Пред одреден период ги открив сетовите на Clinique против дамки и брунки. Прекрасни се. Јас веке го користам вториот и сум презадоволна. Имам проблематиЧна и ептен осетлива коза, така да сетовиве ми се спас. Прво го користев овој малку бев утнала со типот на коза) не приметив каков сум зела, ама се показа како многу добар A сега го користам овој, и посто ми е прилагоден според типот на козата ми е усте подобар.
Насабајле лицето го мијам со Vichy гел за миење лице и со сунѓерче го тријам нежно. Потоа ставам крема за лице исто од Vichy. Ако треба да одам некаде се шминкам така што нанесувам помрсен крем, најчесто бекутан, нанесувам мат пудра од Manhattan, ставам корекор за подочњаци од Miss Sporty (којзнае од кај ми искочи меѓу шминкиве но многу го сакам и задоволна сум од него), маскара Golden Rose, на уста ставам вазелин па потоа кармичне или сјајче, бојата зависи Навечер прво го чистам лицето со лосион за вадење шминка на Cliven, па потоа истата постапка, го пијам лицето и ставам крема на Vichy
Многу добра работа за сува кожа, делува како крема и лосион во едно. Олдскул. Социјалка пудра, од која многу малку ставам. Просек маскара.
прво го мијам лицето со ладна вода .. го чистам со хлорамфрникол .. па ставам гарниер pure active крема ... онда глече за околу очи зш имам подочници ... лабело или вазелин на уста.. и маскара ... или креон .. и толку..пудри и такви ствари не поднесујем а у викенд кога искочам .. малку поинаку е .. тогаш ставам туш .. маскара креон .. и онда за вадење или со тампонче со вазелин или со влажни марамици
Го мијам лицето. И бидејќи имам чисто лице ставам само бекутан и толку Некогаш можи малку моливче и маскара
1.Го мијам лицето со вода и ставам од 2.маскара 3.моливче 4.пудра , ама само да подочњаците 4.понекогаш ставам и руж 5.ја ваѓам шминката со 6.потоа ставам
Па вака го мијам лицето со ладна вода , моментално става од кремата од АВОН ( еве и сликичка) Потоа ставам од дневна пудра од Гарниер Па ставам маскара и молив за очи И после напорен ден ја вадам шминката со влажни марамчиња или гел за чистење лице , плакнам со ладна вода и мачкам пак од кремата На усните ставам лабело кармин или сјај зависиии
1.Го мијам лицето со вода насабајле,без сапун. 2.ставам крема Бекутан,ако е ладно 3.Ако треба да излегувам ставам сјајче или лабело на уста,на очите понекогаш,не секогаш ставам маскара Навечер маскарата ја вадам со тоа што околу очите ќе ставам некое безбојно лабело,па со памук ќе поминам и се вади,го мијам лицето,ставам лабело пред спиење и толку.
Два до три пати неделно правам пилинг за лице од Авон од калинка. Потоа го мијам лицето со гел за лице, најчесто со овој на Орифлејм. Крема за лице: Гел за околу очи: Лосион за лице: Шминка за на училиште не користам, а за излегување малку пудра, моливче, маскара и нежна сенка за очи. Шминката ја бришам со најобични Бекутан влажни марамчиња.
Јас искрено и немам некоја којзнае каква рутина. Го мијам лицето со Dove сапун, ставам и крем за лице сто така на Dove. Доколку излегувам некаде нормално ставам пудра руменило.. доколку не, само лабело. Вечерта повторно сапун па крем и во кревет Да не се подречам ама немам проблеми со лицето и ова ми е доволно. Е сега знам од време на време да си направам маска со пченкарно брашно или некој пилинг, но тоа не спаѓа во дневна руитина, нели?
Јас изгледа најопседната со ова. Обавезно, наутро и навечер, миење со сапун за лице, павловиќева на очните капаци затоа што ми се лупат, помада на останатиот дел од лицето. Здраве по потреба, некогаш си правам ноќни сеанси кога целосно се шлакам. :geek: За шминкање обавезно помада, па подлога за пудра, коректор, течна пудра, пудра во прав и сега најново, тапкам малку камена. Сепак повеќе ми одговара само пудро во прав. Некогаш ставам и руменило, зависи од расположение. Можеби ви изгледаат премногу пудри, ама ако една од тие ми фали, мислам дека не се чувствувам баш нај, нај... Моливче за веѓи, маскара, некогаш моливче за очи/туш, ама ова многу ретко го практикувам за преку ден. Лабело си ставам обавезно. Навечер истото, само по обратен редослед - вадење шминка, миење, тапкање со крпа, хидратација и во кревет.
Наутро лицето го мијам со млака па ладна вода не користам ни гел ни сапун потоа ставам крем Од шминка користам за преку ден минимално течна пудра,коректор ако некаде имам нешто да прикријам,руменило,креон,мат сенка во некоја неутрална боја,маскара,лабело и кармин. Навечер ако имам шминка ја чистам со влажни марамици,потоа лицето го мијам со гел,па ставам тоник и крем,на устата ставам вазелин.
Наутро го мијам лицето со сапун со млакава вода.Еве овој Потоа ставам Бекутан крем за лице За на школо ретко се шминкам,ептен ретко ставам пудра и римел. А за излегување пудра,римел,туш за очи и молив за веѓи. Исто како и наутро така и навечер го мијам лицето со сапунот,но пред тоа со влажни марамчиња вадам ако имам шминка Незнам дали се смета,но еднаш неделно правам пилинг на лицето
Наутро го мијам лицето со нанесувам крема чекам да ми се упие дур јадам, потоа ставам пудра: коректор маскара руменило кармин или лабело Пред спиење или пред вежбање шминката ја отстранувам со и со памукче, па пак мијам со гелот на Шелер и нанесувам од кремата.
Мијам со Дав сапун со млака потоа со ладна вода,ставам Дав крем за лице и лабело од Орифлем и шибам. Доколку ставам шминка нормално прво течна пудра потоа малку камена на Т-зоната,туш за очи,креон престанав да користам бидејќи ми се размачкува,потоа маскара и руменило,за крај кармин и тоа е тоа. Шминката ја чистам со влажно марамче,а после тоа го мијам лицето со сапунот и право в кревет.
Прво го мијам лицето со Neutrogena 2 in 1, кој еднаш неделно го користам и како маска. Потоа ставам некоја матирачка крема, претходно имав од Oriflame, пред некој ден ја зедов оваа на Balea. Додека чекам да се впие се мијам заби и слично, потоа ставам пудра Seventeen, која не би ја сменила за ништо на светов Потоа ставам коректор и основа за сенка (ако се шминкам). Кога се шминкам преку ден ставам само туш, ама ретко тоа Секогаш ставам маскара, моментално ги имам овие две: Некогаш цртам веѓи, во зависност од формата, потоа ставам камена пудра, моментално имам една стара од Avon, во потрага сум по нова. За крај ставам малку руменило (и нијансата е оваа ). - Кога ќе се вратам, прво се бришам со Becutan влажни марамчиња, па се мијам со Neutrogena-та, па потоа ставам од тоников од Balea. Потоа ставам од кремата од Balea од погоре, а ако имам некое мозолче го користам чудово од Avon.
Го мијам лицето со ладна вода,па со гел,потоа ставам еуцерин крема,па се шминкам. Вечерта го бришам со влажни марамици од памперс,па го мијам со ладна вода и тоник. Навечер пред спиење ставам павловичева.
Наутро мијам лице со кремава и потоа нанесувам дневна крема од дуња Потоа течна пудра, туш и маскара, руж и црвен кармин. (целата процедура трае 7 минути, ако имам време убацувам и сенка и сјај, ама ретко, зашто сабајле спијам додека може и вообичаено имам 6 мин да се нашминкам и две минути да се облечам и излетам од дома ) Навечер/ после работа ја вадам шминката со „ракавицата на Божен“.
Утринска нега на кожата 1 чекор: миење на лицето Наутро обавезно го мијам лицето со благ крем за миење. Миењето на лицето е најважниот и базичен чекор кога станува збор за убава и здрава кожа, затоа што на пример наутро има за цел да ја измие маснотијата насобрана на кожата во текот на ноќта. 2 чекор: тонизирање Нанесувам убав тоник кој си го правам сама и го менувам во зависност од она што ми се допаѓа во моментот. (во една од следните статии ќе ви дадам предлог за три вида на домашни тоници). Последните неколку недели направив еден експеримент и наместо тоник наутро ставав чиста термална вода која знаеме дека е богата со сулфур и одлично влијае врз кожата и нејзиното здравје. Едноставно ја испрскував и ја оставав да се исуши и верувајте ми резултатот беше фантастичен. 3 чекор: хидратација Од големо значење е добрата хидратација на лицето со убава крема врз која нанесувам крема со заштитен фактор 50. Секако да не заборавам користам и крема околу очи. Вечерна нега 1 чекор: чистење на шминката Колку и да сум уморна, прво правило е обавезно вадење на шминката од лицето. Никако не легнувајте со шминка да спиете. Моментално како отстранувач на шминка користам домашен производ со алое вера гел и масло кој сама го правам. 2 чекор: миење на лицето Откако ќе ја отстранам шминката лицето го мијам со кремот за миење, затоа што на тој начин ја отстранувам маснотијата од производот за отстранување на шминка и ги мијам нечистотиите од кожата. 3 чекор: тонизирање Потоа нанесувам тоник за лице. 4 чекор: хранење на кожата На навлажнета кожа навечер ставам масло од пченични никулци во кое имам помешано етерично масло од рузмарин и врз него (откако кожата ќе го впие) нанесувам крема. Ставам крема за околу очи и на трепките нанесувам чисто рицинусово масло кое верувајте ми прави чуда за здрави и погусти трепки. Еднаш неделно правам пилинг и маска на кожата. Од пилинг во последно време ми се допаѓа оној што си го правам сама со кокосово брашно и кокосово масло за чувствителна кожа кој многу убаво ми одговара. Доста експериментирам со маските за лице, меѓутоа најчесто ја правам онаа со зелена глина, а ја обожавам и маската со црвено вино која дава фантастичен здрав сјај на кожата на лицето. Производите кои моментално ги користам се: Дневен и ноќен крем за избелување на кожата од Gamarde Масло од пченични никулци на Икаров Крем за миење на лице од Gamarde Крема за околу очи на Aloedermal Домашен отстранувач на шминка со алое вера гел Домашен тоник (правам разни видови) Термална вода на Gamarde Крема со заштитен фактор 50 на Gamarde