ме интересира дали сте задоволни и дали гледате резултати од користењето на ретинолот,пошто читам дека го користите дами
Здраво! Денеска се зачленив на форумов со цел да добијам одговори во врска со мојата рутина за чисто лице и анти-ејџ ефект. Најпрвин, ја споделувам мојата рутина за комбинирана кожа: АМ Cosrx good morning gel cleanser Cosrx snail mussin essence Cosrx vitamin c 23% Cosrx peptide snail eye cream Cosrx snail all in one cream Loreal aloe hydrogel Cosrx aloe spf PM Cosrx good morning gel cleanser Cosrx snail mussin essence The Ordinary argireline serum The Ordinary matrixyl serum CeraVe moisturizing lotion PM Sona (Adapalene) Cosrx rice mask moisturizing cream Прашањето ми е во врска со ретиноидот Адапален, којшто го користам веќе 5 месеци, од кои последниот месец го користам секоја вечер. Земав третиноин крема која планирам да ја користам, но не знам дали паралелно може да се употребува со Адапаленот. На пример, 6 дена од неделата Адапален, 1 ден Третиноин, дури не се навикне кожата, па постепено Адапаленот да биде заменет со Третиноин. Дали е препорачливо да се користат два ретиноида истовремено? Да напоменам, рутината колку што е во насока на чисто лице, толку е во насока и на анти-ејџ бенефитите. Поздрав до сите!
Искрено не знам зошто ти дале толку продукти за АМ. Дури ни селебритис на јутуб не ставаат по два серуми и три креми. А плус ако ставиш пудра врз тоа, нема шанси да се впијат во кожата. Според мене после вит ц доволно е само спф.
Cosrx snail кремата не е доволно хидратантна, во комбинација со cosrx алое спф е супер. лореал алое кремата е за врат и по потреба на лице во период кога температурите се ниски.
Не се многу, пак ќе кажам, не одат сите една врз друга. Лореал алоето на пример ми е одлично против воспалување на вратот и брадата, се бричам секое сабајле (машко сум). Не користам пудри, шминки. Само нега на кожа. Ме интересираа ваши мислења за комбото адапален и третиноин.
Според мене најдобро потполно да го отстраниш адапаленот кога ќе почнеш со користење на третиноинот. Исто така, третиноинот ќе го ставаш за почеток ете 3 пати неделно нека биди зашто веќе имаш користено некаков ретиноид, па ќе видиш како ќе ти реагира кожата и ќе си зголемиш евентуално за пократок период ако сметаш дека немаш прекумерно црвенило и лупење. Доколку сакаш навистина стручно мислење, најдобро со дерматолог да си се консултираш. Во однос на рутината нема да коментирам ете зашто рече дека сакаш само за ретиноидите мислење, ма да не знам зошто тогаш воопшто ја напиша.
Никако не би ги користела и двете. Отфрли го адапаленот. Од колку проценти е третиноинот? Јас со најјакиот (0.1%) како змија се луштев.
Рутината ја споделив за да е јасно дека станува збор за анти-ејџ прашање (пептиди,витЦ), односно за да не би вашите одговори биле во насока на адапаленот кој се користи за акни. Токму тоа ми беше прашањето - адапаленот го почнав користејќи еднаш неделно цел месец, па постепено зголемував. Ако користам сега адапален секоја вечер, дали може еднаш неделно третиноин, бидејќи секако кожата повторно треба да се аклиматизира. Притоа, да не го отфрлам адапаленот, иако не ми е потребен за акни, можеби се добра комбинација за користење на alternating days? Повеќе ме интересираат искуства на корисници. Најслабиот. Мислиш дека зголемена иритација и лупење би имало ако се користат и двете? Некаде прочитав дека адапаленот е ист со најслабиот третиноин, ама во насока на што, акни третман или анти-ејџ, не е баш објаснето.
Искрено не би одел со комбинација, сметам дека премногу ќе ја оптовариш кожата. Најдобро да правиш аклиматизација само со третиноин, без дополнително да зголемуваш turnover на клетки со адапленот. Нема потреба да брзаш и да се грижиш дека не го постигнуваш анти-ејџ ефектот. Good things come to those who wait.
Подобро 2-3 пати неделно користи си трет, отколку да мешаш. Адапаленот е за акни конкретно. За анти ејџ нема некои значајни докази дека делува. Ме интересира дали мора рецепт за да се купи?
Нема врска дали одат една врз друга проблемот е што имаш многу работи,ефектот е слаб едно со едно не оди, мешавина… хаос. Не можеш така мора да намалиш на три дневно па постепено со трошење на едните да се внесат другите. Најдобронамерно…
Нема врска тоа машко женско, не е добро да се оптеретува кожата. Колку помалку производи, толку подобро. Баш ме интетесира кој ти ја направи рутинава Доволно ти е средство за миење , тонер, витамин Ц и спф преку ден. Навечер вит Ц и кремата со спф ги заменуваш со еден од ретинолите и крема побогата по ретинолот. Не ти требаат и два ретинола тоа сигурно.
Се одлучив да земам салицилна киселина и витамин ц и нив да ги вметнам во рутина. Е сега, дали е подобро серум со салицилна од ревокс или the ordinary, или пак тоник со салицилна од mossa? И исто, дали е подобро серум со витамин ц на ревокс или ординери или пак оној glow cocktail на mossa? Немам пари за фрлање па затоа ми е да не згрешам, сакам прав избор да направам.Фала ви
Не е лоша таа на Ревокс, но подобро е само киселина и на Ординари…здравје на пролет можеш да го земеш тоникот на Моса со салицилна киселина. Според мене е подобро glow cocktails бидејќи навистина е добар, а тој на Ревокс го немам користено.