Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.551
    Допаѓања:
    201.683
    Пол:
    Женски
    Ретинол сум користела краток период, во склоп на крем, ама ем што мирисаше лошо кремот, ем некако ми е шубе да користам ретинол (не знам зошто), ама решив пак да пробам. Ги зедов овие ампули
    IMG_20221013_170137.jpg

    Тие со витамин Ц од истиов производител беа многу добри, да видам бакучиол како ќе се покаже. Мислам дека е подобар избор од ретинол, но ќе видам како ќе биде.
    Ги има некој користено?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    106.474
    Пол:
    Женски
    @Annath

    Овие ампули ги немам користено, но моментално користам серум со ретинол (бакучиол поточно) на Evolve и многу сум задоволна. За ова се работи

    20221013_185914.jpg
     
    На buba4e89, IamSexyAndIKnowIt, Ano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Паузирав малку, се смири. Но осеќам како после салицилната киселина да ми се иритира премногу и ми излегуваат бубулици. Инаку тоа од Celimax е FOAM CLEANSER, пена. А сепак ми го пресушува и затегнува лицето. Тоа што ми беше како изгорено беше од ретинолот, прескокнав неколку дена и се смири. Сега ставам само хијалуронска и нијацинамид + хидратантни креми. Со хијалуронската и нијацинамидот е супер, немам проблеми.
    Значи секој ден и секоја вечер да не ставам од повеќето производи, туку да ги распределам за различни денови ќе биде најдобро?

    @koritsaki
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    106.474
    Пол:
    Женски

    Па да, да знаеш колку повеќе производи толку полошо за кожата. И пробувајќи нови производи оддеднсш нема да знаеш што ти одговара а што не
     
    На IamSexyAndIKnowIt и -црноока- им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ти кажам, не можам да ти речам “да” бидејќи така во круг ќе се вртиш и нема да имаш ефект.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и -црноока- им се допаѓа ова.
  6. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Јас би ти рекла да не користиш многу продукти и да го смириш лицето малку. Не се разбирам многу но кога ја видов сликата од 20 продукти, нормално е лицето да добие шок.

    Со консултација од @buba4e89 @koritsaki и @Waverly Raven исто така и @cooll јас лицето го средив, сега за само некој ден се гледа разлика. Колку повеќе продукти, толку помалку простор за кожата да дише.

    Колку што сфатив најдобро е наутро за кожата да користиш пена или гел за миење, потоа тоник, Витамин Ц серум, крема со СПФ и потоа крем за очи. Навечер прави си дупло чистење, во зависност од тоа каква кожа имаш доколку е сува користи прво маслен чистач, потоа воден чистач. Потоа стави тоник, потоа Хијалуронска киселина, па ноќен крем и крем за очи. Доколку имаш мрсна кожа, прво мицеларна вода па воден чистач за дупло чистење за да не се затворат порите.

    Не прочитав убаво дали користиш ретинол или ретиноиди, но доколку имаш помалку од 25 години подобро немој упте сега.

    Салицилната киселина не мора да ја користиш директно како серум, можеш како скраб за да си правиш пилинг 1-2 неделно. Јас така користам само 1 неделно. Претпоставувам имаш мрсна кожа доколку ја користиш оваа киселина?
     
    На buba4e89, koritsaki и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  7. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски

    Користам ретинол, 27год. имам. Да, го мијам лицето прво со маслен па со пена. Од иста линија двојно чистење. Но некако порите не се чистат баш доволно се уште се премногу отворени и нечисти, колку и да внимавам на миењето. Салицилната ми е тоник и со памук го поминувам лицето со неа после чистење. Еднаш салицилна, еднаш гликолна. Правам и паузи. Синоќа ми беше вечер за ретинол па денес сум скроз океј немав ни малку црвенила и печење. Ама ставив само хијалуронска па ретинол после чистење и креми за хидратација, без салицилна и без нијацинамид. Вака кога ги делам продуктите на секој ден и секоја вечер различни, а не сите во еден ден, подобро е. По смирено ми е лицето. Инаку серумот со витамин Ц не ми врши некоја функција, се уште не гледам резултати па решив да го комбинирам наутро со хијалуронска. Имам мрсна кожа но и дехидрирана. Затоа земав маслен чистач. Кога ќе се потрошат тие чистачи ќе сменам на мицеларна и пена.

    Двојното чистење, првото е пената а второто е маслениот. Плус Нони кремата за смирување и хидратација.
    Плус нешто што научив синоќа од претходно, подобро е кога убаво ќе ги масираш производите во лицето за да се упијат скроз, па 5 минути па друг продукт така. Додека скроз не се впие во кожата. Масажата е плус добра за затегната кожа. A, порано само нежно ги размачкував и ги тапкав.
    310065042_799565591099510_4635450826640431435_n.jpg
     
    Последна измена: 14 октомври 2022
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  8. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Доколку имаш мрсна кожа не користи маслен чистач. Порите сами од себе лачат масло затоа и треба да се чистат, а не дополнително да се мрсат.

    Друго, тој ден кога користиш ретинол, подобро не користи Хијалуронска. Наутро Витамин Ц, навечер Хијалуронска и Ретинол, но не во ист ден.

    Исто така тоникот со салицилна киселина верувам дека не е за секој ден, исто како и секоја друга киселина 2-3 пати неделно. Купи си обичен тоник, бубаче има ставено добри тоници од моса мислам дека беа. Немој да мешаш продукти во типот Хијалуронска киселина + крем со Хијалуронска киселина. Направи си табела со распоред на пример понеделник користи ретинол а вторник Хијалуронска и потоа среда тоникот со салицилна, и така во круг.

    Пената/гелот, мицеларната и тоникот гледај да ти бидат обични без витамин ц или киселина, бидејќи се наменети да го смират и исчистат лицето, а не да прават други дејствија.

    За порите практикувај продукти кои се на база на вода, не на масло. Дехидрираната кожа има недостаток на вода, не на масла. Исто така 1-2 неделно ставај си глинена маска за порите, немој да користиш од оние sheet маски доколку имаш затворени пори. Исто така можеш да го држеш лицето врз пареа од чај од камилица, а потоа со гел и тоник да ги исчистиш порите.

    Инаку прво оде маслен чистач па пена за дупло чистење, или мицеларна вода па пена.
     
    Последна измена: 14 октомври 2022
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Така и ке пробам. За маслениот чистач до сега имам слушнато и прочитано од секаде дека баш тој ги чисти порите и најдлабоко. Искрено од мојот не сум задоволна. А кога сме кај хијалуронската киселина, имам само серум, а не и крема со хијалурон. А, Магнолија и други сајтови строго препорачуваат после серумот со хијалурон да се користи обавезно крема со помал процент хијалурон за да се "заклучи" водата т.е влажноста во кожата за да не дојде до контра ефект пресушување. Но немам таква. Хијалуронската серумот и нијацинамидот може да се користат секој ден според упатствата. Ретинолот го ставам двапати неделно и тогаш не ставам нијацинамид ни салицилна. А други тонери освен салицилната имам од Natura Siberica зелениот за масна кожа со Lactic Acid и на Bielenda со Ц витамин и гликолна. Моса ќе ги пробам баш кога ќе ми заврши целосно рутината. Не сакам да додавам плус продукти на оваа рутина, мислам оти е доволно. Плус еднаш неделно правам хемиски пилинг од Ordinary Aha+Bha.
     
  10. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    @IamSexyAndIKnowIt од кога користиш ретинол? 2,5% нели е премногу јако, посебно ако имаш акни? + овој ретинол пто го имаш во него веќе има Хијалуронска киселина.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Од скоро. Синоќа по 3пат ставив од кога почнав. Оти е јак затоа само двапати во неделата го ставам во помала количина и насекаде добро да се распореди. Претходната недела го прескокнав, ставив само еднаш. Штом денес немам никакви иритации и лицето ми е скроз чисто и свежо значи почнало да се навикнува. Инаку немам акни, не сум имала никогаш. Ми излегоа од кога почнав со рутината, ваљда од многу продукти, а посебно од салицилната кога ја користев почесто ми излегоа. Сега кога намалив, се повлекоа акните. Главен проблем ми се порите и текстурата, масната Т зона поради проширени пори и дехидрирана кожа. Акните беа 2 3 дена и ги снема.
     
  12. Evil

    Evil Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Малку грешка ти е сфатено ова. Мора да се користи оклузивна крема што ќе направи заштитен слој за заштита од губење на вода, а не уште една крема со помал процент на хијалурон.
     
    На Sexybaby86 и Annath им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е прв ретинол до сега?
     
  14. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    10.634
    Пол:
    Женски
    @IamSexyAndIKnowIt многу е рано за да покаже ретинолот негативна реакција. Многу е јак процентов.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Ова никако не е точно. Се знае што е двојно чистење (чистач на база на масло па чистач на база на вода). Маслото ги разградува елементите кои чистачот на база вода не може да ги разгради како на пример СПФ и никако не ги затнува порати бидејќи многу кратко се задржува на лицето.
    Мицеларна и пена/гел не е двојно чистење.
     
    На Sexybaby86 и Annath им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Всушност маслениот чистач иде пред пената и е погоден за мрсна кожа. Го користам тој на балеа и после пената сум сигурна дека кожата ми е чиста.
     
    На Sexybaby86 и -црноока- им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    @Waverly Raven

    Ова ми е дневната и ноќната рутина,ако се сеќаваш те прашував за тоникот со колаген и пептиди. Го вметнав во дневната рутина со витамин Ц убаво легна заедно со мосата.

    Е сега ноќниов ретинол не е чист ретинол, има ретиноид, пептиди и алое вера па ме плаши дека и во тоников има па да не направам белја.

    За сега немам никакви индикации рано е и да се каже, ама ако згусне што да превземам?
    12E45190-75DC-4016-BE76-6C154045E9CC.jpeg
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Waverly Raven и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    10.634
    Пол:
    Женски
    Има посебен тоник од фирмава со ретинол, во овој 100% нема. Retinyl Palmitate содржи серумот, кој е многу слаб ретиноид.
     
    На simoncelicius, Waverly Raven и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    12.436
    Пол:
    Машки
    Во серумот, како шо ти пиша cooll има послаба форма на ретинол, а за тоникот не знам за каков тип на ретинол станува збор и во колкава концентрација.

    Како и да е, како шо рече, ако не ти прави иритации и лупење, терај си. Доколку забележиш нешто, еден елиминирај или пак почекај да пројде ако не е нешто многу опсежно.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски

    За Pixi со години се мислам да ги земам, тоникот со гликолна посебно. Ти го користеше? Како си задоволна од овој Pixi со колаген? Као нешто цел свет ги хајпат со години. Баш синоќа им го гледав сајтот, сите линии.

    Кремата на органик шоп дали е навистина мат и дали трае мат повеќе од 2-3 часа?
    До сега единствена мат крема што навистина делува како мат и трае ми е гел-кремата на Gerovital.
    31L3mz3nHvL._AC_SY1000_.jpg


    Заедно со гелот за миење од истата линија ги користев, сега само кремата за вечерно излегување кога не ставам шминка. Се им е многу квалитетно и дава резултати, ама не се доволно хидратантни, на долги стази го прават лицето дехидрирано.

    Инаку за ретинолот, прв ми е да, Магнолија ми го препорача.