Само ова ќе го кажам ,мицеларната вода ти е со парфеми и алкохол што ја пресушуваат кожата и ја уништуваат бариерата на кожата после некое време. За почеток убаво би ти било тоа да го замениш со маслен чистач што ќе ти го исчисти лицето без да ти го исушува. И зашто навечер не користиш крема? Или не си допишала, после гел чистачот обавезно крема.. затоа ќе ти е сува кожата и се . Не грешиш одлично имаш објаснето. Мицеларната мора да ја измиеш со вода и после тоа со гелот да дочистиш и тоа да го измиеш и после тоа си продолжуваш со рутината.
Серумот може да се користи наутро и навечер. Јас наутро го користам и си ставам крема и спф, секој ден. После тоа убаво легнуваат пудрите, бб кремите. Навистина добар продукт и јас случајно го купив,а тргнав по сосем друг.
Користам и пишав хидратантна крема на јонзак. Ќе одам после до дм и башќе побарам маслњн чистач ако имате некој на ум пишете
За маслен чистач јас сум презадоволна од овој, ама го нема во ДМ https://coslovemetics.mk/product/heimish-all-clean-balm-50ml/
Се мислам да пишам на coslovemetics или yeppeuda да ми дадат предлог рутина, според вас кои се подобри?
ЛИЦЕ СЕКОЈ ДЕН : Сабајле: Миење лице со пена CeraVe Тонер Pixi Витамин Ц The Ordinary Хијалурон со Б5 The Ordinary Ниацинамид со Цинк The Ordinary Крема CeraVe Спф La Roche Posay Навечер: Миење лице со пена CeraVe Тонер Pixi Ретинол The Ordinary Хијалурон со Б5 The Ordinary Ниацинамид со Цинк The Ordinary Крема CeraVe Недела навечер : Миење лице со пена CeraVe Аха со Бха пилинг The Ordinary Крем CeraVe ТЕЛО СЕКОЈ ДЕН: Навечер: Миење со пена CeraVe Лосион за тело со Ретинол CeraVe + The Ordinary Четкање со сува четка И едно прашање плус, ова Cicaplast Baume b5 за што го користите? Ја го купив, али не го користам оти не ми треба во рутината, нит па имам толку оштетена кожа за да ми треба... Ќе види човек нешто на интернет, и одма да го купи. Ја користам Ретинол 1 посто најјакиот во серум , секој ден на цело тело месеци веќе, и сакам скоро да се префрлам на Третинол. Да препорачате некој? И не да банкротирам, фала. Плус, кој серум го користите испод очи?
Не треба од 1% да идеш на третинол.Можеш да идеш на 2.5% или на 3% за да се навикне прво кожата па после тоа на третинол.Или ако си спремна со 0.025% третинол се почнува ама тогаш ќе треба да исфрлиш киселини да се само сабајле бидејќи тоа е нешто прејако и се користи многу долг период со голема хидратација. Серумите не се ставаат под очи бидејќи се премногу концентрирани и се одбегнува таа зона не е наменето и за таму. Затоа постојат креми за околу очи обично сите се со пептиди за потполнувач на брчки и спречување е сега другата состојка зависи што бараш од него да е ако е за осветлување ферментираните состојки,ако ти е за потполнување некое со колаген. Можеш и со ретинол за околу очи ама ако идеш на третинол не би ти препорачала. Исто такс тоа на ла рош ти е за смирување и хидратација ама можеш и на раце и на тело да го користиш. Многу е добро ама ако ти е баш во моментов корисно за лице ставај на врат,деколте и раце би ти рекла најјубаво. Можеби и тело ако осетиш потреба
Не знам колку ќе ми го прифатиш советов ама ова се многу продукти. И кожата ќе се презасити. Јас би рекла да се потроши се ова и направиш пауза од ретиноли малку, па зимоска да почнеш со третинол ако сакаш. И процентот на ретинолот е јак моментално ако прв пат користиш. Лично, волку мешање на серуми не би препорачала никому. Ова го зборувам за лице. А за тело претпоставувам имаш акни, немам искуство со серуми за тело. Едит: Цицапласт е крема за кожа склона кон акни, сува кожа исто така за црвенила. Ја користам за акни на телото, а другата со спф50 за тетоважи.
И јас мислам дека премногу серуми користиш Cicaplast јас ја имам дома и ја користам во случај на сува кожа (за децава) или во случај на иритација ја користам
Здраво женски, ми треба ваша помош за елиминација на црвени флеки од акни. Бремена сум, повеќе месеци немам воопшто нови акни но имам ете,флеки. Имам супер рутина со двојно чистење, СПФ редовно ставам и користам наутро витамин Ц од накоми. Дали можеби знаете што друго е дозволено за црвените флеки во бременост? Нешто што вас ви помогнало? Ве молам за совет Поздрав
Флеките се од бременоста поточно. Не треба да користиш серуми кои не можат да се користат за време на бременост. Во овој случај освен да продолжиш вака како до сега со рутината, а кога ќе се породиш би требало да се повлечат. Тогаш ќе можеш и друга рутина ( која ќе е дозволена и за време на доење ).
@buba4e89 нема што да се лутам, затоа и пишав на темава. Лично сметам дека не се многу серуми, него ли што некои ги користам два пати дневно,па така ви се чини. И плус самите серуми имаат минимални небитни дози уште некој витамин или што и да ти е, плус. И плус не сум имала никакви проблеми до сеа, искрено. Најосновна нега на лице со серуми ти е витамин Ц сабајле, и Ретинол навечер. Е сеа, ја Ниацинамидот го имам и во кремот, со што мислев ќе се намали иритацијата од Ретинолот, али не беше така, оти премала доза. Затоа почнав да го користам и како серум, само една капка заедно со Ретинолот, и преку ноќ иритацијата од него изчезна. Ова би ви било и некој вид совет од мене ако имате проблеми со Ретинолот, додадете само капка две Ниацинамид, затоа што ја намалува иритацијата, и се совршен пар. Исто можете и со кремот да си ги измешате, и да шлапнете се заедно. Значи, ќе намалам само навечер со Ретинолот да користам. Хијалуронот ми е последен додаден, и многу различни мислења прочитав, и не знам зашто реков два пати да ставам. Еве, од сеа само сабајле,ветувам. Разумен компромис. За телото, немам никакви пороблеми со кожата, едино суви нозе што се решава само со лосион, али па ја не гледам разлика од кожа на лице и тело , и малце ми е нелогички свашта да мачкам на лице, а телото ништо. Така да Ретинол ми е најпрактично, и најисплатливо и корисно. Ретинол почнав да користам пред едно две години, со 0.5, па се пребацив на 1,и еве сеа сакам 5 посто, да помине летото. @Bella__ Фала што многу убаво ми објасни за кремот околу очите, и ќе пробам сама да си смутам некој крем за очи со кремов и плус некој серум, оти од Ретинолот многу ми се сушеше кожата околу очите, дури и брчките шо ги немав, излегоа. Затоа година и нешто ставам само крем на очите, без серум. Конкретно за Ретинолот, од The Ordinary најјака доза е 1,а не 2,затоа што е различен вид на ретинол, и е плус во друг раствор. Така да дејството му е значително намалено. Исто така, и кај други фирми. Јас барем лично уште немам најдено чист Ретинол во серум над 1 посто, затоа што мислам дека е прејак за да се продава за лаици ко нас, и затоа имаш Третинол во крем, кај што нели се користат минимални дози. Е сеа, може и грешам, и ако знаеш некој ваков серум, слободно праќај чаре. Ја пример имам најдено серуми во комбинација Ретинол, али не оној најјакиот '' чистиот '', со витамин Ц... Ама се изнапричав, значи страшно.