Пробај нијацинамидот не го користи некое време. Мене уште толку ми ја мастеше кожата. Тоа на Лавера 3во1 е пилинг кремата за миење лице и маска што е? И тоа да не ти го суши лицето, јас го користам само како маска и ми е супер така. Земи го гелот за миење лице на Ла тош ефаклар, наместо тоа
Да тој е 3во1, немам такво чувство на затегнатост мислам дека е ок ама ке сменам наредна прилика. Ке тргнам и нијацинамид да видам дали ке има ефект. Фала ти
Дали некој/а овде има добиено рутина од Магнолија/Белина.мк? Пуштив барање и веќе помина скоро 1 недела, уште немам добиено никаква конкретна рутина. Сите ли чекаат толку долго?
Јас добив рутина во рок од 48 часа, најчесто за 2-3 дена би требало да стигне. Провери во spam или види пиши и на Инстаграм дали воопшто го има добиено барањето.
Во контакт сме, и на Инстаграм и на мејл, го има добиено барањето но немам добиено рутина. Каква рутина доби? Каков проблем имаше и дали си задоволна од рутината, има резултат?
Јас добив рутина од Магнолија, ја користам веќе 3 недели. Треба да и пуштам слики за резултати деновиве. Кај мене лицето е некако поздраво личи, тенот ми е побалансиран, малите брчки ми се измазнети (хидрирани добро па не се познаваат) ама од друга страна ми се исфрла лицево сега и не знам до што е. Можеби некој од производите не ми делува добро. А не беа ефтини производите што ми ги препорача, се на се 7000 ме фати. ќе видиме што ќе рече кога ќе и пратам слики.
Лани аплицирав и добив минимална рутина, но не ја почнав затоа што ми препорача два производи кои ги имав претходно користено и не ми одговараа. Јас конкретно барав похидрирана и поблескава кожа и добив рутина (насабајле - гел, тоник, спф и навечер - мицеларна, гел, тоник, крем). Не се сеќавам точно, но мислам гел, мицеларна и крем беа од Lavera, спф од Mossa. На крај јас сама почнав моја рутина со комбинација од фалени производи од форумов и некои од кај неа на профил и таа одлука супер ми се покажа.
@Agness И мене ми исфрли од маслениот чистач, бараше премногу масирање а тоа ми го иритираше лицето. Го прекинав почнав да користам мицеларна и подобро е. И мене од некои состојки ми исфрла, за сега кај мене хијалуронска и гликолна киселина најдобро делуват. Зелената линија за масна кожа на Натура Сиберика исто така. @Reina.Gitana Изгледа не се посветува еднакво на сите. Сигурно има и незадоволни клиенти но не ги објавува нив. Исто направив и јас, со фалени производи комбинирав своја рутина, и сега кога пратив барање за рутина ме праша што користам и 8 дена чекав рутина да ми направи, непрофесионално, претходно сум ја одследила несакајки поради оние ГИВАВЕЈ страните и ме праша типката зошто сум ја одследила ЛОЛ, а сега со намера повеќе не ја следам. Куп пари фрлив за да чекам 8 дена една рутина, и ултразвучната шпатула ја купив пред неколку дена по нејзина реклама. Изгледа и после тоа не сум заслужила рутина. После фрлени 300е пари по продукти кои таа ги рекламира. Вечерва ни од кај другарка и другар на Инстаграм не може да се најде нејзиниот профил..
Од козметика за лице признавам само Ла рош, Биодерма, Авен, нешто корејско.. Се од дм е само фрлање пари во воздух.
Зависи што купуваш т.е од кој бренд. Секаде се продава и помалку и повеќе квалитетна козметика. Искрено од ДМ сум разочарана што доолго време не носат роба овде и не можам да си ја надополнам рутината целосно.
Јас се сомневам во ниацимидот. предходно купив серум ист таков од ДМ, некоја ревокс фирма и исто се исфрлав, ама ај реков овој поскап е би требало да е подобар. После се мислев можеби да е СПФ, ама не одам на работа физички периодов па дека дома сум и не ставав, ама пак ми се исфрла така да не е ни од СПФ. И пишав меил вчера, ќе видиме што друго ќе ми понуди, само да престане да ми се исфрла лицево веќе.
Кога сме кај Нијацинамид јас го користев тој 21 Pore Minimizer, црно шишенце. Ме печеше лицето од него и ми исфрли многу, му дадов шанса пак околу 2 месеци го користев и ништо не се смени, го прекинав. Што по нежно со лицето толку по убаво ми е.
Да, така ми изгледа и мене. Првиот пат, некаде пред 2 години и можеби повеќе јас кога аплицирав за рутина, добив одговор дека за мојата состојба треба дерматолог. Во тој период се занимавав уште со неколку лузни од акни, но немав така лоша состојба за да ми треба до толку стручно лице кога за споредба таа објавуваше слики од пред/потоа со многу полоши состојби од мојата. Другарот и другарката сигурно ги има блокирано на Инстаграм.
Смешки, одвратно.(во врска со блокирањето) Инаку да, имаше објавено многу грозни состојби на лице и потоа излечени акните. @buba4e89 Витамин Ц користев на Novexpert неколку месеци но никаков резултат не даде. Некој друг добар витамин Ц препорака? Овој на ellixy имаш мислење? Пошо хијалуронската од тој бренд ми е топ.
Ќе се вмешам јас во муабетот за серум со витамин Ц, но некако ми тргна денот да го фалам тој од Mossa. Читав многу пофалби и морав да го пробам и не зажалив воопшто. Мене супер ми се погоди и за кратко време видов резултати.
Не сум пробала ништо од тој бренд нажалост. Јас сега го користам на nip+fab и сум задоволна. Процентот е мал ама ми одговара,само што овој бренд го нема во Мкд, од истиот бренд го користам и ретинолот кој не е чист ама убаво искомбиниран и многу ми одговара. Од Моса коктелот го имаш пробано?
Не, не знам зошто Моса брендот ми изгледа многу шкарт. Ваљда имам прочитано негативни рецензии. Овој во претходното мислење што е цитиран? Со диња?