Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    здраво девојки, еден совет, почнав да користам розова линија на балеа за сува и чувствителна кожа и ми се погоди многу, за овие 2 недели користење. прво мијам со нежен гел за миење лице (од пилингот ставам 2 пати неделно) потоа ставам тоник и на крај аква серумот од балеа (синиот), доволно ми е вака престанав да користам крема, ова како ефтина варијанта ми се погоди и задоволна сум. Поради мали флеки од акни, црвенило и ситни брукички како поткожни вруќаници , сакам да земам серум ревокс со ниацинамид
    (читајќи ваши коментари)
    па ако може редослед за користење на производите
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Не користиш крема нормално ќе ти се прават дополнителни проблеми.
     
    На koritsaki и rarepearl им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    Да почнеш да користиш и крема плус крема со заштитен фактор 30 или 50
     
    На rarepearl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    каква крема и каков редослед на веќе воведените продукти плус да воведам и серум ревокс со ниацинамид
    п.с мислам дека серумот аква синиот ми доаѓа како крема дека доволно ме хидрира
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    Не можеш само серум , мора потоа крема , па крема со фактор. Значи за преку ден: гел, па тоник, па серум јас би ти препорачала вит Ц серум да си земеш за флеките , по серумот крема со висок заштитен фактор.
    За навечер, исто миење на лице, тоник, серум(можеш тој на балеа што си го купила) па крема (без спф фактор)
    Нијацинамид обично се препорачува на тие со масна кожа , но јас еве до масна кожа сум и ме исфрли со ситни акни. Јас не би ти препорачала нијацинамид...
     
    На rarepearl и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам од каде ги земате cerave производите?
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски
    Грција од аптеките
     
  8. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш нарачав од SKS на инстаграм.
     
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Добив предлог рутина од coslovemetics, па би сакала да чујам евентуални искуства со продуктите пред да ги нарачам. Ниацинамид не сум користела, исто ни продукти со колаген и хијалурон, па доколку ги нарачам мислам да ги воведувам еден по еден во рутината. Имам сензитивна, комбинирана кожа, 26години.

    1. Маслен чистач
    https://coslovemetics.mk/product/face-shop-cleansing-light-oil-150ml/

    2. Гел чистач
    https://coslovemetics.mk/product/marymay-white-collagen-cleansing-foam-150ml/

    3. Ексфолијант
    https://coslovemetics.mk/product/porefectlyclear30ml/

    4. Серум со ниацинамид
    https://coslovemetics.mk/product/marymay-niacinamide-chaenomeles-sinensis-serum-30ml/

    5. Крема
    https://coslovemetics.mk/product/marymay-sensitive-soothing-gel-blemish-cream-70g/

    6. СПФ
    https://coslovemetics.mk/product/pyunkang-yul-ato-mild-sun-cream-spf-45-pa-75ml/
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Искуство со coslovemetics за рутина?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Девојки ај помош :shake: имам нормална кожа, и немам баш некои проблеми со неа. Рутината ми е:
    Наутро : 1. Го мијам лицето со млака вода
    2. Hada Labo Tokyo лосион
    3. Кремата на Сиберика со Витамин Ц таа во портокалово пакување

    Навечер: 1. Биодерма Sensibio гел за симнување на шминка
    2. Hada Labo Tokyo лосион
    3. Крема Биодерма Hydrabio

    Е сега, од секогаш сум имала по некое митисерче на кожа али ништо страшно и тоа ми бил најголем проблем, али у последниов месец имам страшно многу митисери. Премногу. Кожата на лицето ми е ужас. Не би поставила слика тука поради приватност али еден до друг митисер на цело лице. Барам помош од вас, дали да сменам нешто во рутината, дали да додадам некој нов продукт, како да го користам итн.
    Фала ви :)
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Гел за миење на лице. Во дневната рутина крема со спф
     
    На Emilija97mk и koritsaki им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Ова наместо Хада Лабо лосионот
    [​IMG]


    И пена за лице може да вметнеш навечер, не мора гел. Може оваа пена
    [​IMG]

    Имам многу позитивно искуство со лосионот што го ставив погоре, јас лично имам комбинирана кожа, ама во лето, поради топлото време и тоа што потам повеќе, кожата ми е со проширени пори и црнки. Лосионов ми ја држи чиста, порите не ми се познаваат толку, а релативно кратко време го користам. Пената е одлична за било кое годишно време, за чистење на лицето. Некогаш само вода не е доволно.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Emilija97mk и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Се сложувам врв е лосионот на Моса, цело лето скоро со него сум само. Го нанесувам навечер.
     
    На Emilija97mk, koritsaki и Annath им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Летово ги користев овие продукти, дел од нив ми останаа,дел се потрошија.

    Кремастиот гел за миење лице мислам дека е еден од најубавите некогаш убаво формулирани за мрсна кожа. 27814C9A-4266-40EE-B179-A78907007C38.jpeg

    Витамин Ц бустерот многу ми се допаѓа, ја храни и хидратира кожата притоа го изедначува тенот. Го користев наутро во комбинација со кремата на Моса претходно обична крема не нанесував бидејќи сметав дека имам доволно хидратација а воедно и заштита. Овие две се топ комбо иако Мосата остава сјај. 4F5AD666-81E3-4DEB-BCBF-9739C7F5F212.jpeg B41E8C63-D21D-465E-9510-95C412501448.jpeg

    Тоникот од Моса со салицилна киселина ми беше наменет за навечер со кремата за лице од мед и тиква. Многу сум задоволна од тоникот спречува појава на нови акни.
    Кремата е мат наменета за мрсна кожа но не е многу хидратантна. 66BCDB20-E74E-452C-8905-744894A6CC3F.jpeg 506078AF-2599-4959-88FF-8D09148B13B6.jpeg

    Цело лето вака терав и супер ми е лицето, чисто,освежено и хидратирано.

    Е сега тоникот ми е при крај и сакам да сменам со друг ( имам резерва од него ама сакам да го користам наредното лето ) односно да почнам со колаген - тоник од Пикси.

    Бидејќи не знам каква ќе ми биде кожата зимово сеуште е рано за да го почнам серумот од Мадара за осетлива кожа.

    Прашањето ми е за колагенот конкретно, што и прави и овозможува на кожата, дали е прерано или тамн за почеток 30+?

    Инаку,сакав и ретинол да вметнам но тоа да е два/три пати неделно. Земав обичен со 3%, не е во сквалан. И не знам како да го вметнам?

    Исто замена за гелот за миење лице би го вметнала зелениот пилинг за мрсна кожа на Ла роше бидејќи горенаведениот го нема овде каде што живеам.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Мислам дека малку треба да внимавате на тонот кога се обраќате низ дискусија, може некој навистина не знае, а за тоа се и темите - да се објасни, да се зборува и да се дојде до нешто ново. Со дрски доскочици нема простор за развој на продуктивна дискусија и само ќе дојдеме до ситуација да се бришеме и да нема никаков муабет кој можеби ќе му биде корисен некому.

    Исто така, можеби треба да отвориме тема некоја со разбивање козметички митови, зашто ова со колагенот е баш мит, маркетинг, како и да се нарече исто е. Ќе размислам па ќе видиме, може да ми пишете ако имате идеи.

    Ете наместо колаген, подобро да се земе серум со пептиди. Барем ќе има резултати. Колагенот како таков, навистина не е возможно да се впие во кожата, па можеби нешто подобро е да се пие, иако и тоа ми е ставено под знак прашалник.
     
    На sj *O*, mira.mira, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    Колку вкупно производи користите за утринска и ноќна рутина?
    Мене ми е многу тешко да создадам рутина со сите производи што се потребни, не знам од кај да почнам. :?:
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Прво почнуваш со некоја мака ако имаш, после пополека си додаваш работи што ти се гледаат интересни. :D
     
    На simoncelicius, sj *O* и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    Па така правев еден период и лом се направив. Сфатив дека не трпам многу продукти и затоа не ми се експериментира пак. :D

    @buba4e89 во тие три за наутро ставаш претпоставувам спф, крема и?
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.