Абе на интернет сешто ќе прочиташ, не би мешала јас лично. Ама сепак ти си знаеш, и пак ќе ти кажам премногу продукти не е на арно, како и да ги користиш.
И јас се замислив Наутро (5-6 пати неделно) користам серум со вит Ц, Наутро (1-2 пати неделно) обичен серум за хидратација. Навечер (5-6 пати) почнав серум со хијалурон Навечер (1-2 пати неделно) серум со ретинол. Многу да не е
Ако имаш серум за хидратација што ќе ти хијалурон?! Па намената е иста, внимавајте со серумите не сите имаат ист ефект кај секого, може и сајд ефект да се појават. Витамин Ц може секој ден да се користи и ете да се меша со хијалурон пример и тоа е доволно. Ретинилот ако е серум со процент два пати неделно речимо, а ако е тој од nipfab тој може секоја вечер да се нанесува. Е сега секоја кожа различно. Не знам кој ефект го има @Gosh со нејзината рутина освен за иритацијата и тоа не треба да се занемери туку едноставно дека тој продукт не одговара. Се исфрлав и јас од многу серуми и не ги мешам со други само за да ми помине туку воопшто не го користев затоа што ако сега делувало не значи дека понатака треба да се третира така кожата. Ова е само мое мислење и не мора да се сложите.
Види она ти кажува за да ти помогне. Јас например не би идела со толку многу ама тоа сум јас со мојата сензитивна кожа. Да се мешаат но верувај дека ако би почнала третинол дека нема да можеш друга киселина.Затоа е тој направен да може само дерматолог да ти препише и да мораш од аптека. Тој премногу суши и со него ќе ти треба само хидратација јака серум и крем и тоа ќе ти биде има кожата да ти дојде до нова бебешка и ќе приметиш сама по себе дека само тоа кожата ќе бара. Да ќе можеш на неделно ниво некоја киселина за да ексфолијација ама не како со оваа рутина. Види додека не почнеш и пробаш не можеш да видиш ниту да знаеш . Тоа е факт дека се има на интернет и се пишува и дека не треба на се да се верува. Посебно не што со што да се меша опасна игра е тоа и може да се уништи бариерата на кожата убаво си кажуваш.
Ретинолот е тој ти што ми го препорача. Почнав од еднаш неделно, сега сум некаде до два пати, постепено планирам да зголемувам за да не предизвикам контраефект, да не ми изреагира кожата. Наутро останувам со вит ц рутината. Имам огромен проблем со првутење на одредени делови, па морам плус хидратација. Вистинскиот, трет серум, некако сеуште го барам. Односно вистинската комбинација со тонер/крема, па поделена сум помеѓу овие два, тестирам, кој ми годи повеќе.
Значи третинолот мора со лекарски надзор да е даден и временски да се следи нанесувањето?! Нешто и јас да научам. А па добро, помислив дека имаш друг ретинол. Не се секирај не е тој чист ретинол има и други хранливи состојки ама убаво си правиш. Во однос на крема ако бараш барај со пантехол(пантенол(како се пишуваше)) внатре таа ќе ти го стабилизира перутењето и хидратира сувите делови.
Наутро користам еден тонер и крема, некако полесни ми се, навечер други. Есенција и лосион се исти. Многу да не е?
@Gosh , прво што забележав во твојата рутина е претераната (за мене) ексфолијација. Секој ден. Тоникот на Pixi е преубав и со години има култен статус, ама станува збор за ексфолирачки тоник. Во формулата има 5% гликолна киселина (АНА к-на). Има и алое и не содржи алкохол, ама сепак се препорачува да се користи само еднаш дневно. Плус, еднаш неделно асална ексфолијација со АНА/BHA (30% АНА, што е главно гликолна киселина) на The Ordinary ? Навистина лицето има потреба од толку пилинг?
Гледај само да се исти продуктите (тонер и крема) за навечер да не ти е многу оти ако имаш иритација нешто нема да знаеш од кој ти е.
Епа во другиве држави мора да , во турција и грција имам другарки зимаат на своја рака од аптека. За кај нас мислам дека уште немаме ние третинол а и да го имаме би требало по правила да е од дерматолог и препишано само бидејќи не е за секој ама мислам дека кај нас со нашево здравство дека сме малце подалеку од тоа . Али по строго е сегде третинол дури и брендови има со препишан третинол ама направен со дерматолози и мораш да збориш со нив прво за дали си за на него да те стават .
Ретинолот апсолутно се меша со ниацинамид и хијалуронска киселина, дури и препорачливо е да се употребува на тој начин, има право @Gosh. Ретинолот не се меша со АХА, БХА и Витамин Ц.
Ок, мешајте си на ваш сопствен ризик само не советувајте и други да го прават тоа оти не знаете како ќе реагира кожата. Јас не знам што се трудам да помогнам и да ве спречам да си направите поголема штета кога нема фајде.
Ако си дерматолог, во ред. Мене повеќе дерматолози ми го имаат потврдено ова, така што јас им верувам. Плус, никој не советувам што да користи и што да меша или да не меша, јас само ја пренесов информацијата што ми ја дале специјалисти во оваа област, а кој како ќе прави ниту ме интересира, ниту ми е гајле
Ретинолот за најдобар ефект е убаво да се користи без мешање со ништо. Ама како што кажа Ирис, не е грешка ако се стави со хијалуронска. Каква штета може да направи Обичен навлажнувач со било која и да е состојка???
Не сум дерматолог а во дерматолози не ни верувам, зинати за пари и промоции на продукти. Четири години сум во овој свет и имам искуство. Рутината на една членка од форумов ми го спаси лицето. Едит: Ниацинамид и хијалуронска можат да се мешаат заедно, а ретинол и ниацинамид - не.( според мене).
Ако тебе ти го спасила лицето рутина од некоја членка, не значи дека на друга нема да и го направи партал. Еве повели и извадок за Ретинол и Ниацинамид: While both superstar ingredients are incredibly effective on their own, using them together offers unique benefits due to the way niacinamide strengthens skin’s barrier while simultaneously calming reactivity in skin. This helps skin be more receptive to retinol without the irritating effects that some people may experience with it.
Правилото е ниацинамидот прво, се чека пет мин да упие па на влажна кожа хијалуронска. Но, некои за да ја скратат постапката и заштедат време ставаат хијалуронска на влажна кожа не чекаш да упие ставаш ниацинамид.