За овој период од годината направив мали измени во мојата рутина за чистење и нега на лице. Дневна рутина: 1. Olival мицеларен гел/млака вода (зависи како ја чувствувам мојата кожа) 2. Some By Mi AHA-BHA-PHA тонер 3. Eucerin Oil Control SPF 50+ Ноќна рутина: 1. * Оlival мицеларна вода (кога немам шминка) * Olival мицеларна вода + Olival мицеларен гел (двојно чистење кога имам шминка) 2. Some By Mi AHA-BHA-PHA тонер 3. Bereza Siberica гел-крем 4. Рицинусово масло за веѓи 5. Alverde лабело од праска за усни 2 пати неделно маски за лице: Mossa Glow Cocktail Brightening Hydro Mask Bereza Siberica Pore Minimising Face Mask
Olival мицеларниот гел и тонерот на some by mi AHA BHA PHA се многу добри , а исто и серумот од some by mi AHA BHA PHA.
Навистина се многу добри и јас потврдувам. Тоникот го користам само 2 месеци, ама сум презадоволна. Серумот не го имам пробано.
Нема да згрешиш , плус околу три месеци ми траеше и многу помага за акни, за осветлување на тенот и смирува црвенило. Сега го користам snail truecica од црвената линија и тој е предобар.
Не знаев каде да го поставам прашањево.. Дали наутро го миете лицето само со вода или со гел/пена па нанесувате крема? За навечер секако мицеларна/маслен чистач, гел/пена па крема
Зависи од кожата. Ако имаш мрсна кожа може ќе имаш придобивки од миење со гел и наутро. Ако не ти сменува ништо, најдобро е само со вода. Јас сосем малку од гелот нанесувам колку да не биде само со вода, а длабинско чистење не ми одговара, ми ја пресушува кожата.
Уфф, тогаш тој период кожата ми беше многу мрсна. Сега после толку години, шанси нема да ми одговара, скроз ми е сменет типот на кожа. Најверојатно ќе треба да го пробаш, но ако имаш мрсна кожа би требало да ти биде добар. Термалната вода е супер, друго не се сеќавам што користев, мислам дека беше крем за лице со заштитен фактор. Некако гелов и сапунот за лице не знам дали и колку ќе одат заедно зашто самиот гел е доста моќен. Сапунов го немам користено, ама општо земено не ми се покажале како некое добро решение, какви и да се. Пробај си сепак и види како ќе ти одговара, или што ќе ти изгледа како подобра опција за твојата кожа.
Јас имам комбинирано лице,гелот го земав поради цинк во составот,не можам веќе со акниве Не сум користела производи исклучиво за масна кожа ама полудев. Ќе го користам само еднаш дневно за почеток. Инаку прво почнувам со Авене само,ова другово за секој случајако не се погоди нешто Се одеднаш е премногу секако. П.С Како ја користеше термалната вода? Фала ти
Гелот на Авен многу пати го имав користено, кожата ми беше баш мрсна пред неколку години , супер ми беше. Сега ми е накај комбинирана, ама не сум го користела срга скоро да ти кажам. И мицералната и спрејот ги имам користено. Ми се допаѓаа многу, јас термалната вода ја користев пред и по шминкање, летен период поготово. И на Лавера тоа 3во1 го завршувам моментално, многу е убаво значи и пилинг е и маска и гел , јас секојдневно како гел го користам
На еден одмор ја купив прв пат, си прскав од неа кога се прибирав од плажа навечер. Кога не носев шминка го освежував лицето со неа, а најчесто ставав пред да нанесам хијалуронска киселина, за кожата да биде влажна. Реално, истиот ефект за последново се постигнува и со обична вода па некако ми здосади и не зедов пак.
Моментално ваква ми е рутината: АМ: Се проаѓам со тонер со внатре капки од чајно дрво. После некое време се проаѓам со jade roller ладен од фрижидер Хилајуронска киселина на revox Крем за под очи на Balea aqua augen roll-on и ако имам време крем ставам на Garnier Hyaluronic aloe jelly PM: Со гел cleanser на balea се мијам ако сум носела шминка, ако не само со тонер. Секоја втора вечер ставам салицилна киселина и истиот крем за под очи. Еднаш неделно ставам и AHA серум-от од Ревокс и маски од дм, испробувам различни Со оваа рутина ми се исчисти доста кожата ама уште ми е така некако безживотна и тенот не ми е убав, изедначен. Да ми предложите што да пробам бар природен некој сјај да добијам?
Серум со витамин Ц би ти дал природен сјај на кожата. Можеш да го вклучиш во ноќната рутина деновите кога не ставаш салицилна киселина. Ти недостасува заштитен фактор во утринската рутина. Се препорачува да се употребува додека се употребуваат хемиски ексфолијанти, ретиноиди и витамин Ц.
Дали може некој да ми каже кога и како се користат овие два производи? Ги купив заедно на акција, од задната страна има налепница баш кај упатството за употреба. Дали има потреба уште нешто да нанесувам?
Порано бев во тек со новостите околу нега на лице, сега ептен се запуштив и немам појма што да купам. Имам комбинирана кожа, склона на црвенило и розацеа, релативно без проблеми, само црнки на носот и по некое брумче од двете страни на брадата. Инаку сум во рани 30-ти години. Ќе ве замолам за помош околу градење на добра ноќна и вечерна рутина. Единствено не би ги менувала гелот за миење и кремата за лице од розевата колекција на Биодерма и не би вклучувала хилауронска киселина, затоа што секоја ми ја активира розацеата. Фала ви и многу би ценела доколку некоја од вас одвои време да ми помогне
Вечерна рутина: чистење со мицеларна вода, миење со гел, азелаинска киселина, крем. Земи ја розовата мицеларна вода од Биодерма штом ти одговара гелот од таа линија. Азелаинска киселина од The ordinary или Revox. Има и од Cos de baha, ама содржи и хијалурноска киселина. Утринска рутина: миење со гел и крем со заштитен фактор наменет за кожа склона кон појава на розацеа. Кој крем го користиш од Биодерма? Мислам дека имаше неколку различни од розовата линија.