За СПФ ако сакаш пигментирана крема тогаш на Моса СПФ 30, исто има и од Леврана СПФ 30 две варијанти: непигментирана и пигментирана. Како што читам Леврана дава сув ефект на лицето, а Моса е повеќе хидратантна. Моја препорака за мицеларната вода од Оливал. Има едноставен и избалансиран состав што одговара за мрсна и комбинирана кожа. Одлично ја отстранува шминката од лицето и особено е нежна за очите.
Мицерална јас оваа ти ја препорачувам, јас со м.вода го бришам лицето од како ќе ја извадам шминка За крема со спф или Mossa со спф 30 или И двете се пигментирани
Дали е во ред пред нанесување на витамин Ц и ниацинамид, што ставам тоник на афродита? Наутро мијам лице со гел, па ставам тоник, витамин Ц, па крема со фактор. Навечер исто, мијам со гел, (ако сум имала шминка, прво со мицеларна), па тоник, ниацинамид и крема за хидратација. Во ред ли е вака?
Дали според вас вреди да се даде 4000ден+ за персонализирана рутина од Магнолија со производи од Bellina? Гледам на инстаграм убави резулати, па се мислам да побарам и јас, но не знам дали вреди. Има некој искуство, лично или туѓо, или барем мислење? Благодарам
Јас ги следам coslovemetics исто и тие прават персонализирани рутини и барем кај нив имаш скала до која цена можеш да си дозволиш и според тоа ти даваат производи во зависност каков проблем имаш ,за таа сума. Меѓутоа јас повеќе преферирам да си направам самата рутина од производи кои се наменети за тоа што мене ми треба и навистина ми помага и има резултати, сметам дека кај персонализирани рутини гелот за чистење и мицеларна вода за навечер или маслен чистач тоа може и сама да го составиш , исто и хидратантна крема и СПФ, бидејќи тие само ја хидрират и штитат кожата , гелот и мицеларна вода ги отстранува нечистотиите, додека резултатот за проблемот кој го има твоето лице е од серуми, ексфолијатор, креми стриктно наменети за некој проблем на лицето итн , па нема потреба зошто да дадеш толку пари.. Тебе за што ти треба стриктно рутина?
@LovelyGirl3 јас имам убаво искуство со нејзина рутина. Сега ги трошиш 4000-5000 денари после само ќе си надополнуваш како што се трошат. Млекото за чистење, тоник и спф ми траат 2-3 месеци, гел 5...
Можеш и сама рутина да направиш. Не е ништо тешко ниту комплицирано. Само малку време за истражување кој производ за што се користи, како се користи и комбинира со други производи. Секој може да го научи она што тие го знаат, секако не се дерматолози. А ако веќе сакаш стручно мислење, тогаш би ти рекла подобро кај дерматолог. Некогаш и со помалку правилни производи можеш ефект да постигнеш. Многу производи не значи подобар ефект а многу често лица кои работат со спонзорства, сакаат да ти продадат што повеќе производи.
Напиши ни тука каква кожа имаш и ќе ти помогнеме ние членките, па сама ќе си купиш продукти од Белина. Иначе, од Белина се е убаво и на поприродна база. Мене корејската козметика не ми се допаѓа па лично не би пробала ништо од нив, но тоа е личен избор. Јас не би дала ни цент за Магнолија ако тука најдам корисни совети.
Јас 10+ години веќе се борам со акни. На почеток ми излегуваа на челото, сега на образите, брадата, еве од кога ги вратив шишките пак и на чело излегуваат. Во последно време ми се потсмирија малку, но лицето ми е шарено, имам неизедначен тен и многу темни дамки на образите/лузни. Имам мрсно лице, кожата не ми изгледа здраво. Сакам да го спречам појавувањето на акни, да ги отстранам темните дамки, да го изедначам тенот и кожата да ми добие здрав и сјаен изглед.
Можеш да почнеш прво со гел за миење лице. На ваков почеток јас користев на Биодерма ама можеш и од Белина, ќе ти напишам па ти одлучи што да земеш. - True Alchemy Proteins гел за миење лице, ако нема во продажба тогаш Ла роше ефаклар плавиот. Потоа Ниацинамид + Хујалуронска киселина (хујалуронската на влажна кожа), крема за лице + крема со спф. Имаш серуми на the ordinary, revoks, true alchemy Ова за дневна рутина Ноќна рутина: Гел за миење лице Салицилна киселина Хујалуронска киселина Крема Од креми ти ги препорачувам: Биодерма Хидра Био, Натура Сиберика Софора јапоника дневна и ноќна, So bio etic rich cream. Од креми со спф: Лавера 30ка, Мадара 30ка. Ова е рутина за три месеци отприлика, ниацинамидот може да не ти се погоди и да ти прави проблем и може да се замени со витамин Ц само нема да ставаш потоа хујалуронска киселина. Ако не ти прави проблем можеш да продолжиш со користење. После тие месеци можеш да земеш витамин ц ( јас го препорачувам тој на Novexpert) за флеки и акни и е предобар. Солен е но вреди. Салицилната на Ревокс ја имам пробано и многу ми помогна,а сега видов дека ја има и на The ordinary.
Пробај со трио цинк линијата на Novexpert. Гелот, флуидот и спрејот ги користам константно 2 месец и ефектот е повеќе од очигледен. Јас немав огромен проблем, но толку многу ме нервираа што од маските константно што ги носам, што од преголем стрес се нафрлав веднаш. Ќе видиш после недела дена првични резултати дека има.
Женски, Ве молам за мислење. Чистам лице со пена на Estee Lauder, користам Aqualia thermal rich cream од Vichy за лице и за околу очи. Кремите со фактор ми прават алергии, сите до една, имам пробано од повеќе брендови, но ми се јавува некое не пријатно пецкање и чешање. Може да ми предложите некој серум за лице, само да не е прескап, за комбинирана кожа, 35+ П.С и имам пишано на Магнолија ама ништо одговорот... Благодарам
Тогаш подобро прво испитај хормони и полицистични јајници , па ако нема ништо од тоа , тогаш ти препорачувам да го земеш серумот на some by mi snail truecica. Јас го користам само 4 дена и буквално сите акни ми ги исуши , почнаа многу да излегуваат и со црвенило и болни на допир, сега веќе се сите исушени , серумот се користи и за флеки , црвенило, акни и брчки исто така.
@LovelyGirl3 пред да купиш било што , испитај хормони тоа нека ти биде најпрво нешто, зошто некогаш е џабе што и да мачкаш кога внатрешно е проблемот
Точно , мене ми се случи од салицилна киселина наместо да имам подобрување почнаа да ми излегуваат премногу болни и големи акни. Што значи ако станува збор за бактериски акни некои киселини доведуваат до контраефекти наместо подобрување, и само што престанав да користам веднаш се смирија.
Што сакаш да адресираш? Тоа е поважно при одбирањето на било кој производ, не возраста. Инаку, дали си обрнала внимание дали тие креми со СПФ се физички/минерални (филтрите против сонце се цинк оксид и титаниум диоксид), хемиски/органски (има поголем број на филтри) или комбинирани (мешавина од двете)? Кај нас најзастапени се хемиските/органските и комбинираните, па ако си ги погодила такви, а не ти одговараат нивните филтри, сеедно е од кој бренд се... Пробај да најдеш чисто физички/минерални креми. Негативната страна кај овие е што во поголема или помала мера оставаат бел слој на кожата. Со цел да се намали тој ефект побарај со нано честички или што истовремено имаат и покривност. Само имај на ум дека иако кремата е со покривност, пак треба да ставиш подебел слој, односно количината треба да е иста како за крема без покривност: околу 2 цели прсти за лице+врат. Јасно ми е дека не секоја крема со покривност „дозволува" да ставаш толку количински, ама ако ти одговараат минералните креми и ти смета белиот слој, пробувај од тие со покривност додека не најдеш некоја која ќе можеш да ја ставаш во толкава количина...