Ви благодарам на двете за препораките, ме интересира само од Levrana покрај во bellina каде може да се најде на друго место?
Девојки ќе може ли предлози за дневна и ноќна рутина. Мешана кожа со многу суви образи и под очите ми е сува. Да биде и антиејџ за 30+ години.
Моја препорака се овие на пример, можеш да ги комбинираш и користиш наизменично. Сос серумот ќе ти помогне за сувоста, а кремата на конопка за хидратација околу очите. Најдобро е после серумите да имаш крема со спф.
Јас сум многу задоволна од Eucerin Oil Control SPF 50+ кремот за заштита од сонце. Мене лично ми одговара и скоро 7 години не го менувам за ништо. Други производи кои ги имам порано пробано од Eucerin како гелови и тонери не ми се погодија и ми ја сушеа кожата.
Мене кожата моментално ми е многу сува,особено кај челото. Производите на bioderma,uriage не ми одговараат,а ја купив цела колекција за хидратација и џабе. Кремата што ми ја препиша дерматолог е за ноќна употреба и ми е при крај,ми го смири црвенилото и перутењето на кожата и ми препорача да продолжам со креми за хидратација.
Пробај вметни во рутината хијалуронска киселина, еден период кожата ми беше препресува, со хијалуронска ми се препороди. Што се однесува за еуцерин производите сите се добри само што треба да погодиш дали производот ти одговра и е за твојата кожа, во спротивно суши и се појавуваат иритации
Масло за отстранување шминка од Балеа, мицеларна вода од Gerovital H3 hyaluron или од Оливал со смил. Гел Balea MED ultra sensitive или пена со смил Оливал. Тоник Geek&Gorgeous liquid hydration 5% panthenol+NMF toner или Pyunkang Yul mist toner. iUNIK propolis vitamin eye cream или Gerovital H3 retinol eye cream. Крем со заштитен фактор од Фрезидерм SPF 50 или Еуцерин Photoaging control SPF 50. Ноќен крем Neutrogena hydro boost sleeping cream, Gerovital H3 hyaluron C или Eucerin hyaluron filler (сребрениот). Серум Revox JUST resveratrol + ferulic acid. Овој серум можеш да го мешаш со суспензијата со 2% витамин Ц од Revox. Наутро: гел/пена, тоник, крем за околу очи, крем со заштитен фактор. Може да нанесеш од ноќниот крем само на образите пред заштитниот фактор ако имаш потреба. Навечер: масло/мицеларна вода, гел/пена, тоник, серум, крем за околу очи, ноќен крем. Кои производи те интересираат? Кои производи си ги користела и кои ти одговарале, а кои не?
Женски гледам има попусти доста до 30% на овие органскиве како пр. Др хаушка, биодерма и слично. Сакам да купам дневен ноќен крем,лосион и слично. Кожава ми е на моменти комбинирана на моменѕи сува. Јас би сакала хидратација. Да дадам живост. Некој предлог ? @koritsaki можеби знаеш ти
Bioderma креми , серуми немам користено, од Хаушка , Мелиса кремата многу пати ја имам користено и е одлична , и дневна и ноќна крема е. Лосион можеш да побараш исто од Др.Хаушка и тој ми се допаѓаше многу. Во вид на спреј е. За средство за миење имаат крема од бадеми, ама не се користи како останатите др гелови за миење, се користи така што се тапка со прстите на кожата, не се трие лицето. Јас го сменив зошто имав чувство дека лицето не ми е измиено како што треба. Серум имаат еден ноќен , го користев некое време ама не е баш хидратантен , не ти го препорачувам. Гел за лице можрш розевиот на Биодерма да го земеш
Девојки,помогнете ми да одберам крема. Имам рутина од Магнолија. Ги нарачав сите производи само кремата на Mossa ја нема. Наместо таа која хидратантна крема да ја купам? @buba4e89 можеби знаеш да ми предложиш нешто за сува и дехидрирана кожа? И да прашам. Зошто многу неможам лесно да ја размачкам кремата со фактор? Како уште повеке да ми го суши лицето.
Не се лоши продуктите, јас би ја препорачала оваа крема за сува кожа. Ако некоја крема ти е премногу густа стави помала количина,ако ти ја перути кожата тогаш не ти одговара.
Сакам да купам дневна,ноќна крема за хидратација,лосион/пена за миење на лицето и крема со заштитен фактор на еуцерин.Искрено незнам кој производи точно ми требаат,ми треба препорака ваша,секој совет е добредојден ☺️ Последно ги користев овие производи и не сум задоволна
@Tinka2304 за дехидрирана кожа, дефинитивно серумот SOS од Мадара. Може е поскап , ама споро се троши и е навистина баш хидратантен серум. Јас го потрошив пред една недела. Има и крема од истата линија ана не сум ја пробала. Тоа средството од Нс за миење лице е многу убаво, јас го обожавам. Која спф ја користиш? Земи ја на Моса пигментираната со спф 30, нема воопшто суво да ти биде лицето
Спојлер: Дневна рутина Спојлер: Ноќна рутина Ако имам шминка Па горе мицералната пења од оливал Па тонерот горе од алверде Гледам да го дотрошам серумот, не ми е баш погоден. Крема обично иста ставам а некогаш ја ставам нивеа ноќна маска . Само малце е мрсничка и не ми одговара секој ден, па барам друга крема негде на средина да е. Проблемот е шо сепак ми е некако суво и затегнато лицето, Порано ми беше мрсно обично летно време, сега не можам да го хидрирам шо и да ставам. А страв ми е да ставам нешто помрсно за да не ми излезат акни и црнки.