Влагодарам коритсаки мила што ме тагна. Драга голем дел од овие не се природна козметика и мора да го видам составот пред да ти кажам било што. Ако сакаш можам да ти направам јас рутина со проверени производи само мора убаво да ми го опишеш проблемот, што сакаш да промениш на кожата, колку години имаш, до која цена итн. Може да ми пишеш овде или во приватна порака како сакаш. Може да ми пратиш и слики.
Ако го исфрлам ниацинамидот од употреба (приметив ми прави лишаи) што би можела да воведам место него во утринската рутина?
Не верувам дека е нијацинамидот како состојка можно е да е производот, односно целокупната формула. Каква ти е рутината за лице?
Сега ќе те тагнував,да те прашував за совет. Наутро: Гел за миење лице Ла роше Ефаклар ( во Мкд го користев Биодерма розевиот) Хујалуронска киселина Нијацинамид Крема за лице Reveule Hemp me Навечер: Гел за миење лице Тоник од береза сиберика (зелениот) Novexpert спреј за лице од цинк Крема за лице Hemp me Два пати недело ретинол од 0.5% само навечер плус крема за лице. За викенди ставам кофеински серум на true alchemy за темните кругови (само таму не по цело лице) плус креми за околу очи Pulpe de vie.Во текот на денот по една маска така за хидратација.
Драга лично мислам дека премногу производи непотребно ставаш. Најдобро е да направиш рутина која ќе ја користиш наутро и навечер (истата без многу мешање) која ќе биде поприродна, едноставна а функционална и ќе делува на еден принцип. Дел од производите кои ги користиш се природни, дел не се. Доколку сакаш може да ти направам рутина која е функционална само кажи ми до која цена, за која годишна возраст и каков ефект сакаш да постигнеш.
Јас имам продукти веќе земено, чисто сакам да си ја одржувам чиста и хидратирана кожата, без акни. Пошто имам мрсна кожа. За жал на островов дел од природни продукти ги нема. Имам 32 години. Стварно водам грижа за лицево, само имам темни кругови и подочниците, и први брчки под очите. Ретинолот за затегнување го земав. Пробај,склопи па ќе се организирам.
Oк во тој случај доврши ги тие што веќе си ги купила, па после ќе направиме рутина со нови производи. Пиши ми кога ќе треба да купуваш нови производи.
Мислам дека вакви коментари во темиве за лице и тело немаат поента. И баш никогаш не ја носат темата во добра насока. Затоа, ве замолувам да се воздржите и прашањата за дискусија од овој тип да ги поставувате тука во оваа тема, која патем е отворена да се дискутираат прашања со сличен контекст: https://forum.femina.mk/threads/Користење-премногу-козметички-производи-маркетинг-или-потреба.32628/
Незнаев каде да го поставам прашањево па овде се надевам ке добијам најбрз одговор Зошто оваа ми се случува после кремата кога ке се допрам на лице или се почешам еве што ми излегува Иначе користам биодерма себиум сензитив,предходно користев биодерма хидрабио спф30 и истото ми се случуваше Дали е нормално или сепак не ми одговара нешто
Користам многу малку производи, се водам по тоа less is more, додуша единствено што имам проблем е со посува кожа, па сум посветена највеќе на користење производи за хидратација на кожата. Со овие што ги користам сега задоволна сум од тоа што и во овие поладни денови како ми е хидрирана кожата. Додека не ми се презасити кожата од овие производи не би користела ништо плус/минус од ова, мислам дека си ги погодив лично за мене баш производите. Наутро: - Розевиот гел за миење лице од Балеа - Дневната розева крема од Балеа Навечер: - Мицеларна вода збогатена со ружина вода од Гарниер која е наменета за посува и нежна кожа - Розевиот гел за миење на лице од Балеа - Ноќна крема од Балеа наменета за сува кожа И викенди користам и маска за лице плус од Freeman која ми помага во темелно чистење на порите.
Девојки ве молам за совет. Имам масна кожа, пори црнки акни. Али освен шо ми е многу масна ми е без сјај, дехидрирана со грда текстура. Земав гел на ла рош за масна кожа, дома моментално имам ниацинамид (ревокс) , салицилна тру алхеми, витамин ц серум (сиберика) , тоник афродита , гел кремот од зелената линија исто на сиберика. Е сега од ниацинамид некако уште помасно си го осеќам лицево, а имам и огромни темни кругови под очите личам на наркоманка. Другово мислам дека знам како да го користам може ли само совет за витамин ц, како се користи каде се чува, по кој редослед. Како шо знам нели е за сјај на кожата витаминот Ц. Благодарам.
Витамин Ц е за пигментација и флеки,препорачливо е да се чува во фрижидер по отворањето и не повеќе од три месеци употреба. Се користи наутро по миење на лицето со гел крема, а после него се става крема со спф. Пожелно е да избереш крема со спф која е помрсна на база на вода за да упие веднаш и после тоа да се нашминкаш полесно.
Наутро: Навечер: или Еднаш неделно пилинг И маска Ќе го искористам постов да ја прашам @Biodevojka што мисли за овие рутини
Наутро 1. Чистач за лице Натура Сиберика од боровинка 2. Тоник за лице од Конопка од камилица 3. Крема за околу очи на Конопка 4. Серум за лице Натура Сиберика од боровинка 5. Дневна крема Моса Навечер 1. Чистач за лице Натура Сиберика од боровинка 2. Тоник за лице од Конопка од камилица 3. Крема за околу очи на Конопка 4.Во ПМС користам серум од зелена линија за акни Натура Сиберика(инаку не користам, веќе зимниот период скоро и да не користам) 5. Ноќна крема за лице од Натура Сиберика ------- Кога имам шминка после миење со чистач за лице, поминувам со мицерална вода од Лавера
Здраво драга најискрено мислам дека премногу производи користиш. Пената на оливал е одлична, меѓутоа тоникот не. Замисли дека само тој тоник не е природен од целта колекција на смиљ, јас единствено тој тоник го немам рецензирано, затоа што ако не се лажам содржи ПЕГ. За Конопка и Пулп де Ви гарантирам јас, исто и за серумот на Натура Сиберика, а другите производи не ги познавам ќе ми треба деклаација за да ти кажам. Е сега кремот на пулп де ви може слободно наутро и навечер, не комплицирај со два различни креми. Или на Конопка наутро и навечер. Серумот на Натура сиберика е феноменален, еден од моите омилени. Според мене: Наутро и навечер Пена Серум на Натура сиберика Крем пулп де ви или Конопка (одбери еден) Еднаш во две недели пилинг (тапкај го на лицето не триј) и еднаш неделно маска. Откако ќе ги потрошиш овие оди на друг крем. Не комплицирајте многу, што поедноставно тоа подобро не ја буниш кожата и истовремено имаш одличен ефект. За другите производи не знам што да кажам не ја познавам декларацијата. Поздрав