Девојки прочитајте ја мојата нова објава поврзана со секојдневно чистење на лице. https://frosyblog.wordpress.com/2016/03/24/како-ја/ Ви благодарам на поддршката
Прочитајте нешто повеќе за проиводите кои јас ги користам како утринска рутина на чистење на кожата http://mymakeupbagm.blogspot.mk/2016/06/my-morning-routine.html
Ја бришам шминката со влажни марамчиња, по потреба употребувам и мицеларна вода (за појака шминка), го мијам лицето со гел и нанесувам хидрантна крема, наутро го мијам лицето и нанесувам крема.
АМ рутина 1. Мијам лице со вода 2. Cleansing lotion - URTEKRAM Free Perfume 3. Toner - URTEKRAM Toner Free Parfume 4. Niacinamide 10% + Zinc 1% - The Ordinary 5. Moisturizing creme - Bioten 24 Hour Skin Moisture Cream 6. SunScreen - Eucerine Oil Control SPF 50 PM рутина 1. Мицерална вода - OLIVAL 2. Cleansing lotion - URTEKRAM Free Perfume 2.1 AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution - The Ordinary (еднаш неделно) 3. Toner - URTEKRAM Toner Free Perfume 4. Hyaluronic Acid 2% + B5 - The Ordinary 5. Niacinamide 10% + Zinc 1% - The Ordinary 6. Salicylic Acid 2% - Revolution (spot treatment кога е потребно) 7. Sheet Mask (три пати неделно) 8. Moisturizing creme - Bioten 24 Hour Skin Moisture Cream Ако имате некои сугестии за промена, пишете ми Сега сеуште учам за каква е корејската козметика, во иднина ќе има корејски производи во рутината.
Ам рутина - Го мијам со топла вода - Гел за чистење лице Cien зелениот - Нивеа Софт крема за лице Рм рутина - Мицерална вода за вадење шминка Cien плавата. - Гел за чистење лице Cien зелениот - Ноќна крема Зиаја од козјо млеко. *Маска на Зиаја од козјо млеко еднаш неделно.
Се трудам да ја менувам одвреме-навреме, во зависност од тоа што плус сум научила за нега на кожа, од достапноста, препораки и истражување (прееееееееееееемногу производи има, премногу состојки, премногу добри vs лоши состојки, тешко ми е да најдам одлични производи). Имам нормална до сува кожа. Моментално ја имам следнава рутина: Наутро: 1. Clinique liquid facial soap, extra mild (very dry to dry) - го обожавам, многу е нежен, дури би рекла и хидрирачки. Купен ми е пред неколку месеци (не се ни сеќавам веќе кога), не можам да го дотрошам . 2. Paula's Choice Skin Perfecting 2% BHA Gel Exfoliant (Salicylic acid) - еден од најдобрите производи за добивање чисто лице (best-seller им е), хидрирачки, има и други верзии: лосион и течност, во зависност од тоа каква конзистенција сакате. 3. Hada Labo Tokyo Smoothing anti-fatigue eye cream (day & night) - купен пред една година, кога само што почнував да читам нешто повеќе за нега на кожа, сè уште не можам да го дотрошам . Ок е, но не би го купила повторно, бидејќи сега знам дека немам потреба од посебна хидратантна крема за околу очи, доволна е хидратантната крема за целото лице. Инаку, не можам да си поверувам колку сме назад, уште минатата година кога ја барав кремата ја немаше кремата на страната на Hada Labo Tokyo, а ја нема ни сега, сè уште се дотрошуваат залихите од старата линија кај нас . 4. Paula's Choice Resist Skin Restoring Moisturizer, Broad Spectrum SPF 50 (with antioxidants, normal to dry skin) - не можам да си најдам кремa за сончање со SPF 50 (особено не со физички филтри) без (denatured) alcohol, без мириси и без да биде премногу мрсен (иако имам посува кожа, не можам да трпам тешки креми, ми се затнуваат порите - има некој препорака од кремите што ги има кај нас??), па се решив да го испробам ова, хидратантна крема со SPF 50. Има хемиски филтри и иако тие можат да се поиритирачки за некои, јас немам никаков проблем со тоа, дури ни околу очите. Предобра крема, предобра текстура, се впива веднаш во кожата, освен природен (здрав) сјај, воопшто ништо не се познава и уште поважно, не ми ги затнува порите . 5. Најчесто не носам шминка, но ако носам, ставам само маскара и евентуално коректор на некои места каде имам мозолчиња или флеки од мозолчиња. Во моментот ја користам Benefit BAD Gal BANG! (многу лоша маскара, не ја препорачувам, едвај чекам да ја дотрошам) и Fenty Beauty Pro Filt'r Instant Retouch Concealer (добра покриеност). А некогаш, кога сакам да ставам нешто лесно, ја користам Ziaja BB Cream (normal, dry & sensitive skin, SPF 15, medium protection, natural tone). Нема голема покриеност, таман за да изгледа природно и е прехидрирачка, ја обожавам. За жал, сум видела само една нијанса за овие типови на кожа. П.С. Некогаш после бањање ја користам Ziaja Sensitive sking face mask, soothing - единствената маска која ја најдов без мирис - хидрирачка, свиленкаста Еве ги сите заедно: Навечер: 1. Ако носам шминка, досега користев мицеларна вода и тоа: Garnier Micellar Cleansing Water (all skin types) или L'Oréal Micellar Cleansing Water (normal and dry skin). Сега, бидејќи конечно се убедив да го почнам методот на двојно чистење, го купив Balea Reinigungsöl (trockene Haut). Сум го употребила само еднаш, за отстранување на маскара, но многу ми се допадна. 2. Clinique liquid facial soap, extra mild (very dry to dry) 3. Paula's Choice Skin Perfecting 2% BHA Gel Exfoliant (Salicylic acid) 4. The Ordinary Vitamin C Suspension 23% + HA Spheres 2% - го купив за да видам како ќе ми реагира кожата на витамин Ц, немав никаков проблем. Не ми се допаѓа конзистенцијата (можеби јас не знам да го нанесувам правилно ). 5. Hada Labo Tokyo Smoothing anti-fatigue eye cream (day & night) 6. Neutrogena Hydro Boost Gel-Cream (dry skin, fragrance-free) - многу ми се допаѓа, лесен е, а хидратантен, не ми ги затнува порите. 7. Мешавина од ему и арганово масло: Emu Derm & Institute Orgaica Organic Moroccan Argan Oil - ему маслото (има две пакувања - сина и црвена, разликата е во тоа што црвената е 3 пати рафинирана и наводно нема толку силен мирис, јас не чувствувам разлика), за жал не е веганско, но е најдоброто масло што сум го користела. Полно е со витамини и омега киселини кои се добри за кожата, а и има анти-воспалително дејство; кога имам поголеми мозолчиња, следниот ден ми се видливо намалени. Аргановото масло е исто така добро за кожата. Не можев да се одлучам кое да го користам, па ги мешам . Еве ги сите заедно:
@pdb123 Може ли еден предлог, производот Paula's Choice Skin Perfecting 2% BHA Gel Exfoliant (Salicylic acid) да го користиш само навечер, зашто содржи Salicylic acid која ја прави кожата осетлива на сонце, и сепак 2 пати во денот користење сметам дека не е потребно и e преногу за кожата. Инаку многу ми се допаѓаат сите производи што ги користиш, се гледа дека си истражувала во врска со кои состојки се корисни, а кои не за кожата. Ми даде неколку идеи за работи што можам да ги укомпонирам во мојата рутина
Фала ти многу, се трудам колку можам, барем основните поенти од нега на кожа да ги запазам. Инаку, само што размислував и јас да го оставам BHA гелот само за еднаш дневно. Досега немав никакви проблеми, но периодов ми е посува кожата, па си реков да намалам со тоа, ми ги прочита мислите . Инаку, за натаму испланирани ми се Lactic Acid 10% + HA и 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil од the Ordinary и Moisture surge од Clinique. Го имам користено и Niacinamide од the Ordinary што го спомна ти, веројатно и тоа ќе го користам пак . Планирам и многу полека да почнам со мали концентрации на ретинол само за одредени делови на лицето, но прво повеќе да поистражам, сум слушнала дека ретинолот од the Ordinary е добар, само не знам дали се однесува тоа само за поголемите концентрации. Знаеш ли нешто за ова?
Незнам колку години имаш ама ако си под 28-9 би ти рекла не со ретинол, но доколку навистина ти треба ретинол и како што кажа не си користела, почни со The Ordinary Granactive Retinoid 2% in Squalane и еве ти еден сајт за да прочиташ нешто повеќе.
Толку пари е, јас го купив 33 евра, но трае многу време, мене ми требаа 3 месеци да го потрошам претходното пакување, и тоа го користев 2 пати дневно, а како што напишавме погоре, може и еднаш дневно.
Наутро: 1. Мијам лице со Dr. Organic creamy face wash. Спојлер 2. Хидратантна крема Skin food light Weleda. Спојлер Навечер: 1. Ја топам шминката со топла вода. 2. Ја отстранувам шминката со Алверде кремот: Спојлер 3. Мијам лице со Dr. Organic creamy face wash. 4. Нанесувам масло од дива роза Алверде. Спојлер 5. Нанесувам Dr. Organic 5 in 1 toner на акните. Спојлер
Според мене мислам дека ова е многу грешен начин на користење на козметика за лице. Од сабајле си добра нема ништо лошо само мораш да користиш SPF на крај после кремата(навечер користиш тонер со salycilic acid која ја прави кожата осетлива на сонце) Попладне незнам од кај да почнам, малце ти е хаос рутината Ќе почнам прво со што правиш погрешно и зошто не треба така, па после ке дадам совет како да ти биде редоследот на козметиката. 1. миење шминка со топла вода, НЕ, така не се отстранува шминка ни малце, водата не ја ''топи'' шминката, само и прави потешко на гелот да ја извади, претпоставувам дека Алверде гелот за вадење на шминка има масла во него, тоа ја разградува и чисти шминката. Прво оди масло за вадење(мицерална или oil cleanser) на шминка па вода односно water cleanser. 2. Нанесување масло па тонер, wait what????, масло е на крај од рутината заедно со кремата за хидратација (зашто маслото поради густината не продира длабоко во кожата маслото ја запечатува кожата и тонерот нема ама баш никаков ефект).Тонерот се користи веднаш после cleanser-от не се нанесува само на акните туку тој помага во подготовка на кожата полесно да ги прими останатите продукти. 3. Не само на сабајле туку и навечер треба да се нанесува хидратантна крема Значи вака треба да ти изгледа една основна рутината за навечер: 1.Мицерална или тој гелот од алверде(незнам каков е , јас би користела мицерална OLIVAL) 2. Кленсер/Face wash 3.Тонер 4. Серуми (ако ги имаш) 5. Хидратантна крема 6. Масла
Ти благодарам на деталното објаснување. Нема потреба но сепак да кажам: 1.Спф купив веќе и секако мислам е добра идеја да почнам да ја користам секојдневно. 2.Чекорот со водата можам да го прескокнам, иако не гледам зошто е лошо, ептен ми го олеснува отстранувањето на маскарата. Остатокот и го правам, отстранувам па мијам лице. 3. Тонерот го користам само за да ги третирам акните кои ми се појавуваат повремено пред циклус, буквално само нив. Со мало памукче нанесувам директно, а не на целото лице. Ми се покажа како одличен за нив, ги смирува, суши, многу брзо ми поминуваат. Од друга страна, сум во потрага по тонер, па планирам да го внесам во употреба. 4. Хидратантна крема сметам дека не ми е потребна за навечер бидејќи маслото (или серум сеедно) ми е доволно хидратантно и многу ми одговара на кожата. Оваа рутина ја користам со години, со повремена промена на хидратантната крема и гелот за миење, и можам да кажам дека кожава никогаш не ми била подобра. Немам никаков проблем Го ценам твоето мислење, но сметам дека секоја кожа е различна и секој треба да го пронајде сопствениот режим кој највеќе ќе и одговара на кожата. Поздрав!
Сепак тоа што го напишав беше сугестија и иако јас не се согласувам ако тебе ти одговара таков начин на користење на производите продолжи
Мојата рутина е многу едноставна не сакам да користам многу производи. Најпрво ја вадам шминката до мицералнаа вода и туфер и потоа го имам лицето до ладна вода и сапун Бекутан од бадем . Од сабајле не користам сапун туку само вода.
Те молам не препорачувај за некој што не користел ретинол да започне со јачина 2%. Ако мислеше на Granactive Retinoid 2% Emulsion ок. А Retinol 2% in Squalane е агресивна формула и последна по јачина, и претходи 0.5% па 1%. Немаат врска годините за ретиноид туку проблемите на кожата. И ретиноидот не е време да го почнува на пролет, туку на есен. Да не бидам офф, моменталната рутина: Наутро: Миење со Cosrx Low Ph Gel Cleanser Дотрошувам тоник спреј од Mario Badescu The Ordinary Niacinamide + Zinc 10% Clinique 72h Moisture Surge & Clinique Eye depuffing roll on Eucerin Oil Control 50Spf па шминка. Навечер: Heimish All Clean Balm Cosrx Low Ph Gel Cleanser Тоник 100% L-Ascorbic Acid Powder + Marine Hyaluronics Laneige Water Sleeping Mask. Еднаш неделно вечерната рутина ја менувам со The Ordinary AHA+BHA Peeling Solution и sheet маска. Рутината ја менувам соодветно со потребите на лицето. Моментално немам потреба од повеќе киселини или ексфолијанти.
Се извинувам моја грешка во пишување, мислев на Granactive Retinoid 2% Emulsion, благодарам на поправката Може да ми кажеш како ти се допаѓа Laneige Water Sleeping Mask, и од кај ја нарача.
Наутро : - Го мијам лицето со CeraVe foaming gel cleanser. - Pixi Glow tonic. - Vichy serum 89. - CeraVe AM moisturizer spf 30, плус додавам 1 капка витамин Ц серум. Навечер : - Го мијам лицето со CeraVe foaming gel cleanser. - Pixi Glow tonic. - Vichy serum 89. * На секои 5 дена Aha + Bha пилинг, и тој ден не го користам Glow тоникот .