Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Lavera ни мене не ми одговара и мене како да ми се воспалуваа акните .
    Сега ретко го користам но едвај чекам да го потрошам. И мене магнолија ми го препорача . Па можеш ти на почеток секоја втора или трета вечер да го користиш. Серумот од моса сабајле . Мислам дека е сосема океј.
    Во врска со маслото мене ми е поубаво и поубаво ме чисти (прво само масло низ лице тријам па после вода на раце и пак лице па после плакнам па гел )
     
    На LoveIsAllAround му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Овој на Витон има Алое Вера и пантенол итн итн.. убав состав е, тоа е предност. Цената на другиот му е за 500ден. пониска од тој на Витон, чим викаш оти е добар за тие пари би го пробала.

    Q+A нов бренд во ДМ, со 100% позитивни рецензии, цел Google го превртев читајки. Ја пробав хијалуронската киселина(серум). Одма ми го даде овој свеж и plump ефект. Кога ќе ја завршам рутината на којашто фрлив 12.000ден. ќе им дадам шанса на овие врвните брендови по пристапни цени.
    Така да ако не ви се фрлаат пари на скапи продукти, а сакате вистинска рутина со ефект, дајте им шанса на Q+A продуктите.
     
    Последна измена од модератор: 7 октомври 2022
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам користено хијалуронската киселина и многу ми годеше на кожата.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Фала ти што сподели, гледам и јас многу оценки 5 има, ќе ги пробам нив следно.

    Секогаш кога се менува рутина ќе се исфрламе или не?
    Кога почнав со природна се исфрлив цела, па сега сменив Бабор рутина и пак се исфрлив цела ама за една недела ми се исчисти лицето и убаво ми е сега ептен ми одговораат Babor ама само оние производи што имаат оценка 5 ги порачав.
    И сега ако пробам и продолжам со Q+A пак ќе се исфрлам цела?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.551
    Допаѓања:
    201.683
    Пол:
    Женски
    Не би требало да се исфрлаш секојпат кога менуваш нови производи. Пробај со тие, па ако не ти одговараат, секогаш може а се вратиш на она што ти е пробано.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.028
    Допаѓања:
    40.369
    Пол:
    Женски
    Веќе повеќе од една година ги има. Јас толку време го користам серумот со цинк и сум многу задоволна. Штом даваш плус и за хијалуронската, таман ми се потроши и не ми се чека од децием, ќе ја пробам оваа.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Искрено од целата моја рутина што ја почнав пред една недела, сум задоволна од сите производи освен што не сум 100% задоволна од Celimax двојното чистење(маслениот и гелот). Да, перфектно ја чистат кожата, ама сум разочарана што после тоа ја осеќам затегнато и суво како и од сите поефтини чистачи, а Celimax се поскапи и тврдат дека таа линија е за сува и дехидрирана кожа и дека после миењето го немаш тоа чувство на затегнатост. На почетокот беа океј, а последниот пат кога се измив со нив ми се појавија 3-4 болни акни(не многу големи). Плус не ми се допаѓа тоа што треба 3-4 пумпања од маслениот да се тријат 2 минути на лицето па потоа со малку вода и пак маслен малку. Како и да е, не знам дали е од нив или од некоја друга состојка од друг производ. Или јас едноставно претерав со триење на лицето. Други фактори се млечните производи,недоволно сон, недоволен внес на вода и нездрава исхрана периодов. Од нијацинамидот не верувам да е бидејки го користам редовно и цела недела немав реакции на него. Едино ретинолот е јак и ми го вцрвенува лицето но тоа поминува за 1 ден. Затоа го ставам само двапати неделно. Хијалуронската ја земав бидејки се уште ми изгледа лицето дехидрирано, некако суво-затегнато. И обавезно крема после хијалуронската. Двојно чистење>Нијацинамид>Ретинол(не секоја вечер)>Хијалуронска>Крема(moisturiser). Се надевам за брзо да има некое резултатче па да се пофалам.

    Едно да си знаете: Ниеден производ ни најскап ни ефтин нема да го дадат својот МАКСИМУМ резултат ако не спиеме доволно, не се храниме здраво, внесуваме премногу млечни производи, не пиеме доволно вода, немаме физичка активност и не користиме добар СПФ. Пробано и докажано.

    Еве ви една интересна темичка:

    https://www.quora.com/Why-do-some-people-have-a-lot-of-junk-food-but-they-have-clear-skin
     
    На Hija.de.la.luna и swwetyyy им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.551
    Допаѓања:
    201.683
    Пол:
    Женски
    Наместо гел да пробаш пена? Оти колку повеќе ти е затегнато лицето после чистење, повеќе ќе ти лачи маснотија. Геловите го пресушуваат лицето, барем кај мене е така. Користам пена наместо гел иако имам комбинирана кожа, и многу повеќе ми одговара, кожата не ми е затегната после чистењето.

    Инаку со тоа болдираното 100% се сложувам, иако сметам дека најважен е добар сон, многу вода и добра нега. Ништо повеќе.
     
    На swwetyyy и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски

    Не е гел гел, тоа ме чуди. Крема е. Како крема за миење лице и прави пена.
    Исхраната игра исто голема улога. Да не се објаснувам еве ти линк:

    https://www.instagram.com/p/Cir7Q_Ts3oT/?utm_source=ig_web_copy_link

    Се што е high glycemic index food и dairy food ја воспалуваат кожата. Освен кај оние со генетски убава кожа :D
    Како и да е, кај нив на друго место ќе се одрази, како и кај секој што не внимава на исхраната.
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Доколку можи некоја од вас да ми помогните околу дневна и ноќна рутина на лице, досега менував се и сешто ама сакам ред да си направам, се сакам да сменам. Од мицеларна вода, серум, креми се. Имам комбинирана кожа, не ми е специфична, на одредени места имам црнки и имам флекички, но во глобала чисто лице, од време на време по некоја акна знае.
     
  11. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Побарај си рутина од Магнолија или coslovenetics , наместо сама да купуваш и да менуваш, многу повеќе време ќе изгубиш а и пари исто , може сега ќе дадеш повеќе отколку сама да си составиш, но ќе вреди бидејќи после само си правиш дополнување.
     
    На pikabu5 и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  12. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Како ќе оди комбинација на гел биодерма со крем мосса за дехидрирана кожа?
    Мене биодермата ми е топ но изгледа ми се презасити кожата па ја одмарав од неа 4 месеци , сега сакам да се вратам на тој гел пак.
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    106.474
    Пол:
    Женски

    Која крема на Mossa ја користиш? Имаше проблем некој со гелот на Биодерма?
     
  14. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20221009-152035_Chrome.jpg
    Предходно од гелот немав проблем ... дали се излегуваше на површина од биодерма night peel незнам ама гелот ми беше добар но изгледа ми се презасити почна да ми ја суши многу а сигурно 3 години без престан го користев.
    Јас имам комбинирана не многу мрсна не многу сува.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    106.474
    Пол:
    Женски

    Можеш да го земеш најмалото пакување од гелот па да пробаш дали пак ќе ти прави проблеми.

    [​IMG]
    Вака изгледа. И јас оваа комбинација сега ја користам инаку и немам проблем.
    Кремата е одлична.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Често блогеркиве ги гледам користат тоник па серум па ме интересираше дали може тоник со пептиди и колаген да се користи и ретинол?

    Или можеби е подобро пептидите да се мешаат со витамин Ц?
     
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    12.436
    Пол:
    Машки
    Можи, зошто да не. Јас ретинолот едино не би го мешал со киселини, во иста рутина, а и иницијално при користење на ретинол се препорачува да се паузира со ексфолијација со киселини за да не се направи прекумерна ексфолијација со иритации, црвенило, лупење итн.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Тогаш ретинолот самостојно, а тоникот со витамин Ц.
    Ретинолот го планирам за навечер,а за преку ден тоникот со витамин Ц серум плус кремата од Моса спф30 ( уште имам од неа).

    Што мислиш?
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    12.436
    Пол:
    Машки
    Можиш и така и така. Пептидите не интерферираат ниту со витамин ц, ниту со ретинол.

    Јас гледам утринската рутина да ми е шо поедноставна и лесна, а навечер да поинтенизвно да хидрирам. Сигурно во тоникот со пептиди има и хидратантни состојки па не е на одмет да го имаш во иста рутина со ретинолот што суши.
     
    На koritsaki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Луѓе лицето ми е катастрофа. Ми се исфрли, ме пече, црвено ми е, имам болни акни кај брадата, порите не се чистат, мрсно и дехидрирано скроз. Не знам каде грешам со рутината. Знам кај грешам со исхраната, ама од рутината ми стана уште полошо. И објаснив на Магнолија се, ја прашав, не знае ни таа од што би можело да биде. Од утре ќе пробам со повеќе вода пиење, поретко користење на состојките(посебно активните), физичка активност, помалку глупости јадење. Па ќе видам дали ќе се смири. Немам ефект, само контра ефекти до сега.