Убава ти е идејата ќе знам барем дали да ја земам или не.Ама како што ми изгледа ќе биде спрејов,минута работа само прскаш.Практичен е. Фала ти.
За оваа поконкретно зборев. Лично ја користев со помал фактор преку зима и бев задоволна. Еве гледам има и поголем фактор,тие во туба се многу густи и тешки, јас ги фрлив не ги можев.
Видов на сајтот.Ќе ја пробам со тестер на Леврана, ако не ми одговара,тогаш спрејот од La Roche.Ако не ми одговара и тоа другата на Моса што ми ја препорача гледам пиша задоволна си од неа.
Здраво девојки Сакам да ве прашам имам 20 години моменталната skin care рутина ми се содржи од Balea Med од DM(се мијам само навечер) презадоволна сум,имав акни на челото,ми ѓи исчисти меѓутоа премногу ми беше суво лицето.Земав исто така крема од DM со хијалуронска киселина од Loreal(Hylaruon Specialist) сега сакам да ве прашам бидејќи работам летно време надвор изложена сум на сонце постојано.Што е најдобро да користам?Гледам дека во последно време сите советуваат на спф креми,што мислите вие?Фала однапред
Крема со спф фактор е обавезна , дали зима дали лето. Еве предлог https://coslovemetics.mk/product/altruist-invisible-sunspray-spf50-200ml/
Кој пилинг ќе ми го препорачате за осетлива кожа? Се што предходно воведов одлично реагираше кожата. Вит. Ц наутро а ретинолот еднаш неделно. Сега ќе го зголемам ретинолот на два пати неделно па мислам може да почнам и со пилинг. Чекам да ми стаса еден серум со хијалуронска, па ќе го воведам и него еднаш неделно.
Зависност дали сакаш да е физички или со хемиски. Физички ти е баш она скраб , Хемиски ти е со киселина, (како што се со пха,лха,гликолна зависи ). Исто така разлика е што физичките се обично површински повеќе, додека хемиските ти се малце подлабински ради самата киселина што достигнува и тоа треба да си размислиш. Се надевам ова ќе ти помогне малце .
Фала за објаснувањето. Претпоставувам со физичкиот сум на посигурна страна, па би сакала во секој случај. Хемискиот доколку има пилинг наменет за по осетлива кожа би набавила и од него(доколку е дозволено и препорачливо и двата). Физичкиот би го користела еднаш неделно, хемискиот еднаш месечно.
@danichap , гранулираните формули на физичките пилинзи обично се груби за сензитивна кожа. Постои и трета, можеби најсоодветна, опција за овој тип на кожа - ензимски пилинг. Често базиран на ензими од папаја и/или ананас и е далеку понежен од било кој хемиски т.е нуди многу пофина ексфолијација. Разгледај ги продуктите на Natura Bissē или ELEMIS.
Тоа звучи многу добро, јас до сега имам видено самп чистач со такви состојки кај нас . Треба да ги проверам ме заинтересира
@Bella__ ензимските пилинзи, лично, ми беа пријатно откритие. @buba4e89 да, Еlemis како марка е во повисокиот ранг на цени, ама ако сакаш да пробаш некој продукт, повеќето ги нудат и во travel size верзија т.е мали пакувања за неколку нанесувања, зависно од намената (не се тестери). Посликовито, стандардното пакување од конкретниов пилинг 50ml го најдов за околу 33 € (моментално на попуст), а малото од 15 ml e 17,50 €. Точно е дека малите се поскапи гледано цена по милилитар продукт, ама колку за проба, практични се. Така, ако нешто не ми се допадне или погоди, помалку ми е мака. Поефтин и добар продукт имa и Revolution. Спојлер @danichap , со здравје да си се служиш. Се надевам ќе ти се допадне и тебе.
Немам искуство со креми за лице, сега почнав со Биодерма. Користам гел, плавиот, мијам лице па со мицерална розевата го чистам и мачкам крема, едната е за акни, јас ставам навечер, а другата е ова. Имам сува кожа и акни на брадата ми излегуваат само. Грешам некаде? Што би ми препорачале? Еве ги кремите, во план сум розeвата да ја земам сега.
Кога почна ковидот, од маските лицето лом . Цела година неможев да го оправам. Ме спаси биодермата. Зелената крема што ја имаш постирано, плавиот гел и зелената мицеларна. Во комбинација со серумов Од ДМ го земав.
Јас го користев секој ден повеќе од година одличен е. Ако ти е страв да не ја суши кожата не се сеќирај, бар мене многу ми пријаше. Еден од подобрите продукти што сум ги користела, а и јас случајно го купив.
Да , едно 7,8 месеца го користев потоа останав трудна и не сум го зела оддамна , арно се потсетив сега
За друго не знам ама мислам дека прво треба да го исчистиш лицето со мицеларната вода па потоа да го измиеш со гелот. Мицеларната вода не се остава на лицето прво оди таа, па гел па тоник,серум и крема на крај, ако грешам нека ме поправи некој.
Ајде пак јас..... Користам од сабајле гел листач за лицето и моса коктел серум и кремата со спф фактор. Ми беше ок еден период месец дена од прилика. Луѓе лицево од завчера ми е рапаво колку е суво на одредени делови и пече дури. Навечер користам мицерална, гел чистачит од сабајле крем емузија со хијалурон и бетаин по 1% и хидратантна крема. Што да сменам или што да праам? веќе не можам значи еден куп креми и чуда и џабе се изнакупив последниве месеци не можам лицево да си го дотерам никад не ми било вакво.