Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски
    @Angie1432

    Што ти одговара тоа ќе си користиш. Нема потреба да се пренатрупува лицето со милион производи :)
    Јас лично користам за наутро гел/тоник/серум/крема за очи/крема со спф
    Навечер: гел/тоник/серум/крема за лице/крема за очи

    2-3 пати неделно пилинг, маска за лице
     
    На Angie1432 и molikaMk им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Гел,серум,спф.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не почнувај наеднаш многу работи. Бар на еден месец додавај по еден продукт ако имаш проблеми со breakouts од продукти.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    Фала ви :inlove:
    Исто така сакам да користам и ретинол, ме интересира ако користите колку често го ставате и да ми препорачате од кој конкретно сте најзадоволни?
     
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Јас гледам што помалце да користам зошто лицето така ми е најчисто и најубаво. Гел за миење лице и крема, навечер и сабајле истата шема, само менувам дневна/ноќна крема. Плус маска за лице ставам 2 пати неделно и толку.
    Дури продукт да сменам гледам промени, неодамна сменив гел за лице и одма малку ми се исфрли лицето, а чисто лице имам. Нежна кожа имам, не трпи премногу продукти и не си го малтретирам лицето беспотребно, тоа што си го најдов дека ми одговара ќе го користам и веќе не менувам освен ако не ми се презасити кожата. Сметам до негде дека тоа користење премногу продукти само се испопуларизира премногу, а всушност и не е толку потребно да се користат тон продукти.
     
    На Rafaila, elimkd и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    Колку години си? Јас имсм 32 год и лани прв пат почнав да користам ретинол.
    Се почнува со помала концентрација прво еднаш неделно па потоа постепено зголемуваш.
    Се користи навечер само и наутро обавезно ќе нанесуваш спф крема со висок фактор
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    8.120
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 Основа е гел или пена за миење, навечер може и мицеларна или двофазно за отстранување на шминка пред гелот и крема за лице која ќе одговара на твојот тип кожа, може и крем за околу очи и крема со спф за преку ден. За серумите зависи од возраста или каков проблем имаш со кожата. Основни кои одговараат на секоја возраст серум со хијалуронска киселина за хидратација и серум со витамин ц кој превенира брчки и е добар за изедначување на тенот, против пигментации. Ретинол за брчки исто така, ама со него внимателно и дозирано.
    Еднаш два пати неделно пилинг кој може да е со гранули за механички пилинг или со киселини. Маска исто по потреба.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    22. Знам дека можеби покасно се почнува ама веројатно не би имало штета, колку порано толку подобро? :D:?:
     
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам со мислењето.
    Се претера со производите за скин кер, буквално секаде ми излегуваат такви видеа. Па дневна рутина, па ноќна рутина, ваков серум, гел, крема… Кај тоа, па и прескапо е се’ реално.
    Доколку немате проблематична кожа која нонстоп се исфрлува, доволно е гел за чистење лице и крема дневна/ ноќна, евентуално некој серум за подхранување. Исто таак ако имате светол тен обавезно крема со спф и конзумирање мноооогу вода. Нема потреба да се трупа кожата со 1000 производи, да не ја оставаме да диши.

    Моја рутина е миење на лицето со најобичен гел наутро и навечер, после тоа крема. Исто ставам маска за лице два три пати неделно и гледам да не пијам помалку од 1.5 литри вода. Со лицето немам никаков проблем, освен тек тук некоја мозолка, тоа е се.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    Почекај уште некоја година , по 25тата можеш да почнеш со најслаба концентрација :)
    Сега доволна ти е само хидратација :)
     
    На mira.mira и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Феминки што би било најдобро да се користи за чистење на лицето да не е преагресивно? Не се шминкам многу ама сепак навечер сакам убаво да се исчисти.
    Купив една пена на балеа ама ми се исфрла лицето од неа, па сега терам само со мицеларна.
    Некој гел? И кој би ми го препорачале?
    Исто така нешто друго би требало да користам? 20 години имам..
     
  12. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    8.120
    Пол:
    Женски
    Пената на Оливал пробај ја, ја има во Dm, ептен нежна ми беше мене и не ми го иритираше лицето, сега гелот на Оливал го користам и од него сум задоволна.
     
    На Nane2356 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Addi3

    Addi3 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки, би сакала да ве прашам за совет. Имам 19 години и би сакала да ја проширам мојата skin care рутина. Во последно време ми се нафрла многу лицето со акни и користам повеќе производи за акни, но сакам да почнам да користам тонер, пена итн. Не сакам да користам премногу производи па што би ми препорачале вие за дневна и ноќна рутина?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    Effaclar линијата дали ја имаш пробано на La roche posay? Таа линија е наменета за акни плус и за млада кожа е . Можеш да го земеш гелот за лице, тоникот, серумот и кремата со спф 30. За навечер можeш да ја земеш обичната крема од effaclar duo plus за да не ставаш со висок фактор.
     
    На Addi3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    здраво, само да прашам дали таа крема effaclar duo plus освен за акни помага и за флеки од акни?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата рутина што по тоолку мислења, сајтови, coslove, magnolii, bellini итн.. сама си ја склопив.

    Ноќна.
    C9389117-6339-4B41-9CDA-0C5212913E09.jpeg
    Дневна:
    5DD7B5F6-FE5F-41DB-BB93-EF07D5A45CEF.jpeg

    Ретинолот е од Cos De Baha, Aha Bha полингот е ТО. Lactic Acid утре ќе нарачам се мислам која.

    Кај и кога да го вметнам ретинолот?
    И полингот со киселини.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    За во врска со флеките, немам такво искуство :)
     
    На reckless ✨ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.835
    Пол:
    Женски
    Јас да ти кажам користам Лала крем за флеки. Има дневна и ноќна и не е воопшто скапа а е мн ефективна.
    Така да пробај купи ја.
     
    На reckless ✨ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.966
    Пол:
    Женски
    За кремава одамна читам на форумов каде може да се најде ?
     
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.835
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде си, јас сум од Велес.
    ја има во сите парфимерии.
    Еве ако не се снајдеш јас ќе ти ја купам од тука и по карго ќе ти ја пратам.