многу мрсна кожа до 600-700ден.
Редовна цена е 1050, а последниве месеци скоро цело време е на попуст 735 во Зегин. Еуцерин мене ми е супер и баш е наменет за мрсна кожа склона кон акни.
@Kjara15 јас ја користев Еуцеринот со фактор, за мрсна кожа е и 1000 и нешто. Ок беше кремата, не ми го мрсеше лицето, но составот не ме бендиса од кога видов убаво шо содржи. Сега ја користам Frezyderm 50ка 699ден мислам беше во Зегин. Јас не очекував таква добра крема, мене многу ми се бендиса и ми одговара на кожата, не би ја менувала.
Сосем е доволно гел, крема, спф. Тоа се 3те основни производи за добра рутина. Друго дополнително сама додаваш според потребите. Некои викаат тонерот баш и не влијае драстично и нема потреба да е морален во рутината. Но ако ти помага на некој начин користи го. Доколку вака осеќаш дека добро ти влијае рутината и немаш потреба од посебно третирање на некој проблем, не ја сменувај, сосем е во ред.