Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    2.584

    Добро е што ми кажа за тоникот затоа што во план ми беше да купам нов, некако ми се погоди. Баш сега го проверив составот и гледам дека содржи ПЕГ и тоа високо на листата. Што е ПЕГ всушност?

    Ова е составот на скваланот CAORILYC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, CYDOPENTASILOXANE, SQUALANE, TOCOPHERYL ACETTE, BHT
    кој го користам за дополнителна хидратација навечер дека кожата ми е доста сува кога е поладно времето, но веќе ми е при крај и во план ми е да земам некој серум од True Alchemy, можеби Arginine 2,7%?

    Околуочниот флуид од Ревокс Water / Aqua, Rose Flower Water / Rosa Damascena Flower Water, Glycerin,Avocado Oil / Persea Gratissima ( Avocado ) Oil, Sweet Almond Oil / Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Shea Butter / Butyrospermum Parkii ( Shea ) Butter, Caprylic/Capric Triglyceride, Coco - Caprylate/Caprate, Ceteareth-20, Cetearyl Alcohol, Phenoxyethanol, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Triethanolamine, Octadecyl Di-t-Butyl-4- Hydroxyhydrocinnamate.

    Околуочниот крем од Балеа: Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Helianthus Annuus Seed Oil, Glycerin, C12-15 Alkyl Benzoate, Glyceryl Stearate Citrate, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Ethylhexyl Triazone, Hydrogenated Vegetable Glycerides, Tocopheryl Acetate, Panthenol, Caffeine, Bellis Perennis Flower Extract, Phenoxyethanol, 3 - 0 - Ethyl Asorbic Acid, Xanthan Gum, Ethylhexyglycerin, Disodium EDTA, Lecithin, Asorbyl Palmitate, Glyceryl Stearate, Phenethyl Alcohol, Pantolactone, Glyceryl Oleate, Citric Acid
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга ПЕГ е кратенка за полиетилен ликоли во козметиката е корити како емулгатор или како суфактант (во зависност од производот за кој станува збор). Може да забележиш дека секогаш до ознаката ПЕГ има број (PEG 40; PEG 100; PEG 200 итн.). Тој број е всушност моли на етилен оксид прикачени на базата. Да го земеме на пример тоникот кој го посочи во твојот пост: содржи PEG-40 Hydrogenated Castor Oil.
    Базата е хидрогенизирано рицинусово масло и на секој мол на базата прикачени се 40 моли на етилен оксид кој е навтен дериват.. Колку е повисок бројот до ознаката ПЕГ, толку повеќе моли на етилен оксид и толку полошо. Исто така, имаат големо загадувачко дејство врз околината што во денешно време со огед на сите климатски промени не е за потценување.

    Што се однесува до скваленот драга моја греота и срамота е да пишеш Just Squalano (само сквален) а во декларацијата скваленот во минимален процент скриен скриен зад силикони. Базата е каприлик каприк кој е ок, меѓутоа во комбинација со силикон кој не е ок. Понатаму БХТ, полошо нешто не можеле. Тоа е еден вид на вештачки антиоксиданс замена за чистиот виамин Е кој е стопати подобар секако (без збор). Ако сакаш добар и квалитетен производ земи го овој каде искрено пишува серум со сквален значи во серумот има сквален а не е само сквален

    [​IMG]
    еве ја декларацијата каде на прва позиција е скваланот во комбинација со прекрасни состојки како масло од шипка, масло од калинка, чист витамин Е (токоферол),

    СОСТОЈКИ (INCI): SQUALANE, ROSA CANINA OIL, ISOAMYL LAURATE (AND) ISOAMYL COCOATE, PUNICA GRANATUM SEED OIL, TOCOPHEROL, VACCINIUM MACROCARPON EXTRACT, RHODIOLA ROSEA EXTRACT, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL, MATRICARIA RECUTITA OIL, BISABOLOL.

    Што се однесува до декларацијата за кремот околу очи ревокс не е најидеален или најприроден, ама ако го имаш заврши го, барем нема силикони.

    Тој од балеа воопшто не ми се допаѓа поради хемиските филтри.

    Поздрав
     
    На ana-sweet, crazylady, _Monroe и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Геешка во куцање мислев на полиетилен гликол не ликол (кога пишувам од мобилен некогаш сам си преправа зборови). Дури сега забележав. :D
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    2.584

    Ти благодарам многу на опширниот одговор:hug:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ве молам за помош/насоки.
    Имам суво лице. Немам акни, само може некое црвенило ко лишај одвреме навреме да ми се појави до устата. Може ли да ми препорачате некоја рутина за лицево? Ич не се разбирам ни во креми ни во серуми (само пред пудра ставам крема на сатва). 35 сум :) Ви благодарам
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ти ја препорачувам кремата Snow Cladonia за суво лице од колекцијата на Натура Суберика.
    Исто така можеш да земеш некој гел за миење лице и тоник и тоа во принцип. Ако немаш акни нема потреба да користиш серуми. Од тоник можеш витамин ц на Береза Сиберика мислам беше портокалов (ако грешам нека ме поправи некоја).
    Важно е да имаш хидратација на лицето за да не ти се перути.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Мн ти благодарам.
    Те молам кажи само каде да ги најдам овие производи. И колку пати (денски, вечер), да ги користам?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Во Белина во Ист Гејт или на нивниот сајт. На сајтот има опција да побараш продукти според тип на кожа но воглавно од многуте се издвојуваат овие.
    Секојдневно,два пати наутро и навечер.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Klairs Gentle Black Deep Cleansing Oil...нежно масло за длабинско чистење на кожата на лицето...oвој вегански производ е наменет за сите типови на кожа. Производ можете да ги најдете во продавница за корејска козметика Olpeo во ГТЦ.
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.014
    Допаѓања:
    40.337
    Пол:
    Женски
    Наутро
    • Пена алверде 3 во 1 за сензитивна кожа со камилица
    • Q+a zinc pca серум (преку недела, викенд одмарам)
    • Натура сиберика sophora japonica дневна крема и моса витамин коктел крема за очи
    • Санденс pro climte spf 50 sunfluid ( преку недела) / викенд mossa 365 spf 30
    • Essence preety natural преку недела, викенд го одморам лицето освен ако не одам некаде

    Попладне после работа
    • Чистам лице со мицеларната на оливал од смиљ
    • Мијам со гелот на новексперт трио цинк
    • Тоник конопка од лаванда
    Навечер го плакнам лицето со млака вода
    • Хијалуронска киселина (ординари)
    • Пукногенол (ординари) 5 дена/ млечна киселина (ординари) 2 дена наизменично
    • Крема моса јут дефенс ноќна крема/ витамин коктел крема за очи

    Можам да кажам дека кожата никогаш не ми била во подобра состојба. Смирена, хидрирана, чиста, порите визуелно како да ми се намалени, акните од маски веќе речиси и да ги нема или многу ретко ќе се појави некоја.

    Серумот со цинк, пукногенолот, витаминската крема за очи од моса и мицеларната од оливал ми се моментално омилени продукти и мислам подолго нема да ги заменам. Спф уште сум во потрага по идеален. Овој од санденс за под шминка е солиден, ама мислам има прилично алкохол. Тој на моса ми е супер ама преку недела кога сум во брзаница наутро ми е комплицирано да го чекам подолго да се впие за да можам да нанесам шминка.
     
    На Lollipop_123, _Monroe, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Skorpija*88

    Skorpija*88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    да ве прашам за мислење и искуство на paulas choice производите...?
     
  12. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. :hai:

    Сакам да почнам нега на лицe, па може некој да ми каже што производи се користат и по кoј редослед за дневна и ноќна рутина?
     
  13. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Дневна рутина:
    1. Гел/пена за миење лице
    2. Тоник
    3. Серум(може, ама не е задолжително)
    4. Дневен хидратантен крем
    5. СПФ
    *4ти и 5ти чекор можеш да ги замениш во еден производ: дневен крем со помал спф во овој период.

    Вечерна рутина:
    1. Мицеларна вода/масло + гел/пена (двојно чистење ако имаш шминка) или само гел/пена ако немаш шминка
    2. Тоник
    3. Серум
    4. Хидратантен вечерен крем.

    *Можеш да правиш пилинг еднаш неделно, маска еднаш до двапати неделно. Ама зависи која е намената и дали имаш потреба за твојата кожа.
     
    На *Лаванда*, buba4e89, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Серум се става пред крем?
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.546
    Допаѓања:
    106.262
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, ми треба помош. Досега сум немала проблематична кожа па не се разбирам од рутини.
    Е сега изгледа ја запоставив.
    Кожата ми е веројатно сува бидејќи имам лишаи на нос и чело, а уште поголем проблем е што почнаа да ми се прават еден куп црнки на нос и брада, плус пори.
    Ова значи дека имам комбинирана кожа? Воопшто не знам.
    Во моментов користам следново:
    Screenshot_20211209-235858.jpg Screenshot_20211209-235944.jpg Screenshot_20211210-000031.jpg Screenshot_20211209-235944.jpg Screenshot_20211209-235858.jpg
    Да напоменам дека маската за црнки воопшто не ми помага.
    Навечер ставам ноќен крем од Vichy Aqua Termalia.
    Што поточно да почнам да користам? (Притоа да не банкротираѓ)
    Имам 27 години, и се шминкам секојдневно.

    Фала и извинете што замарам.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.524
    Допаѓања:
    201.563
    Пол:
    Женски
    Комбинирана ама дехидрирана, мене ми беше таква кога имав лишаи на нос и чело, и околу очи.
    За хидратација само хијалурон, во било каква форма, мислам дека кожата ми се прероди кога почнав да користам хидратор. Од сите што сум ги користела, најдобар ми се покажа на Новексперт хијалуронскиот бустер серум, исто добар е и хијалуронот на True Alchemy. Битно е да се нанесе на влажна кожа, не да е ептен мокра, ама барем полувлажна и одозгора крем задолжително, дали обичен, дали спф.
    Друго, мислам дека и тонер би ти завршил работа, корисен е особено навечер. Јас лично го користам тонерот со лаванда на Конопка, за баланс на кожата и лачењето маснотија, не го менувам за ништо веќе трета година. Бидејќи имаш пори и црнки, има еден одличен тонер на Моса со салицилна киселина, многу добро ја чисти и негува кожата. Пишува дека е за акни, ама салицилната киселина ја средува кожата, ги чисти црнките и ја намалува видливоста на порите. Барем кај мене е така.
    Може да го земеш, овој е
    [​IMG]
    Мислам дека доволно ќе ти биде со производите што ги користиш, да ги вметнеш и тонеров и хијалуронот и мислам дека ќе имаш подобрување.
    Не сум експерт за нега на кожа, да си кажам.
     
    На Mia Fuentes и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Фала многу, вака нешто едноставно ми требаше :)) Те читав во друга тема за Моса, позитивен впечаток ми оставија.
    Фала уште еднаш, почнувам со нарачки :l:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    155
    Здраво, @Biodevojka. Ги користам мицеларната вода и пената за лице на Пулп де ви, тоникот со 3 вида цинк на Новексперт и кремата со алое на Балеа. Ме интересира: прво, дали е добра оваа комбинација на пена и тоник? Второ, препорачајте ми некоја добра крема може и со спф, имам комбинирана кожа, но овој период ми е посува. Кожата ја осеќам чиста но недоволно хидрирана. И дали можеби треба да воведам уште нешто. Имам 23 год.
     
  20. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Молам да ми дадете мислење кои производи се посоодветни за да ги вметнам во рутина за комбинирана кожа, уморна и дехидрирана со периоди на хормонски акни (22 год) морам онлајн да нарачам па:
    од белина:
    Konopka Balancing Face Toner, Konopka Calming Face Cream, Anti-Ox Bluberry Serum, Oblepikha C Berrica Vitamin C
    од торба:
    Hemp Me Facial Cream, Revuele Expert+ Energy Serum (овој ми е сличен како Anti-Ox), Hyauronic Acid, Vitamin C, Rosehip oil

    сакам да направам нова рутина, периодов ја запоставив кожата имав рутина од макс 3 чекори Балеа мед гел за миење, салицилна киселина (на пати) и Балеа крема. Секакви препораки се добредојдени.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.