Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.560
    Допаѓања:
    106.285
    Пол:
    Женски

    Штом ти се добри кремата и гелот за миење, не ги менувај.
    Јас би рекла , масло/балм за двојно чистење лице, па гел, тоник, крема , крема за очи. И толку.
    Крема за очи на Конопка (таа во зеленото пакување) , масло има во ДМ едно на Балеа но тоа јас не сум го пробала или балм на Natura siberica , јас обавезно вака го чистам особено ако наутро нанесам спф. Тоник можеш овој исто на Уртекрам

    [​IMG]
     
  2. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Азелаичната киселина на Revox ја користев, фина ми беше. Може да ја земам пак.
    Sensibio AR на Биодерма ја користам доста долго време, на периоди ја менував со Балеа Med Ultra sensitive.
    Сакам нешто со anti aging ефект да вклучам. Исто и некое масло затоа што решив пак да ги уклучам ролерот и гуа ша ( знам дека нема којзнае каков ефект врз кожата, но баш релаксирачки ми делуваат навечер). Да не имаш некој предлог за препарат против стареење и масло?


    Маслото за двојно чистење од Балеа веќе го користам, обично само кога имам шминка, а тоа е мнооогу ретко. И супер ми е. Иако, отворена сум и за други предлози :)
    Дали производите на Конопка ги има во ДМ? И ако не ти е тешко може слика од кремот за околу очи.

    Би те прашала и тебе доколку имаш предлог за производи со антиејџинг ефект и масло за лице за масажа?

    Фала ви девојки на одвоетото време.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.560
    Допаѓања:
    106.285
    Пол:
    Женски

    [​IMG]

    Ете ја кремата на Конопка. Сега ја користам оваа
    [​IMG]
    Оваа на НС има ретинол внатре. Па оваа ја користам само навечер иако на неа пишува дека може да се користи два пати дневно. А таа на Конопка нема антиејџ состојки и е нешто погуста од другава.

    Масло немам користено до сега на лицето , немам искуство. Овие производи ги има и во Космо и во ДМ , а можеш и онлајн да ги порачаш
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ако бараш со анти-ејџ состојки крема за околу очи топло ја препорачувам на So bio etic argan oil eye cream. Одлична е.
    А таа на конопка освен хидратација друго ништо не нуди.
    9B2027D9-8961-4166-A81C-77B799E63F54.jpeg
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Би можела витамин Ц или некој ретиноид да користиш против стареење, но со пониска концентрација и тоа само ако ти е доволно зајакната кожата. Ќе треба многу да внимаваш. Прво да направиш patch test и ако немаш иритација полека да воведуваш во рутината. Исто можеш да користиш ресвератрол и пептиди. За масажа може да пробаш масло од шипка.
    Која од состојките погоре би сакала да ја користиш?
    Заштитен фактор нанесуваш наутро?
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Од прилика знам што би требало да користам, повеќе ми треба помош при изборот на конкретен производ ( кој витамин ц, кој ретинол и сл.).
    Гел- кремата на Frezyderm ја користам за заштита од сонце, иако искрено од ноември навака ретко ја ставам. Само кога подолго време сум надвор.
     
  7. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Те прашав што би сакала да користиш за да ти предложам производи. :)
    Немој да користиш повеќе серуми паралелно за да не си направиш проблем. Заврши со еден серум, па почни друг ако сакаш да пробуваш различни.
    Заштитен фактор нанесувај секој ден затоа што е еден од најдобрите начини да ја заштитиш кожата од стареење. :)
     
  8. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    некој дали го користел гелот за миење лице, па може и да ми препорачате некој за месна кожа склона кон акни што ги намалува порите
     

    Прикачени фајлови:

  9. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Не постои баш производ за таа намена затоа што порите не се намалуваат. Тие треба само да ги одржуваш чисти со што би ја намалила нивната видливост.

    Предлог за чистач: https://www.bellina.mk/p/992/natura...a-sklona-kon-akni-145-ml?category=recommended
    Предлози за маски:
    - https://www.bellina.mk/p/1452/bereza-siberica-maska-za-namaluvanje-na-pori-za-mrsna-kozha-100-ml
    - https://elloxy.mk/?product=innisfree-jeju-volcanic-pore-clay-mask-100ml

    Маска можеш да практикуваш еднаш до двапати неделно. Салицилната киселина исто така служи за чистење на порите. Ако се одлучиш за неа, тогаш можеш да пробаш тоник или серум со салицилна киселина.
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    ти благодарам но ги користам серумите на ревокс ги имам пептиди салицилна и ниамицин и сум благодарана многу бидејќи се покажаа доста одлични на мојата кожа само што сакав нешто за да можам да го миам лицето насабајле и навечер бидејќи користам глицирнки сапун но тој ми ја пресушува кожата и затоа сакав да сменам, фала ти уште еднаш ке купам некој од обие што ми ги препорачуваш :hug:
     
    На simoncelicius и Reina.Gitana им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Немој сапун, земи некоја пена за миење. Може и некој чистач пред пената, за навечер. Со двојно чистење ќе имаш уште подобар ефект од серумите, а доволно е само навечер да го применуваш.

    Јас лично користам млечен чистач со магнезиум и пена со витамин Ц на Новексперт, оти ми се доволни, не користам многу шминка. Ти на пример, може да го земеш двофазниот чистач на СоБиоЕтик од Белина, околу 680 денари е 500мл, стварно е исплатлив за цената. И јас го зедов да го пробам, иако не користам водоотпорна шминка, а за таква е наменет. Пена за лице може било која, оти се понежни од геловите и сапуните. Ако ти е цената проблем, пошто на Новексперт и СоБиоЕтик се поскапи, има и средства со поповолна цена, на пример мицеларната на Оливал и пената за лице со масло од смил.
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    ти благодарам многу ги имам разледувано тие на новексперт и се доста скапи и ги гледав тие на оливал ама незнам дали ќе ми одговаараат на кожата барав мислења тука ама не најдив и не ги купив планирав некоја пена за миење на балеа, ги имаше две една е розова една е плава па сакав да ја земам плавата сепак фала ти ќе разгледам и ќе ги купам тие на оливал
     
  13. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам мицеларната вода на Оливал и можам да кажам дека е една од најдобрите мицеларни, не ми направила никаков проблем. Има таков едноставен и избалансиран состав што биди сигурна дека супер ќе ти одговара на кожата. Инаку јас имам комбинирана кожа склона кон акни. Имам пишувано баш за неа пред некое време.
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    ќе сакаш да ми пратиш слика да ја видам мицералната па и пената ако ја користиш бидејќи најдив една ама мислам дека ги има неколку пени, па би сакала ако можеш да ми ја кажиш, сепак фала ти.
     
    На Reina.Gitana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Мицеларната: https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-micelaren-rastvor-smil/
    Пената не ја имам пробано, но искрено периодов ми е во wishlist, па следна нарачка сум во план да ја купам. Еве ја пената: https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-micelarna-pena-smil/
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    фала ти многу, се мислев едно време да земам некој производ на оливал но не ги знаев дали се ефикасни сепак фала уште еднаш ќе купам и ќе видам резултати. :hug:
     
    На Reina.Gitana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Одлични се, јас имам комбинирана кожа, ептен ми "легнаа" и мицеларната вода и пената. Мицеларната вода е во големо пакување, 500мл, навистина се исплати.
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    6.980
    И јас потврдувам за мицеларната на Оливал, нема поубава, пречисто и премеко е лицето потоа.

    Туку, јас да прашам за препорака за масло за чистење на лице?
    Го купив за старт на Балеа синото, ама воопшто не сум задоволна, ништо ама баш ништо не ми вади, а јас и не користам тешка шминка, на секаков начин пробав.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.560
    Допаѓања:
    106.285
    Пол:
    Женски

    Јас сум презадоволна од ова моментално го користам

    [​IMG]

    Наредно во план ми е да го земам тоа на Novexpert , многу го фалат. Тоа е нешто поевтино од тоа на Mac. А ова што го користам вади перфектно шминка и најважното според мене, не го замаглува видот. (Со повеќето чистачи ова ми се случува)
     
    На buba4e89, macor24 и Калатеа им се допаѓа ова.
  20. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    @Biodevojka здраво, што мислите за овие производи за секојдневна употреба за дневна и вечерна рутина
    1. Чистач Screenshot_20220222-214743_Instagram.jpg Screenshot_20220222-214908_Instagram.jpg

    2.тонер Screenshot_20220222-214908_Instagram.jpg
    3.крема со спф 50 Screenshot_20220222-215002_Instagram.jpg
    Ноќна рутина:
    1. Мицеларна вода Screenshot_20220222-215202_Instagram.jpg
    2 чистачот, 3 тонерот
    4.серум Screenshot_20220222-215334_Instagram.jpg
    5. Крема Screenshot_20220222-215517_Instagram.jpg
    Ми ја препорачаа оваа рутина, ама би сакала и ваше мислење
    Исто и овој чистач ми го препорачаа
    Screenshot_20220222-215706_Instagram.jpg