Јас мислам ова се премногу работи , доволни ќе ти се првите производи што ги пиша. Да знаеш серумот со витамин Ц на Натура сиберика содржи ретинол, мислсм доволeн ти е едниов серум од линијата anti ox bluberry. За акните штом се хормонски се средуваат само со терапија, ако беа друг вид акни ќе ти речев да го земеш лосионот на bereza од НС.
Здраво на сите Мојата рутина е следна: НАУТРО: 1. Пена за миење од Balea med 2. Becutan мноооогу тенок слој - колку да не ми е чудно после пената 3. Лабело за усни Carmex со екстракт од ванила НАВЕЧЕР: 1. Ако има шминка - ја вадам со мицеларна на Garnier со розово капаче 2. Истата пена за миење 3. кокосово масло ептеен малку - колку за исхрана на кожата во текот на ноќта (како замена за хидратантен крем, кој како што можете да забележите од цела рутина - го немам) 4. Zdrave кремата со цинк - нанесувам на лузни/флеки од акни (само по една точка, на самата лузна) 5. Рицинусово масло на трепки и веѓи 6. Carmex лабелото или неретко и Vaselin чист 7. Крема за околу очи на Neutrogena 8. Изработена маст од доктор - нанесувам на воспалени активни акни (ако ги има) *Ако лицето ми е помрсно и повлошено од акни (среќа, ретко се случува, те. кога ќе добијам менс), тогаш ставам раствор на алкохол со уште некои состојки во него (изработено по рецепт од доктор) и маста на активните акни. *Користам маски за лице, најчесто дома приготвени и тоа 3-4 пати неделно. Најразлични маски. Последна што ја ставив беше маска од зелена глина - презадоволна сум од неа. Митисерите ги снема. Имам неколку прашања, па ако не ви е тешко да ми одговорете. Би ви била многу благодарна: - Која хидратантна крема да ја купам за млада комбинирана до некогаш мрсна кожа и никогаш сува? Сакам да го сменам Бекутанот и знам дека е смешно што него го користам. Но, од други креми се плашам да не се силни. Предлог? - Со што го бришете лицето? Јас сакам да пробам да го бришам само со кујнска хартија / тоалетна. Дали ќе направам грешка? Досега инаку, само со крпа за лице што ми е се бришам и тоа ја менувам на 3-4 дена. - Дали треба да вметнам серум? И ако да, кој? - Дали треба да вметнам тоник, те. сакам да вметнам тоник, ама незнам кој? Инаку, досега користам чај од камилица претходно изладен и со тупферче си земам и тоа си го викам тоник. Дали и тука правам грешка? - Предложете ми нешто за “бришење“ на пеги. Како да ги намалам / отстранам? - И последно прашање, дали грешам некаде и што да сменам?
Здраво, не можам да ти бидам многу од помош, не сум стручна, ама некои од продуктите сметам дека треба да ги исфрлиш. Се чини како да си прилично млада, па и немаш потреба од премногу производи. Е сега, јас на ќерка ми не се осудувам да и ставам Бекутан, така што не би користела ни јас, мислам во составот имаат лоши состојки. Знам дека кокосовото масло ги запушува порите, па оттука и зрнца/акни така да фрлај го. Или ставај само на колена/лакти ако ти се суви. Друго, алкохол и производи со алкохол не се препорачува на лице Бришење на лице/шминка со хартија немој, прегрубо е и ја тегниш кожата. Немој ни со влажни марамчиња, ниеден дерматолог не дозволува Друго нека кажат поискусните, единствено некои лесни креми од Балеа или Натура Сиберика да си земиш (имаат прифатливи цени). За серум можеби ти е рано, не знам која возраст си. Поздрав
Најпрво, ти благодарам многу за одговорот. Бекутан ставам само од што не знам што друго би требало да ставам. И како најнежен и нели, за бебешка кожа, си реков нема да е проблем. Си помислив дека е најбезбеден, ама изгледа не било така. И за кокосовото не знаев дека може да ги заетне порите, мислев дека е за исхрана на кожата само. Ете ти грешка моја. Алкохолот ми е исклучиво само ако ми се влоши наеднаш лицето и е мнооогу мрсно. И е само по препорака на лекар. Не го ставам на целото лице, тука само на деловите со акните. За хартијата, мислев само со тапкање колку да ја впие водата. Ама, може е и глупава идеја, па крпата не ми бега. Влажни во никој случај. Фала ти мила, ќе обрнам внимание за сѐ што ми пиша.
Можеш со хартија, водата колку да ја впие. А шминка само со туфери за бришење шминка, понежна опција се. Алкохол не би препорачала, само ти ја суши кожата, кокосово исто, може да ти ги затне порите. Серум и тоник нема потреба, доколку сакаш едноставна рутина. Хидратантна обавезно, зависно до која цена бараш. На форумот многу се фалени производите на Dr. Konopka's и Natura Siberica, можеш да погледнеш на страната Белина. Колку што се сеќавам цените не беа премногу високи. Ќе ја означам @buba4e89 за помош, мислам дека има пробано повеќе од нивните производи.
Алкохолот ти ја дехидрира и пресушува кожата иако не го користиш постојано. Прекумерното лачење маснотија се случува кај комбинирана или масна ама дехидрирана кожа. Шминка чисти со нанесување на мицеларната вода со раце, после пената пак со раце. Излегува и така, не мора многу да ставаш количински. Или, натопи туфер со мицеларна, стави го на очите, нека постои, ќе ја разводни шминката, полесно се брише. Ама ако користиш водоотпорна шминка, можеби двофазен отстранувач би бил подобра опција. Друго, Бекутан има полоши состојки од многу други поскапи козметики. За жал, со оглед на тоа дека е бебешки крем. За твојата кожа balancing тонер со лаванда на Конопка и calming cream од истата фирма се одличен избор, не прескапи, ама одлични. Имаат и многу убав регенеративен крем за околу очи. Може да останат мицеларната и пената во рутината, ама се друго да исфрлиш. Кокосово масло за коса и за сува кожа, за твојата не е. Ако сакаш масло да користиш, тогаш земи од јојоба. Тоа е поефективно за масна кожа.
Според мене имаш премногу продукти во вечерната рутина а резултат? Бекутан, кокосово масло… не,не. Според мене малку продукти се доволни за да не трупаш кожата со се и сешто а да не немаш никаков резултат. Гелот за миење лице гледај да ти биде прва и основна обврска два пати дневно. Потоа во утринската рутина можеш да нанесеш серум витамин Ц за хидратација, за остранување на флеки од акни. Јас го препорачувам тој на Novexpert бустер но со оглед дека е солен тогаш би послужил тој на True Alchemy или пак на Catrice booster serum. Потоа крема за лице Натура Сиберика Софора Јапоника дневна крема за комбинирана кожа и на крај крема со спф. За крема со спф можеш да бараш поефтина варијанта, или пак на Лавера спф 30. Навечер можеш да направиш комбинација од тоник и серум,а можеш и само тоник и спрејот што го имаш и крема од Натура Сиберика Софора Јапоника ноќната крема. Серум нека биде салицилна киселина,а тоник Береза Сиберика зелениот. Направи комбинација во денови пример еден ден салицилна друг ден само крема за очи и маски. Не го трупај многу лицето, ова она нешто малку и минимално. Во однос за крпи можеш со хартија,јас си имам посебна крпа со која си бришам шминка и после со обична крпа си го бришам лицето. Ништо посебно не гледам околу крпиве. За кое масло од јојоба кажуваш,ако може и слика да ставиш?
На Биокосмос има, го фалат како добро за регулирање на мастењето на кожата. Барем мислам дека беше тоа, повели слика
@koritsaki @Annath Благодарам женски Тие продукти ми фатија око како за мојава кожа па цела листа ги пишав во случај некој да не знае едно подобро од друго Ќе пробам со тоникот и кремата на конопка и некој серум за поинтензивна хидратација па понатака ќе внметнам нешто друго.
@Mia Fuentes , @IM.TMKQ , @Annath , @buba4e89 Дами, ви благодарам ПРЕ-МНО-ГУ! Да знаете дека ќе го применам секој совет кој ми го пишавте. Сега за задача имам да се снабдам со производиве и да се обидам да создадам нова далеку подобра рутина од оваа што си ја имав досега. Нова сум во цело ова, па се надевам дека ќе оформам нешто свое и што би одговарало за мојата кожа. Најпрво ќе видам во ДМ маркет (бидејќи не знам кои точно брендови ги имаат кај нив од овие што ми ги пишавте), потоа ќе ги барам во аптека, а ако не ги најдам - тогаш ќе нарачам и онлајн ако треба. Секако дека после тоа ќе ја споделам и новата рутина со вас, а подоцна и резултатот / подобрувањето од истата. Благодарам
Во дм има производи на Натура сиберика. Во Космо исто , има и на Конопка. На bellina.mk можеш да ги најдеш сите производи онлајн
Нема на што. Јас само би додала, што поедноставна рутина тоа подобро. Многу производи не значи подобар ефект. Се надевам ќе се погодат производите.
Мајка ми ми купи четка за лице од ДМ на Евелин па сега ме интересира дали е во ред да го чистам лицето со пена за чистење лице и четката? Нема да е премногу агресивно? Иначе имам масна кожа.
На оваа мислиш најверојатно Јас не би ти препорачала чистење со таква четка, ми изгледа премногу агресивна. И плус бактерии фаќаат. Доволни ти се рацете
Да оваа четка. Ја пробав супер го чувствувам лицето ептен чисто ама некако како ептен агресивни да се влакненцата, не е мека. Дефинитивно нема да ја користам повторно.
Пред да ги купам, сакав да ја поставам овде рутината која планирам да ја имам. Во случај нешто да треба да снеман, па да не ми биде касно после тоа. Наутро: 1. Balea med - пена за миење лице 2. True Alchemy - серум со витамин Ц 3. Konopka's - calming крема за лице 4. ..... - тука ми фали крем со спф 30 (за деновите кога излегувам надвор од дома)? 5. Carmex - лабело за уста Навечер: 1. ..... - мицеларна вода (ако имам шминка), предложете ми која? 2. Balea med - пена за миење лице 3. Bereza siberica - тоник за мрсна кожа склона кон акни 4. Natura Siberica - Sophora Japonica ноќна крема за лице за мрсна и комбинирана кожа 5. Neutrogena - крем за околу очи 7. Рицинусово масло - трепки и веѓи 8. Carmex - лабело за уста Мислења и препораки се повеќе од добредојдени Едит: Планирам ова да ми е секојдневна рутина, секој ден - буквално. Дали е така правилно или треба по некаква шема да правам? А, нешто за пеги кои ги имам на носот и кои не ги сакам?