Наутро чистење со гел или пена за лице, навечер обавезно двојно чистење, прво со маслен чистач балм или масло за да се растопат сите нечистотии, спф и шминка па после со истиот гел или пена од утрото. За почеток можеш да земеш тоник со пантенол и јас таков користам сега (Tiam Vita B5), па после можеш некој серум со хијалурноска киселина и хидратантна крема. Наутро обавезно спф. Ова е некоја многу базична рутина, но после 25 година се препорачува да се почне со антиејџинг рутина, се смета дека тогаш е правото време За да не почнуваш одма со ретиноли, почни до серум со пептиди, најзадоволна бев од The Ordinary Buffet + Copper peptides серумот. За рутина можеш да им пишеш на Coslovemetics, одлични производи ќе ти понудат за твојот тип кожа и целта што сакаш да ја постигнеш.
@buba4e89 @Iris-1234 Фала многу Овие за почеток дали се ок да ги земам? Па постепено да вметнам и серум, да не дојде одма многу наеднаш? И дали можам да ги користам истиве бидејќи го дојам бебчето сеуште?
Jas ja imav beta glucan kremata uste godini unazad, iskreno ne vidov ni hidratacija ni da mi pomogne so nesto, okej e ama iskreno ne vidov nikakvi rezultati ni minimalno razlika
Фала Да го пробам и него, бидејќи само со Со Био маслениот мицерален чистач, не ми се вади скроз шминката
Одличен избор, не ми текна дека можеш и Мосата серумот и кремата да ги земеш. Да, ќе одговара. Две имам искористено до сега, прекрасна е.
@buba4e89 @koritsaki набавив дел од работите кои ми ги предложивте. До сега немам користено ваков вид на екстра нега па не сум сигурна за вистинските чекори при користење, односно правилниот распоред. Ќе ставам слики во спојлер, ако може да ме советувате за редоследот на користење наутро и навечер(миење, хидратација, нега … со кој продукт да почнам понатамошниот редослед) и за ретинолот и вит ц колку пати неделно и измеѓу кои продукти да ги внесувам. Моментално наизменично користам од лавера две дневни креми и два серуми за хидратација. Пријатни се на кожата па додека не ги потрошам ќе ги користам паралелно со останатите. Истовремено користам и ноќна од лавера, за хидратација. Следни на листата ми се креми со антиејџ, но за сега ќе ги дотрошам овие. Благодарам однапред Спојлер: Продукти
За наутро прво ќе измиеш лице, па нанесуваш тонер, па серум, крема и спф За навечер- ако правиш двојно чистење, масло/балм па миеш лице со гел, тонер, серум па крема. Ретинолот јас два пати неделно користам , а витамин ц секој ден пред спф кремата. Ова advanced mucin snail 96 не знам како да го користиш, помрѓу кој продукт да го внесеш, мене ме интересира како ќе ти се допадне гледам доста го користат
Есенцијата на Corsx се користи во текот на денот значи ако си дома можеш да се претпладне да речеме. Исто можеш да ја користиш после серум наутро и навечер. Овој ретинол што си го зела јас го користам секоја вечер редовно веќе три и пол месеци и ми го направи лицето џам.После него обавезно крема Исто и витамин Ц секој ден наутро па крема ставам јас па спф. Гелот како што ти кажа @koritsaki
Есенцијата доаѓа пред серум , не сум експерт ама каде и да видиш по рутини и се тоа доаѓа после тонер и пред серум бидејќи есенцијата е сепак малце погуста и е на некој начин замена на тонер и доаѓа како база на лицето. Серумот бидејќи е поконцентриран од есенцијата и подлабински навлегува и реагира во кожата е побитен и затоа ќе дојде после есенцијата . Ова е само мое мислење јас како практикувам, читам од дерматолози и гледам статии од нив секој ден .
Мислење за кремава за сува кожа (ептен) и дали може да се користи со овие две или сепак серумот од истата колекција да го земам ако е ок за пори и хидратација? Тапа сум ептен за овие работи а не можам да го средам лицево ме пече моментално колку е суво џабе се шлакам со кремине претходно што ги земав
Првиот впечаток е одличен. Најважното е дека немам иритации или црвенила. Верувам ќе ми годи рутинава.
За серум, можеш од Моса тој да го земеш glow cocktail ili овој https://www.bellina.mk/p/1125/anti-ox-blueberry-regenerirachki-serum-za-litse-30-ml?categories=23 Другиот производ е гел за лице тој можеш да го земеш. Ќе измиеш лице ќе нанесеш серум, па крема со спф
Фала ти многу, ќе ги земам од моса бар исти бренд да бидат па ќе видиме како ќе се покажат Више се пореметив со кремиве