Кога ќе станам го мијам со CeraVe foaming gel cleanser па ставам дневна крема. Навечер ако имам ставено шминка ја чистам со мицеларната вода Hydrabio H2O на Bioderma, го мијам лицето со Sebamed cleansing bar или со гелов. Пилинг правам 2-3 пати неделно со средство за физички пилинг.
Cerave се многу скапи на yesstyle, побарај од грција или бугарија некој да ти го набави ги има по сите аптеки.
UPDATE АМ рутина 1. Мијам лице со вода 2. Cleansing lotion - URTEKRAM Free Perfume 3. Toner - URTEKRAM Toner Free Parfume 4. Niacinamide 10% + Zinc 1% - The Ordinary 5. Moisturizing creme - Mizon Snail Recovery gel cream* 6. SunScreen - Eucerine Oil Control SPF 50 PM рутина 1. Мицерална вода - OLIVAL 2. Cleansing lotion - URTEKRAM Free Perfume 2.1 AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution - The Ordinary (еднаш неделно-вторник) 2.2 COSRX BHA Blackhead Power Liquid (два пати неделно-четврток и сабота)* 3. Toner - URTEKRAM Toner Free Perfume 4. Hyaluronic Acid 2% + B5 - The Ordinary (кога не користам sheet mask) 5. It's Skin, Power 10 Formula, VC Effector with Vitamin C* 6. Salicylic Acid 2% - Revolution (spot treatment кога е потребно и не во денови кога користам 2.1 и 2.2) 7. It's Skin, Power 10 Formula, WH Effector with Arbutin (spot treatment кога е потребно)* 7. Sheet Mask (три пати неделно-кога користам 2.1 и 2.2) 8. Moisturizing creme - Joseon Beauty of Joseon Dynasty Cream* 9. Mizon Good Night White Sleeping Mask (понеделник, среда и петок)* *купени од yesstyle.com -The Ordinary од deciem.com и beautybay.com -URTEKRAM од Cosmo -Revolution од beautybay.com
Мојата рутина, кожата ми е сува и чувствителна. Пример ако се допрам на било кој дел од лицето со нечисти раце наредниот ден на тоа место имам акна. Сум пробала секакви марамчиња за чистење шминка и наредниот ден лицето ми било како стругано, суво и црвено и болно на некои места. Наутро: -Пена за сува и чувствителна кожа Olival -Тоник балеа розев -Околуочна крема Балеа -Крема со уреа за чувствителна кожа балеа -Крема од Алверде СПФ сензитив Навечер: -Масло од балеа за двојно чистење (само кога носам шминка) -Мицеларна вода Olival -Пена за сува и чувствителна кожа Olival Тоник балеа розев -Околуочна крема Балеа -Крема со уреа за чувствителна кожа балеа Понекогаш ставам активен кислород. Кога планирам да излегувам од дома без ставам шминка користам маст од коноп пред кремата со спф, дава предобар сјај на кожата. Пилинг правам еднаш неделно со Нивеа розевиот пилинг, маска ставам два пати во месецот но САМО маската од афродита со лаванда. Сите други ми го воспалуваат лицето. Се изнамачив да ја најдам идеалната рутина за мојата кожа, се надевам ќе помогнам на некој со кожа како мојата. Заборавив да напоменам дека имам 22 години и не користам ништо против брчки освен околуочниот крем. Планирам да го вметнам и серумот на Revuere.
Која крема за околу очи ја користиш од Балеа? И која цена е? Сакам и јас да си земам ама не знам која..
Не знам која цена е одамна го земав. Не е повеќе од 250 ден. Го чувам во фрижидер за подобри резултати.
Наутро: - Мијам лице со ладна вода и користам рачно изработен сапун од магарешко млеко - Тоник Konopka's за масна и комбинирана кожа (Balancing face toner) - Konopka's smoothing face серум - Крема за околу очи Konopka's (regenerating eye cream) - Хидратантна крема Hada Labo - SunDance флуид за лице со SPF 50 Навечер: - Мицеларна вода Nivea Detox со зелен чај - Мијам лице со сапунот од магарешко млеко - Тоник Konopka's balancing face toner - Прскам ружина вода на Alverde - 100% чисто арганово масло од Institute Organica (на цело лице, врат и околу очи). Засега тоа е тоа, имам комбинирана кожа со проширени пори, склона кон митесери и понекоја акна кои повремено ми се јавуваат во пределот на вратот, околу виличната коска и долниот дел од левиот образ (најверојатно хормонски) и често на местото на акната ми останува флека... Деновиве планирам да започнам со користење на нијацинамид и витамин ц, како и хемиски пилинг со аха, со цел да се справам со проширените пори и флеките. Со хидратација на лицето немам проблем, барем мислам дека производиве што ги користам ја хидрираат задоволително кожата.
Прво да ставам пена за лице па после тоа мицерална или обратно? Не знам кој чекор е прв и дури сега воведувам пена за миење на лице...
Прво мицеларна, па ја плакнеш, па пена. Но, ако не носиш шминка и сл, не мора и двете (за да не го миеш беспотребно многу лицето), може и само пена.
Наутро: Го мијам лицето со пена Го тонирам Нанесувам витамин Ц серум Нанесувам серум хијалуронска киселина Нанесувам крема околу очи Нанесувам хидратантна крема со спф Навечер: Го мијам лицето со пена Го тонирам Нанесувам серум ретинол Нанесувам крема околу очи Нанесувам ноќна крема Два пати неделно правам пилинг по следниов редослед, миење со пена, пилинг па тонирање. Кога правам пилинг ретинол не користам. Два пати неделно ставам маски за лице. Имам сува кожа да напоменам.
Здраво девојки, имам мрсна/комбинирана кожа и сакам да почнам со дневна и ноќна рутина, но не можам да се одлучам кои производи би биле најдобри за мојата кожа. Немам многу големи проблеми со акни, ми излегува по некоја повремено. Досега си го мијам лицето со вода, навечер со хлородерм го чистам, а наутро ставам крема обична бекутан или нивеа. Ама сакам да почнам да користам пена, тоник, дневна и ноќна крема. Воедно, не сакам да го преоптеретам лицево, само некоја минимална рутина. Кои производи се must have според вас и би ми одговарале?
Дневна рутина: -миење на лице со млака вода, или маслен сапун, -масло од смил (веќе 3+месеца го користам) - дневна крема Ноќна рутина: - миење на лице со Нивеа гел од краставица, - масло од смил, - ноќна крема, -еликсир за пределот околу очите Ова ми се основни рутини. Периодов за време на коронава, воведов некои плус skin care продукти( серум, филер,тоник..)
Решив да ја споделам мојата најнова рутина. Идеме вака! Наутро: - миење со Neutrogena Blackhead Eliminating facial scrub - хијалуронска киселина на влажна кожа, ниацинамид, Revuele night nourishment (ја немаше дневната па оваа си ја користам и сабајле и вечер), Carroten Sensicare SPF 50 Навечер: - миење со Nivea Soothing Cleansing Oil (grape seed oil) - миење со Neutrogena Clear and Defend wash-mask - 3 пати во неделата салицилна + Revuele night nourishment, еднаш во неделата AHA + Revuele night nourishment. Вечерите кога не ставам серуми, ја користам само ноќната крема. 2 пати во неделата Neutrogena Clear and Defend ја користам како маска. *сите серуми се на Revox Серумите ги користам дали 1 недела и задоволна сум сега за сега. Никогаш не сум имала проблематично лице но се воочувам разлика колку толку за овие неколку дена. Меѓутоа приметив наутро откако ќе ставам СПФ, при малку триење на лицето, дури и да го чепнам само се собира бело како да се лупи. Ова се случува само после СПФ. Можеби не одговара со кремата заедно. Тестирав на рака и не го прави истото. Утре ќе пробам без кремата на Revuele.