За нега на лице со оглед на тоа што имам масна т зона ја користам колекцијата на Alverde Beauty & Fruity која ми се покажала најдобра до сега од се што сум пробала.Рутината е следнава: Утро: 1.Alverde Beauty & Fruity пена за лице; 2.Alverde Beauty & Fruity крема за лице; Вечер: 1.Alverde Beauty & Fruity пена за лице; 2.Alverde Beauty & Fruity крема за лице;
Се друго што имав пробано или премногу агресивно ми беше или не ми одговараше т.е светнував како лампион за 1 час.Со оглед на тоа што ставам наутро и мат пудра(течна и камена) пред да одам на работа значи околу 7 часот светнувам во т зоната накај 14h и ја освежувам шминката па ми трае до 22h,потоа ја вадам шминката со пената и ставам крема.Се сложувам дека не е доволно ама веќе незнам што да пробам.
3 години се занимавам со козметика почнувајќи од сама себе учам производи состојки и се . Тоа и го работам со козметика сум цело време и знам што зборам фала ти на советот . Имам и познавање и искуство а за образование не ми треба на лист да ми пишува колку сум паметна . Јас не сакам тука ништо да продадам само советувам и си кажувам јас што користам не терам никој да ме слуша ниту да користи тоа што јас го користам . Гледам колку дерматолози ми помогнаа со мојте акни колку само ми го упропастија лицето сама си го средив и уште го средувам. Ја сум тука дс помогнам колку можам и да посоветувам .Убав ден и поздрав не навлегувам повеќе во разговорот.
Мора да користиш прајмер пред пудрата. Имаш на revolution во црна туба, имаш на катрис all about matte и двата се одлични. Гледај кремите да се гелести, вметни хујалуронска киселина преку ден,а навечер тоник пред кремата. Спф обавезно. Акни претпоставувам немаш (дека не спимна). Мора да го хидратираш лицето. Потроши ги овие што ги имаш и земи: La roche posay effaclar крема за лице Levrana гел за миење лице од лимон Хујалуронска киселина Revox Спф Revox Тоник Моса youth defense ( вака беше мислам) Крема Конопка зелената ( поефтина варијанта од Ефакларот и универзална). Со ваков начин ќе се намали лачењето на себумот, после спф-то ќе си нанесеш подлога за пудра па пудра итн.
Мојот коментар воопшто не се однесуваше на тебе и никако не беше категоризирана. Само споделив мое искуство, да не купуваат на своја рака се што ќе слушнат. Сите можеме да се пронајдеме во проблемите на другите, но тоа никако не значи дека ние го имаме истиот проблем, а уште помалку дека истите производи ќе ни помогнат и на нас. Нагласив дека лицето ќе ми се упропастеше заради некој што сакал МЕНЕ да ми продаде нешто, без притоа да има минимално познавање за тоа што го превземал како одговорност. Жалам што погрешно си го протолкувала мојот коментар, но во ниеден дел не се однесуваше на тебе. Можеше да биде било кој, да каже што користи за својот проблем и секој што ќе се пронајде во описот на проблемот да ги земе истите производи. Но, дали навистина е истиот проблем? Дали тој што прочитал има капацитет да процени дека баш тој проблем го има? Дали ќе имаат тие производи ефект и кај тој што ги купил на своја рака? И на крајот, исто како и тебе, јас само споделив искуство, каде погрешив и каде најдов решение за мојот долгогодишен проблем. Тие што ќе прочитаат нема да изгубат толку време на барање решение и фрлање пари на производи. Јас не се сметам дека знам доволно, иако со мојот проблем искусив и научив многу - за проблемите за кои не сум стручна и образована, се обраќам на тие што се професионалци во соодветната област и тоа сметам дека е најрационално дејствување и од временски и финансиски, а во конктретниов случај и здравствен аспект. Не сум експерт во сите области, си барам помош, тоа што ми е професија, сум неприкосновена, за се друго, има кој. И стојам на тоа дека преку интернет можеме да се информираме генерално за некоја тема, да прочитаме искуства, да дознаеме корисни информации, но добро би било да ги провериме со некој што е образуван во областа. Не знаеме кои се релевантни извори на информации за да се сметаме за експерти во сите области. Денес гледав видео со операција на срце, ама не станав кардиохирург. Секое добро Поздрав
Прајмер до сега немам користено,но ќе го пробам тој на катрис.Лицето ми е премногу чисто и не памтам некогаш да сум имала акна во животот.Со оглед што сеуште сум во 20-тите години не знам дали би било добро да почнам да користам хијарулонска киселина.Кремата на конопка ја најдов на нет и ми даде преубава препорака,не само кремата ќе ги пробам и останатите производи на конопка наменети за масна кожа,органски се плуд не се скапи. Фала ти за препораките а посебно за кремата на конопка уште да ми одговара ќе биде супер.
Можеш да воведеш хијалуронска, да. А кремата на Конопка е супер. И лосионот за чистење на лице лилјаковиот пробај го ептен е нежен , нема алкохол во него. По кремата , крема со Спф обавезно
Здраво, до сега во животот не сум користела креми,а со оглед на возраста би сакала да започнам. Би сакала лесна крема која лесно се впива не сакам да ми делува мрсна кожата бидејки и шминка воопшто не користам за да покријам. Ако може препорака за дневна лесна крема за нормална кожа цената не е важна.
Ти ја препорачувам на Im from vitamin tea tree Геласта е, лесна, брзо се впива. Ја имаш на страната на skinaholics https://skinaholics.mk/product/vitamin-tree-water-gel-75g/ По кремата, мораш и крема со фактор да нанесуваш
Имам неколку флеки на лицето од акни што скоро ми заздравеа и затнати пори тоест неправилности на челото, каков серум е најпогоден? Освен хидратантна крема, спф и двојно чистење, двапати неделно ставам тонер AHA BHA и серум со ниацинамид, ама се мислам да сменам со некоја киселина, глуконска, азелаична или слично зошто мислам поголем ефект би имало ама не знам кој серум точно, а ретинол и слично не би сакала дека мислам ми е рано да почнувам
Само да додадам може и манделична ,транехамична,азелаична исто како алтренатива. Ама витамин ц би било најдобро ако се погоди .
Ја разгледав на др.Конопка целата колекција достапна во Белина и како за почеток ќе ги пробам овие три производи.За крема со спф освен кога одам на плажа не сум нанесувала на лице.Дали ќе сакаш да ми препорачаш некоја добра крема со спф?
Ја го имам тоникот само да знаеш гаден мирис има. Спф зависи дали сакаш сјајен или мат изглед. Јас на моса ја користев и ми се допаѓаше, годинава пак со Моса ќе бидам. Е сега имаш на Ла роше uve mine 400 Имаш на леврана спф30 (мислам).
Сите овие ги имам користено, одлични се , сигурна сум ќе ти се допаднат добра спф крема ти ги препорачувам на Tocobo стикот со спф 50,на La roche спф 50 спрејот
За џабе не се рекло трпи ќерко за убавина.Камо да ми одговара,па за мирисот ќе мора да се навикнам. Ќе ја пробам на Леврана со спф30 и спф 50 има видов на сајтот. Фала ти. Спрејов ми се гледа како попрактичен.Ќе го земам,а и на Леврана кремот со спф ќе го земам.Кој ќе ми одговара повеќе тој ќе го користам. Фала ти.
На леврана подобро пробај ја од тестер, јас се зезнав ја земав така и со ништо не се размачкува , вифи како ќе ти биде тебе ама е мн тешка за размачкување