1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. joci26

    joci26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Zdravo, moze da mi dadete predlog za krema za lice za mrsna do kombinirana koza, isto i za spf. Koristam od skoro niacinamid i salicilna, pa me interesira dali ako salicilnata ja koristam navecer kolku pati nedelno treba i dali mora posle toa spf? Inaku planiram niacinamide da stavam nautro, a salicilna navecer.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    За мрсна кожа преку ден на Ефаклар дуо+ на Ла роше, спф има од Ла роше uv 400 така нешто беше.
    Ниацинамидот наутро па крема па спф.
    Салицилната навечер па крема.
    Можеш и зелената на Конопка да ја земеш.

    Секој ден оваа рутина,три месеци.
     
    На joci26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Фала многу што сподели, јас мислев иде после серум дека нели се прска. Така го сфатив.
    И јас ќе го порачам за лето после тоникот ќе го нанесувам навечер како замена за ретинолот. Баш ме интересира што бенефиции има.
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Секако мило ми е да помогнам и да научам нешто ново и јас. :inlove:
    Ама тоа што прска нека не те буни бидејќи тоа е во глобала напраено, и есенција и тонер идат пред серум .Се надевам дека ќе ти се погоди па да ни кажеш искуство
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    2.240
    Женски ајде малку помош.
    Моментално користам од Натура сиберика Polar White Birch линијата гел за чистење, серум, тоник и кремата. Наутро мијам лице со гелот, мачкам кремата па после спф и шминка, навечер прво чистам со мицеларна вода па го мијам лицето со гелот, поминувам со тоник, серум и кремата. Сакам да вметнам витамин ц и хијалурон и сефте ретинол. Малку со ретинолот не знам кога и колку пати неделно. Е сега исто што ме буни во натура сиберика во составот има нијацинамид, нели нијацинамид не се комбинира со витамин ц. И сега како?
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Тоа е минимален процент можеби речиси незабележлив и мислам дека не би требало да е проблем. Витамин Ц наутро, а ретинолот зависи од процентот. Јас најслабиот секоја вечер го ставав и не го мешав со други серуми, ама сметам дека се стоплува и добро би било да започнеш на зима со него.
     
  7. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Не се комбинира кога е заедно едно по друго а кога е едното навечер другото насабајле како што кажа @buba4e89 .Не форсирај се да ставаш сега е сезона на витамин ц и други . Можеш и ретинол аѓа понатака премногу ќе дојде на кожата и ќе си натрупаш за џабе само .хиалуронска можеш и два пати на ден тоа слободно.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Предложете ми нешто за двојно чистење ми заврши веке имав на Iunik масло но ми беше од Мк
    Ми треба за 2-3дена уште имам
    Сакав да сменам некој друг да пробам па секој совет ми е добредојден
    Исто и добра хидратантна крема барам пробав многу но ниту една неможам да погодам
    Производи кои би можела да ги нарачам од овде во Германија
    Амазон ми е најбрза варијанта бидејки за 1 ден ми стигат
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.372
    Допаѓања:
    105.451
    Пол:
    Женски

    Heimish mandarin балмот или Novexpert маслото.
    За крема ако можеш да ја најдеш на Geek&gorgeous happier barrier
     
    На CrystalNoir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.372
    Допаѓања:
    105.451
    Пол:
    Женски
  13. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Девојки, што користите за лице? Немам никаков конкретен проблем. Имам чисто лице и немам ништо користено освен Нивеа од време на време. Сакам да почнам да користам некоја крема/серум што би ми препорачале. :)
     
  14. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    За дневна рутина обавезно фактор за против сонце 50 за да си го оставиш лицето така чисто и да спречиш од штетата од сонцето и некој хидратантен серум можеш што ќе ти биде и два пати на ден. Ама тоа е до ти како си преферираш.
    За навечер обавезно маслен чистач длабински и да вадиш шминка со него, серум ( зависи колку години имаш, ако си 30+ убаво би било хиалуронска или витамин ц со мал процент) бидејќи сега на тоа доаѓа сезона и секако најбитното крема. Крема пак ќе кажам ако си помлада можеш било каква со сентела или со камилица тие се лесни,но ако си позрела можеш да идеш со крем со пептиди или со витамин е да ја храниш кожата и да ја освежуваш.

    Ова ти е како за почеток нешто што се почнува и е најбитното за една како рутина кога се почнува.
    Сабајлечки спф и ако идеш со хидратантен серум два пати на ден.
    Вечерна рутина со маслен чистач длабински и вадење шминка ако си носис ,серум и крема е многу битно.

    Понатака ако ти затреба уште нешто ќе видиш кожата како ќе то реагира што ќе ти бара ќе ја навикнеш и ќе си ја слушаш и по тоа ќе идеш. :)
    Се надевам ова ќе ти помогне
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.598
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со нега на лице, рутина, за кожа со себоичен дерматит?
    Мислам, тоа е авотимуна состојба, на местата каде имаме жлезди масти кожата повеќе, ствара црвенило и лушпи, перутање...
    Земав лосион за чистење, крема за лице и за околу очи на Биодерма Сенсибио ДС+ (баш за таа дијагноза), но кремата е доста посна.
    А веќе певите знаци на умор се забележуваат, пред да се појават брчките, ми треба крема за хидрирање на лицето за комбинирана кожа, спф да има, и некој серум со вит Ц, ретинол, хилајурон итн....
    Нешто убаво а пристапно со цена, во Мк достапно...?
     
  16. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Фала ти :inlove:
    24 имам инаку. Од која крема, серум и спф си ти задоволна ако може да споделиш? :f:
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Јас имам проблематика нема баш да ти одговараат ама и може.
    Имам серум со азелаична киселина таа е смирувачка хидратантна и ми помага со акните facetheory, спфот ми е со хиалуронска и е одличен само кај нас мислам дека го нема ама можам друг да ти понудам таков хидратантен исто со хиалуронска, и крема со ориз имам одличен е освежувачки и прелесен е сега за летен период. Плус тонер имам од истата линија .
    Ќе ги оставам доле тоа што јас користам но секако можам да најдам и други работи замена бидејќи имаш чисто лице :) .
    https://olpeo.mk/product/facetheory-lumizela-azelaic-acid-serum-a15-s9/

    https://olpeo.mk/product/your-vegan-the-rice-bran-toner/

    https://olpeo.mk/product/your-vegan-the-rice-bran-cream/


    https://www.yesstyle.com/en/skin-10...r-fit-sun-serum-50ml/info.html/pid.1113888108

    Замена за овој бидејќи го нема тука можеш и со овој подоле да поминеш

    https://olpeo.mk/product/missha-all-around-safe-block-aqua-sun-spf50-pa-50ml/
     
    На koritsaki и MG3 им се допаѓа ова.
  18. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Леле супер фала ти многу, ќе разгледам се :l:
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Ако имаш било какво прашање можам да ти пишам во приватна порака не е проблем :inlove:
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. peonya

    peonya Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што влегувам во конверзација, но од искуство, не си земајте производи на своја рака, или како во мојот случај од некој што нема доволно познавања (а сака само да ви продаде). Не е дискутабилен квалитетот на производите, важно е кој производ за кого одговара и зошто, со што може да се комбинира, како и кога. Побарајте помош од некој што има образование, познавање и искуство. Девојката од Елокси е навистина профи, има многу познавање и мене ме спаси, не сакам ни да помислам од какви последици. Пиши си фино, ќе ти помогнат, да не фрлаш за џабе пари, и недај боже да си го упропастиш лицето. Има на веб страната линк до мејл за рутини или на инста профилот
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.