Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Нова сум во овие рутини, неколку месеци како се уходувам. До сега користев само миење на лицето и крема навечер, ама наполнив 40 и решив малку повеќе продукти да користам за да зачувам убава кожа. Имам осетлива, ама мешана кожа. Под осетлива мислам кожа склона кон лишаи и пукање ако нешто не ми одговара. Склона сум и на алергии зашто сум со светла кожа и светол тен. До сега сум добивала комплименти дека изгледам помлладо за годините па да видам дали со трутиниве ќе остане така. Пудра и слично користам само во специјални прилики. Во последнмо време заради маската на брадата ми се појавуваат црвени мозолчиња и дури и воспалени поткожни акни.
    Сега за сега е вака:

    Навечер:
    Маслен чистач на Lush
    Миење на лице Angels на Lush
    Серум: propolis Iunik или Black Snail Iunik
    Крема: Vanishing Cream Lush

    Наутро:
    Миење со гел на Алверде
    Вит ц серум (ова го користам едно 10 дена и веќе има подобрување во делот кај брадата)
    Хијалуронска серум
    Крема: Биотен дневна со СПФ 20

    Не знам дали дневната крема ми е доволна со Вит Ц ама не изгледувам многу на сонце преку ден овие денови. Шетам претежно навечер, а ако сум покрај вода ставам плус СПФ.
    Се мислам дали да коростам ББ крема или не.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @JoyJoy , горе-долу добра ти е рутината. Понатаму можеш да вметнеш и ретинол во ноќната рутина. Ретинолот од True Alchemy би требало да е достапен и кај нас. Станува збор за крем - емулзија од 1.09%. Витамин Ц серумот останува наутро. Ретинол, витамин Ц и спф се светото тројство за нас. :D

    За хијалуронските серуми имам поделено мислење. Моментално не ги користам.

    На твое место би вметнала и крема за околу очи. И во дневна и во ноќна рутина. Од тоа што сум пробала, а е достапно и на македонскиот пазар, ја препорачувам онаа на dr. Hauschka. Во соодветната тема има предлози и препораки и за други марки. Разгледај си.

    Серумот од прополис на Iunik не покажа ефект кај мене. Го користев со кремата од истата колекција. Не велам дека се лоши продукти, едноставно не приметував никаква разлика. На хартија ми се допадна составот, ама во пракса ништо посебно (за мене).

    ББ кремите ги сметам повеќе во декоративна, отколку во препаративна козметика, па ги користам не толку за нега, колку за подлога во дневна шминка. Ако не се шминкаш, можеш и без бб крем. Муабетов ми е за бб кремите од западниве марки. Корејските ББ креми се друга категорија во однос на активни состојки. Ако имаш /купиш таква - користи ја редовно.
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Ставам и крема за очи и сабајле и навечер. Само заборавив да ја напишам. На Lush користев од претходно заедно со кремата.
    Искрена да бидам дека некоја разлика приметувам огромна не приметувам (освен од витаминот Ц и акните). Како што спомнав немам некое лице кое оддава години барем сега за сега. Сите ме прават едно минимум 5 години помлада од што сум и пред рутинава. Само сакам така да остане. Имам една забележлива брчка на челото на средина и таа како да е поднамалена откако ставам хијалуронска киселина.
    За ретинол не сум се одлучила зашто од читање ми се чини преагресивен, ама ај ќе го размислам повторно по твоја препорака.
    За шминкање се шминкам ама пудра не ставам затоа се мислев дали да почнам со некоја ББ крема или не.

    Искрено уште сум растргната помеѓу што е можно поприродно негување и додавање производи во рутината за нега на лице.
     
    Последна измена: 20 септември 2021
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Или тониран спф, уште една алтернатива, доколку сакаш и покривност да добиеш. Добиваш заштита а и покривност во исто време со еден производ.
    Ако ти одговара рутината, не ја сменувај, понатака ќе согледаш што можеби ти фали па можеш да додадеш производ, пр ретинол.
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.542
    Допаѓања:
    106.217
    Пол:
    Женски

    Joyjoy супер е рутината, Lush производиве се супер, порано ги користев м.чистач и кремите Vanishing и Enzymion одлични ми беа и двете. Витамин Ц ги имам користено на true alchemy и la roche posay , на true alchemy ми се допаѓаше повеќе.
    Спф по можност користи најмалку 30ка , и гледај секогаш кога ќе излегуваш надвор да нанесуваш.
     
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Штом приметуваш разлика, продолжи, веројатно само хидратација ти е доволна.

    За ретинолот, се согласувам. Доста е контраверзен како состојка за редовна употреба. И колку што има жени што го воспеваат, има исто толку и што имале разни негативни искуства, почнувајќи од иритации до сериозни нарушувања на природната бариера на кожата. Штом се двоумиш, подобро прескокни го, барем уште некоја година. Инаку, знам дека знаеш, но да повторам дека зборуваме за многу мали концентрации во производите што се достапни на пазар.

    До пред околу 5 години и јас бев доста ригорозна во изборот на козметика, особено препаративната. Користев исклучиво органска, сертифицирана козметика и минумум продукти: средство за миење лице, тоник, крема за лице и околу очи. Потоа, почнав да го омекнувам ставот и да не се стресирам за секоја состојка (секако уште избегнувам продукти со километарски декларации, нафтени деривати, фталати, формалдехид и сл. Правам отстапки за понекој силикон, некогаш, кога не е наведен во првите 3-4 состојки) особено откако се запознав со корејската козметика. Целава приказна беше за да кажам дека секој си решава за себе, согласно сопствените убедувања.

    Сите имаме различна дефиниција за природна нега. Ако некој продукт се коси со твоите убедувања, ич не слушај кој што рекол и пофалил. Индивидуално е. За сè и за сите.
     
    На JoyJoy и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Не можам да си направам зимска рутина. Ми треба и ваше мислење,ми се вртат неколку варијанти.

    Имено, имам ретинол со појак процент и сакам да го вметнам,барем два пати неделно за почеток со крема плус само навечер.
    Меѓутоа не знам што да ставам за други денови а да ми остане тоникот во рутина.

    Дневна рутина: ( week days)

    Гел за миење лице
    Ниацинамид
    Хујалуронска
    Крема со спф

    Ноќна рутина:
    Гел за миење лице
    2 пати неделно ретинол пример (вторник и петок)
    Еднаш неделно аха пилинг
    Тука нешто ми фали…
    И на крај крема.

    Weekend days
    Кофеин серум + креми за очи, маски за лице,крема за лице

    Малку помош?
     
  8. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Не мораш толку да ја оптеретуваш кожата со активни состојки. Во тие денови каде што сметаш дека ти фали нешто можеш да ја вметнеш хујалуронската киселина пред кремот и готово.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Самостојно?
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.401
    Пол:
    Женски
    Мојата рутина:

    Наутро:
    Afrodita гел за лице
    Revuele тонер со цинк и салицилна киселина
    Eveline крема со Ц витамин
    СПФ 50ка

    Навечер:
    Nivea мицеларна вода (за шминка)
    Afrodita гел за лице
    Revuele тонер со цинк и салицилна киселина
    Garnier hyaluronic aloe jelly

    c668-clean-phase-HYDRA-cistilni_gel-450x520-450x520-0-2-450x520.jpg 55b1534572595550ec7755a86c638b7473136a26.jpeg 0-5b02a3c4cbe38.jpg sdf.jpg

    Плус 2 пати неделно пилинг на лице со пилинг од Балеа мед и шеќер и еднаш од Балеа маската со цинк.
     
  11. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Два дена ретинол, еден ден АХА и останатите четири дена хијалуронска киселина. Значи би одел гел за миење на лице, тоник ако употребуваш, хијалуронска киселина и на крајот ноќен крем.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Дали е ок рутинава девојки?
    Наутро:
    Пена од лимон Афродита/Биодерма себиум гел
    Ниацинамид Ревокс
    Тоник Береза Сиберика
    Гел кремот на Береза сиберика
    Спф еуцерин оил контрол

    Навечер:
    1. True alchemy масло аха/бха киселини (вајда е ок зашо навечер нели се препорачува миење со маслен чистач)
    2. Тоник
    3.Азелаична киселина/ Салицилна Ревокс наизменично преку една ноќ
    4. Гел крем
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Дневната рутина или пена или гел. Ти фали хујалуронска киселина после ниацинамидот. Тоникот содржи ниацинамид така што треба да се исфрли од дневна рутина,значи или само серумите или само тоникот.

    Вечерната рутина:
    Многу серуми и киселини не е на арно. Азелаична па салицилна па аха,не не.
    Или/или треба да е едно од нив а аха само еднаш неделно.
    Пример:
    Гел за лице
    Салицилна
    Хујалуронска
    Крем

    Една неделно аха.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Наутро
    Natura гел за миење
    True Alcheme Тоник
    Levrana spf 30

    Навечер
    Маслен чистач True Alcheme
    Tоник True Alcheme
    Ноќна крема Mossa
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Што ќе ти спф во зима? Тоникот има ретинол?
     
  16. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Секоја доба користам креми со спф, посебно кога некоја ми одговара не ја менувам. Еве го составот на тоникот: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE *, ISOAMYL LAURATE (AND) ISOAMYL COCOATE, GLYCERIN, SQUALANE, PENTYLENE GLYCOL, GLYCERYL CAPRYLATE, BENZYL ALCOHOL, HYDROLYZED WHEAT PROTEIN, BETAINE, GLYCERYL GLUCOSIDE, SODIUM HYALURONATE, CARRAGEENID, CARRAGEEN.
     
    На IM.TMKQ и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ок е тоникот,мислев да не има состојка на ретинол па ставаш спф ама вака гледано немаш потреба,доволно е само крема.
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Замолувам некоја од членките која има добро познавање од рутини и козметички производи (состави) да ми даде мислење за препорачана рутина за која се мислам дали вреди.
    Purito From Green Cleaning Oil

    Geek & Gorgeous Jelly Joker low PH Gentle Cleanser

    TIAM Vita B3 Source

    Purito Centella Unscented Recovery Cream

    Beauty of Joseon Ginseng Essence Water

    Cosrx ALOE Shooting sun cream

    Инаку целта е да се постигне подобра текстура на кожата да се избелат некој флеки.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.542
    Допаѓања:
    106.217
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka со сигурност може да помогне :)
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.542
    Допаѓања:
    106.217
    Пол:
    Женски
    Мојата рутина

    Преку ден:

    Миење на лицето со гел на Alverde
    Тоник на Dr.Konopka
    Хијалуронска кисeлина на The ordinary (на влажно лице)
    Крема на Natura siberica hydrolate day cream
    Крема за очи на The inkey list caffeine
    Крема со спф 30 на Mossa

    Навечер -

    Двојно чистење на лицето со балзамот на Clinique take the day off
    Миење со гел за лице на Алверде монентално
    Тоник
    Хиjалуронска /ретинол на The ordinary 1% in squalan
    Крема за лице Natura siberica hydrolate night cream
    Крема за очи

    Aha bha на The ordinary го користам 2 пати неделно
    Ретинол три пати неделно , прв пат користам и земав од 1% , да не е многу три пати? Не ми направи никаков проблем. Само AHA BHA кога ставам чувствувам пецкање
     
    На RockNroLLGirL, poppie и Pea им се допаѓа ова.