За флеки би ти препорачал азелаична киселина од Тру Алхеми или од Ревокс, мене тоа највеќе ми помогна.
Чистачот е прекрасен, не очекував толку да ми се допадне. Презадоволна За жал, не можам истото за спреј тонерот да го кажам, воопшто не ми се допаѓа. Се осеќам ко парфем да прскам на лице Ај настрана тоа, туку и апсолутно ништо не прави на кожата. Ќе оди кај мајка ми на подарок Кремата ја немам пробано, ама доста е фалена низ темиве. Општо за линијава на Натура Сиберика морам да кажам мирисот не ми се допаѓа, агресивен ми е, ама кај чистачот поминувам преку тоа зошто феноменален е (и не мириса прејако како тонерот). Кожата како свила ми е Јас додуша си имам проблем со мириси во козметика откако кожата ужасно ми изреагира пред некоја година, така да не сум репер
Чистачот ми е единствениот на кој би се навраќала од оваа линија. Многу добар продукт би сакала да имаше поголемо пакување. Кремата ја немам пробано уште,и спрејот исто така.
Може ли да ми помогне некој со рутината? Кожа во рани 20ти, со брчки на чело и околу очи. Што да вметнам и користам? Читав малку, ретинолот да не е прејак за мои години? Страв ми е од ефектите на лупење на кожа. Да почнам со витамин ц само? Што да користам?
За жал уште не можам да ја нарачам, пробав на повеќе сајтови но нема достава за Мк. Ако некој знае од каде ја има моментално да се нарача или да се купи најблиско до Мк?? Хитно ми треба.
Нема да одам за брзо, но ако најдам некој да ми ја земе од таму, каде поточно ја има? Едит: Воведов и салицилна киселина Madara + Snail Azulene Water Essence на TIAM, а за ретинолот го земав на Cos de Baha. Како и каде ги вметнувате сите и под кој редослед? Јас имам: Маслен + гел чистач, тонер со салицилна киселина, нијацинамид серум, ретинол серум. Хидратантна крема. + користев и тонер со Гликолна киселина и тонер со Lactic Acid. За наутро земав Cetaphil gentle care средство за миење лице со церамиди и пантенол. Се беше океј не знам дали е до него, ама една вечер се измив со средството Lipikar на La roche и као демек за црвенила и иритации беше, а фифнав во лицето од црвенила, чешање и болки, затегнатост. Сега два дена под ред кога се мијам со Cetaphil кожата ми е како испечена, а толку е нежно средството.
Во кој град ? Ако треба ќе проверам каде ја има па ќе ти кажам. Тука ја има скоро во секоја аптека особено за Солун, нема утка
Јас би ти препорачал да паузираш привремено со тонерот со салицилна киселина доколку почнуваш да користиш ретинол. Барем на почеток, избегавај производи шо содржат киселини, особено салицилна за да не правиш прекумерна ексфолијација. Сега со ретинолот ти треба хидратација и смирување. Инаку редоследот на рутината ти е океј, доколку си почетник со ретинолот, би ти препорачал да го ставаш два пати неделно по мала количина, па евентуално за 3 недели да зголемиш 3 пати неделно. Деновите кога го ставаш ретинолот доколку не користиш друг серум наутро, да го ставаш нијацинамидот наутро, а навечер да го ставаш ретинолот, евентуално серум или тонер со хијалуронска или некоја друга состојка шо хидрира за да не го иритираш лицето дополнително.
Уште немам почнато со ретинолот, само салицилна користам 2-3 дена. Се беше ОК додека не го измив лицето Lipikar. И претходно исто ми се дешаваше, имам пишано во друга тема и слики постирав. Се чудам до што е. Само еднаш се измив со Lipikar и сега по секое миење со друго средство лицето ми реагира ептен лошо. А, кога ставам салицилна немам никаков проблем. Кога почнав со Cetaphil сѐ беше океј.
Не е гелот многу продукти а малку ефект. Прво пантехолот е за сува кожа,а ти имаш проблем со мрсна. Гелот воопшто може да не одговара со останатите работи. Нежен е ради церамидите, но тебе ти треба нешто што ќе го намали лачењето на серумот. Значи гелови што не содржат пантехол. Тонерот што ти одговара (салицилна киселина) ти препорачувам да го користиш секој вечер,а преку ден да го нанесуваш нијацинамидот. Креми со лактид к-на да се избегнеш и да земеш полесна крема,и крема со спф. Ретинолот да го користиш два пати неделно со тоа што ќе го исфрлиш тие денови тоникот со салицилна киселина. Друго,пиј многу вода. Другиве,што си ги напоменила немам искуство, јас за есенцијата на Cosrx бев длабоко заинтересирана таа од полжав и би ја зела. Јас од витамин Ц на Новескперт бев многу задоволна, но ти сакаш резултати од одма,а тоа е невозможно.
Сега за сега е во ред. Денес немав проблем. Синоќа паузирав со салицилна, а сега прв пат почнав со ретинол. Чистев со маслен па со крем-гел Celimax, па нијацинамид серум, по 5мин. ретинол и по 20мин. хидратантна крема. Немам некои иритации за сега. Инаку 2пати неделно ретинолот така и планирав да почнам, а нијацинамид серумот? Дали може секој ден и дали да го користам и во ноќната рутина? Што да правам со тонерите со гликолна и овој на Сиберика со Lactic acid, како да ги вметнам? Маслото за чистење лице како го користите? Ова на Celimax ми е малку чудно како за прв пат. Се ми се испомешано од многу продукти, не знам веќе шо и како Инаку серумот Ц витамин на Новексперт го користам веќе скоро 6 месеци и не забележав никаков ефект. Мислам дека 6 месеци не се малку за толку скап производ што наведува дека резултатите се брзо забележливи.
Ти кажав дека ретинолот не треба да се меша со други к-ни туку да се нанесува самостојно навечер и после него крема. Преку ден да нанесеш нијацинамид. Чистачот се користи пред гелот,за маслениот мислам да ја извадиш шминката доколку имаш и тој се користи по потреба. Место маслен чистач можеш и мицерална вода. За наведените тонери јас би почекала за сега. За серумот со витамин ц треба да забележиш разлика во свежо и хидратантно лице, без нерамнини,тонот усогласен а да очекуваш дека ќе ти го намали лачењето на себумот хмм па не баш витамин Ц е за хидратација.
Прв пат ли ќе вметнуваш нијацинамид? Прашувам бидејќи се жалеше на мрсна кожа, внимавај може дополнителна маснотија да ти лачи лицето од него. Мене ми беше помасно лицето од него и плус акни ми создаваше. Некако мислам дека премногу работи користиш
Добар е кремот и според мене има премала цена за тоа што вреди. ДМ е поскап од Белина. Моментално го користам пред Еуцирин. Ми се допадна тоа што не го ни чувствувам на кожата и после некое време не почнува да се мрси кожата. За разлика од него Еуциринот што е за мрсна и комбинирана ми е малку поводен исто не го чувствувам, но после неколку часа пак имам мрсна кожа. Да тонерот е како парфем, ама јас веднаш после него ставам крема и воопшто не го чувствувам.