@koritsaki Да не барам наназад по страниве, би те замолила да ми кажеш што користиш за лице? Јас имав мешана кожа на лицето , само т- зона ми беше мрсна ама сега кога станувам насабјле цело лице ми свети. Тоа што го имав и користев досега би требало комплетно да го сменам. Користев Nivea antiageing крем, по препорака, можеби има врска тоа со променава? Што ми препорачувате? По можност да не се онлајн производите?
Не сум @koritsaki ама да кажам и јас. Користам ла роше посеј гел за миење лице,ставам мат серум на Детокс камчатка и крема за лице,крема со спф 15 на Леврана. Навечер ставам од тоникот со салицилна киселина на Моса и салицилна киселина 2% и крема. Оваа рутина за навечер ако имаш акни и ти одговара на лицето. Тешко се скротува мрсна кожа треба да се одржуваат порите чисти нон стоп и балансот на себумот ќе е во граници на нормалата.
Фала ти @buba4e89 Не сум имала проблем со акни, ама последниве 2 недели почнаа да ми излегуваат : едно на брада, па ќе помине, па на чело следното.... Можеш да ми пуштиш слики од производиве ако не ти е проблем? Ако не ќе барам на нет ...
Ла Роше барај го во аптеки,другото во Белина, а ревокс го имаш во Дм. Ла роше најчесто е на попуст во Аптеки МаријаГален фарм. Кремата на Со био етик е за нормална до сува кожа јас имам мрсна и многу ми одговараше, особено во зима дека е хидрантна. Оваа е рич,а има и лајт верзија која е наменета за комбинирано мрсна.
Да не користиш производи што ти го сушат мн лицето? Јас често вака менувам производи бидејќи сакам да пробам нови работи , особено кога се работи за лосиони , гелови или пени за лице.. Моментално го користам гелот за лице од линијата на НС со вит Ц, не ми ја суши кожата ама мириса многу лошо и не би го земала пак. Јас би ти ја препорачала да ја пробаш кремата за миење лице со боровинки од Натура сиберика или на La roche posay овој гел Друго, имав серум и крема на Мадара ама ми се потрошија , па сега дотрошувам една крема шѕо ја имам на Clinique moisture surge 100h , гел крема е и супер ми е. Лосион за лице користам на Mossa со салицилна киселина. Планирам да си земам за сабајле серум на вит Ц , најверојатно на La roche posay го имам користено и супер ми е. Спф обавезно користам по кремата и тоа е
@koritsaki @buba4e89 Ми е срам да ви кажам дека барав совет а ништо од понуденото не купив Таму каде што знаев дека има производи од Ла Роше, затвориле На друго место отидов каде немаше ништо од горенаведеното па ми ги предложија овие Ако сте запознаени , слушам рецензија и критика
Пробај ги,прво пената па тоникот,па кремата па спф. Иначе не сум слушнала за овој бренд. Во странство си? Ако да,можеш и од lookfantastic,caretobeauty да си порачаш дел од продуктите. А иначе можеш и од notino.com ако имаш опција.
Да, по тој редослед ми кажаа и таму. Ќе ги пробам па ако не ми одговараат ќе порачам на некоја од странициве. Фала ти сепак
@buba4e89 ми го спаси лицето. Некои флеки уште стојат.Ама гадните точки ги снема.И прв ПМС во овие 6 години, а лицето да не ми е како јагода. Рутинавс е следна: Насабајле, ако ми е мрсно го мијам со пенава прво после ставам ниацинамид на Ревокс Па крема Нивеа Софт навечер: пак со пенава и ставам салицилна 2% исто на Ревокс.И на мајка ми некоја си крема Нивеа Хидра, бидејќи уште немам земено хијалуронска киселина
Да си земеш 30ка фактор и да си ставаш,после кремата за лице. За флеките земи Витамин Ц, ако ти е прескап на Novexpert на Катрис има vitamin c booster и не е повеќе од 300-400 денари.
мајка ми имаше на Др.Витон и ептен ми одговараше.. сеа да сликам исто ќе ми личи лицето..како пред да ставам било што. Ама и во огледало кога се гледам, и кога се допирам има разлика
Здраво, во потрага сум по дневна и ноќна крема за лице 30+, да не се многу скапи. Имам комбинирана кожа, масна на т зоната. Читам наназад ама не можам да се одлучам. Од серуми користам наутро витамин ц, а навечер наизменично ниацинамид и хијалурон, сите на ревокс.
Наутро после серумот ти треба крема со спф. Добри се тие што ти ги препорача @Kjara15 само што зелената крема е гелеста и брзо се впива за разлика од ноќната која е погуста. Јас исто би препорачала само крема со спф да земеш на пример на Levrana mat со поголемо спф 30 пример.