@Biodevojka што мислиш ти? Веќе 5 дена одприлика ги користам и еве овие 2 дена забележувам бубулици на лицево. Сега не ми е затегната кожава на лицево и сува ама вака се исфрлам само пред добиено. Негде читав као кожата се чистела и после определено време ќе се среди или да се помирам дека не ми одговара колекцијава?
Драга ако претходно си користела производи на силиконска база кожата се чисти и можно е на почетокот да забележиш влошување. За вистинки резултати потребни се барем два месеци користење. Инаку производите на Натура Сиберика кои и ги земала се ок. Дај им време.
Samo da dodadam zavisi i kolkav e % na vitamin c , ako e mal mozes sabajle no ako e pogolem primer 15-20% definitivno samo navecer , kako mal sovet prifati go
Сакам да започнам со комплетно нова рутина на кожа и потребен ми е совет. Изминативе години имав огромни паузи поради бремености или доење и целосно изгубив рутина, се се сведуваше на чистење/хидратација. Имам кожа со делови склони кон првутење или црвенила.(39г) Сакам да воведам антиаџинг рутина, со соодветен серум/витамини/крема/тоник… Има ли некој искуство или предлог за целосна линија која би можела да ја набавам, сеедно дали од една фирма или комбинација од неколку. @buba4e89 @koritsaki или некој друг можеби има совет. Благодарам однапред
Треба да ја хидратираш кожата, во превод сензитивна кожа. Многу е важно, од она што сум го научила до сега на оваа тема да не се иритира дополнително кожата со агресивни киселини или премногу продукти наеднаш. Не знам дали во Германија имате Мадара бренд, има добар СОС серум за оваа проблематика, лично го користев зимото кога бев во Македонија и многу ми пријаше. Наменет е за сува кожа како помош во случајов како твојата, цената е солена но вреди,ако ми веруваш ќе се прероди кожата. Јас би ти го препорачала него во вечерната рутина после гелот за миење лице. Подолу ќе ти прикачам слики од продуктите. Од гел би ти препорачала да земеш на Ла Роше дерматолошкиот Цицапласт Б5 највеќе поради тоа што имаш црвенило. Одличен е, го користев јас лично чисти убаво. Од креми линијата на Толериане би ти одговарала исто е од брендот Ла Роше, ама можеш и на So bio etic rich ( богата хидратација нуди), ако сакаш ти избираш. Мислам дека на notino.de имаше нешто од продуктиве што има во Белина. За дневната рутина - јас препорачувам витамин Ц ( ла роше како серум, novexpert како серум или nipfab како бустер серум мешавина од други состојки). Сите ги имам пробано, од последниот сум најзадоволна. Два пати неделно можеш да воведеш ретинол. Е сега има во сквалан на Ординери ама не сум сигурна дали ќе ти прија ради црвенилото. Има помал процент можеш да пробаш, кога ќе го користиш него нема да ставаш друг продукт,само него тој ден и после него крема. Користам на nipfab мешавина од кој многу сум задоволна и ми прија, процентот е 0.3% бустер. Имав некои линии на челото сега гледам ги нема, ама мене ова ми е втор ретинол само др.фирма. Кремите кои се универзални можат да се користат и наутро и навечер, ако сакаш можеш да си побараш и ноќна. Значи за сензитивна кожа. Спф- исто така строго за типот на кожата,повисок фактор. Ќе ти прикачам сега слики. Во глобала овие се:
@danichap Хидратација е потребна најпрво, јас од препаративната козметика имам многу доверба во производите на Shiseido, за возраст од 40+ јас ти ја препорачувам линијата vital perfection, има дневна ноќна крема и серум доколку сакаш од иста линија. За околу очи крема од линијата benefiance. И спф крема секако. Нивните спф креми се одлични, верувам дека има и за твојот тип на кожа. За миење лице пена би ти препорачала да си земеш, по нежна е за лицето. Оваа линија братучетка моја ја користи и е супер задоволна, и според типот на кожа.. Јас лично би пробала и нешто од корејска козметика, гледам супер резултати на кожата на нет во однос на хидратација, антиејџ ама до сега ништо од нив немам користено така да немам и некои предлози ќе jа тагнам @Iris-1234
@buba4e89 фала за советите. Чистење, нега и хидратација користам континуирано и проблематичните делови ги држам најчесто под контрола. Ми беа потребни совети за ретинол, вит.ц и спф крема. Ќе ги прогуглам твоите предлози и ќе се одлучам. @koritsaki порано имам користено од нив креми, целосно ги заборавив. Ќе ја разгледам предложената линија. Корејциве и јас ги читам а немам никогаш нешто користено.
@buba4e89 го најдов овој, 0,1 е. Дали како за прво користење да почнам од послабо, или да пробам идентичната опаковка да ја најдам што ми ја предложи. Мислење ако може дали има некоја разлика ова 0,1 и 0,3?
Ова е крема не е серум. Се става после серумот оваа крема обично за појак ефект. Пробај најди го серумот, еј ми текна дека ти можеш да порачаш од lookfantastic.com https://www.lookfantastic.com/nip-fab-retinol-fix-serum-extreme-50ml/12192674.html
Да пробаш, ќе имаш прекрасни резултати верувај. Околу чистењето на лицето наутро го користам Cosrx Low pH Good morning Gel, а навечер двојно чистење, прво балмот Аll clean на Heimish па после истиот гел наутро што го користам. Моментално го користам тонерот на Тиам Vita B5 и есенцијата Snail Mucin 96 на Cosrx и навистина сфаќам зошто е толкав хајпот околу неа на Тикток, извонредна е. Навечер користам серум ампула за кожната бариера Artichoke intensive skin barrier на Axis-Y, a наутро серумот со Propolis и Niacinamide на Beauty of Joseon. Моментално иста крема користам и за наутро и за навечер а тоа е Centella Unscented Recovery Cream од Purito, ми дава одлична хидратација. Го препорачувам и spf со Алое на Cosrx, a сега се хит spf-от на Beauty of Joseon и на Round Lab и дефинитивно морам да ги пробам и нив Кога ќе пробате корејска козметика никогаш веќе нема да се вратите на друга
Втората е баш хидратантна и ќе ти одговара повеќе, јас првата ја имав и беше со некој мат завршеток, јас гласам за таа на Ла рош
Фала девојки Спремив кошницата со ретинол, витамин ц, гелот и спф. Имам веќе дневна/ноќна и серуми за хидратација. Да ги дотрошам тие и ќе надополнам и со другите предлози.
Здраво, имам 27 години, би сакала ако може да ми препорачате дневна и ноќна рутина за лице. Имам нормална кожа, немам акни (освен по некоја во пмс). Кои производи да ги користам за да ми изгледа кожата мазна?
Ме интересира дали некој го користи ова: Имам комбинирана кожа, ова со претходната нарачка добив и тестер за кремава. И е убедливо најдобро нешто шо кожава моја осетила in a while. Ама нели, то беше само еднаш и не знам дали long term би било океј. Додуша јас сум бааѓи решена дека ќе го земам, само ме интересира дали некој користи и како е задоволен. Исто имам блага опсесија со eye patches па ме интересира дали некој има користено и како е задоволен од ова:
Ако имаш нормална кожа тогаш само серуми за хидратација и тоник би било соодветно. Земи серум со хијалуронска киселина за навечер,а преку ден тоник. Има еден тоник youth defence на mossa тој можеш преку ден да го користиш. Крема за нормална кожа и крема со спф. Немаш потреба да го стресираш лицето дополнително. За вадење шминка земи мицерална вода.