После гелот за миење лице, на сува кожа нанеси го. И стави крема, и крема со спф. Ова во утринската рутина.
Синоќа после чистење поминав со памукче и тоник со салицилна од Мадара, па после 5мин ставив од серумот. Убаво се вклопи немав иритации и денес лицето ми е помазно. Ќе видиме со тек на време што ќе одговара а што не. @koritsaki Колку кошташе тоникот на Моса со витамин ц и дали е ефикасен?
Не ја мешај салицилната со серумот, ти ги мешаш и имаш проблем после. Тоникот со салицилна нека ти биде во ноќната рутина после него крема. А серумот во дневната рутина. Ти кажав и минатиот пат дека многу продукти наеднаш ти го намалуваат ефектот и кожата не реагира односно стагнира. Колку помалку сведеш толку подобро. Тоникот не е повеќе од 700 денари, јас го немам овој користено ама тој другиот на Моса со салицилна да и бев задоволна.
Јас салицилна немам користено па да ти кажам како би одговарал со тоникот. Серумот на Мадара го користиш навечер? Овој на Моса нема салицилна во составот. Супер ми е , немам проблем никаков. 640 денари кошта инаку
Мене искрено не ми направи проблем, денес ми е лицето премазно и порите изгледаат почисти. Се надевам само серумот да помогне со некои благи пигментации што ги имам над усните и на носот.
Ај да се вмешам и јас малце... витамин ц серум влијае на намалување на пори? па и јас да си земам ако не
Порите не можат да се намалат, едино само да ги одржуваш чисти. Витаминот Ц е за хидратација,пигментација и флеки.
Јас земав пред некој ден неколку работи па што мислите за рутинава дали е добра комбинација ( имам комбинирано лице склоно кон акни и митесери) Наутро : Гел чистач од Натура сиберика Зелената линија со нијацинамид е мислам Тоник на revuele со салицилна киселина Спф крема на еуцерин дермопјур линијата Навечер: Гел чистачот Серум на ревокс Салицилна киселина Крема на натура сиберика исто зелената линија, хијалуронска киселина и б5 има мислам Што мислите за комбинацииве? да не претерам па да има контраефект? претходно користев клиндамицин по препорака на дерматолог заедно со гел пилинг на еуцерин и еден мат флуид на логона, ама немав некој ефект