Може ли мислење за ретинолот на La roche posay бидејќи планирам да го купам и да ми препорачате крема за после него за навечер.
Ретинолот на La roche posay го немам пробано. Туку каква кожа имаш? Можеш оваа да ја земеш , од кремава две верзии има , light е за комбинирана и мрсна , rich за сува кожа. Јас light ја имам , супер е.
Едвај најдов тоник од чајно дрво за порите и го користам 3 дена гледам малку ми е чуден, кога ќе видам состав Alcohol denat. Од истата линија земав и гел за миење од чајно дрво без алкохол е, па мислев и ова нема. Немам несакани дејства, само не знам дали да го користам? Планирам да не го користам секој ден, чудно ми е малку. Совет? @koritsaki @buba4e89
По моето минимално познавање благодарение на @Biodevojka мислам дека тоа не е чист алкохол. Се додека не ти прави проблем можеш да го користиш.
Здраво драга alcohol denat е алкохол и зависи од процентот во кој е употребен и соодносот со останатите состојки. Ако е веднаш после водата и пред глицеринот огаш е во поголема количина и може да ја суши кожата, Ако е подлр глицеринот тогаш е во мал количина и нема проблем. Ова вака горе долу за да се ориентираш, а за поточно ми треба деклрација.
Тоник : Aqua (Water), Alcohol Denat., Glycerin, Cocamidopropyl Betaine, Propylene Glycol, Polysorbate 20, Phenoxyethanol, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Oil, Ethylhexylglycerin, Benzyl Alcohol, Limonene. Гел: Aqua/Water, Cocamidopropyl Betaine, Ammonium Lauryl Sulfate, Sodium Laureth Sulfate, Disodium Cocoamphodiacetate, Sorbitol,Sodium Chloride, Glycerin, Propylene Glycol, Tea Tree Oil (Melaleuca Alternifolia Leaf Oil),Methylchloroisothiazolinone,Methylisothiazolinone, PEG/Ppg-120/10 Trimethylolpropane Trioleate, Laureth-2, Tetrasodium EDTA, Citric Acid,Benzyl Alcohol, Limonene еве ги, алкохолот е после водата
Жени, една консултација Од тон пробана козметика единствено ми одговара Биодерма sensibio rich и мицеларната вода за чистење на лице... Ама во разговор ми кажаа дека Биодерма за кај нас се пакува во Бугарија, и не е ни блиску со квалитет до онаа Биодерма од Франција... Дали имате инфо? И дали la roche е со подобар квалитет, па да ја сменам Благодарам
Точно е, ниска класа на продукти. Исто и со било кој друг бренд да земеш. Подобро нарачај од lookfantastic од Британија барем знаеш дека користиш квалитет на високо ниво.
Јас до Малта 2€ плаќам поштарина за нарачки под 20€ а над 20€ е фри. За Мкд е скапо да,ама ако нарачаш повеќе работи се исплати.
Не е точно. Јас барем немам приметено никаква разлика помеѓу производите. Бар докажи дека е така кога веќе си пишала вакво нешто
Да во тој случај е агресивно. Е сега ако е 7 посто сепак може ама ако е повеќе не. Ова не можам со сигурност да ти го кажам со оглед на тоа што е пред глицеринот веднаш по водата. Евентуално види ако многу се чувствува алкохол во производот, тогаш е голем процент. Друг нчин е да пробаш, ако чувствуваш дека кожата се суши и затега подобро остави,
Женски вака си купив неколку продукти и вака ги вметнав во рутината, ве молам кажете ми дали е океј да не грешам нешто. Наутро Гел за миење лице со боровинка на натура сиберика Витамин ц серум исто од натура сиберика Крема за околу очи со витамин ц и кофеин од натура сиберика Хидратантна крема Спф ( Ќе ги поставам сите слики по ред долу) Навечер Балеа масло за топење шминка Чистач од true alchemy со аха/бха Истата крема за околу очи како и наутро Хидратантна крема Е сега, дали воопшто смеам да ја користам кремата за околу очи после чистењето со аха/бха или ќе ми прави проблем? Пробав еднаш и немав реакција никаква. Исто, имам ниацинамид дома, дали да го вметнам и каде или нема потреба? Ви благодарам
Ок ти е рутината. Може да ја користиш кремата за околу очи не би требало да ти прави проблем, ако приметиш сушење или сензитивност намали на помалку дена во неделата со аха/бха. Ниацинамид може да го вметнеш кај сакаш на пр. после серумот ц наутро или после чистачот навечер
Би ти препорачал, да не го користиш АХА/БХА чистачот секој ден. Сметам дека е “абразивен” за секојдневна употреба поради составот, конкретно киселините. Пример, користи го 3 пати неделно, а во останатите денови користи го чистачот од утринската рутина или некој друг “инертен” чистач без киселини како активни состојки. Нијацинамидот, доколку сакаш, можиш да го вметниш навечер, пред хидратантната крема.
мислам дека аха/бха киселини не одат во иста рутина со вит ц. Исто два продукти кои содржат вит ц во иста рутина се многу