Јас го користам балмот на Heimish со мандарина и навистина убаво чисти шминка, претходно од тој вид на чистачи го користев на Clinique, ама овој е каде каде подобар. Само брзо ми се троши некако , за две недели пола отиде дали дека е само 150мл
Леле кажи колку е убаввв и нежен кога ќе го ставиш на лице Го обожавам тој чекор од рутината, буквално како да те гали некој кога ќе го нанесеш балмот Јас сум на породилно и не користам често шминка па може затоа не ми се троши толку брзо. Секојдневно го користам ама дека без шминка сум, не ми е потребна голема количина. Како и да е, го обожавам
Како сте задоволни од серумите и чистачите на лице од брендот nacomi? Добив рутина од yeppeuda која вклучува повеќе производи на nacomi, два серуми, гел за чистење, маслен чистач, тоник и крема. Истотака и од elloxy добив рутина, горе доле со цената е тука некаде, само што за рутината на елокси малце сум скептик дека е корејска козметика и тргнувам од моментот дека на жените во Кореја, Јапонија, Кина е различна кожата поради биолошките фактори, исхрана, начин на живот и сл па не знам дали би имала ефект таа козметика тука на нас со оглед на тоа што сме тотално различни генетски и конституционално. Пишете искуство со козметиката доколку сте ја имале од елокси "eyenlip" и од yeppeuda "nacomi"
Од nacomi го имам ниацинамидот од 20% ама прејак е за мене и ми направи црвенило, така да го ставив на страна сега за сега. Исто го користам и ретинолот од 0.5 , не ми прави проблеми од тој аспект сум задоволна
И јас користев ниацинамид ама од ревокс, исто не ми го прифаќаше лицето и ми се вцрвенуваше и ми искочија ситни акни. Овие што ги имам во рутината се серуми на база за сабајле азелоглицин 5% (го намалува црвенилото) , за навечер трехалоза 10% која е за хидрирање на кожата, и шикими киселина 5% формулација од гликолна, манделична и шикимична киселина наменета за чистење на порите.
jas im pisav na yeppeuda i iskreno ne mi se dopadna rutinata. Mislam deka ke si napravam podobra sama.
Pisi i na Magnolia. Na insta e magnolia.glamour, ima napisano nejzin mail vo bio, pisi i, dosta dobri rutini pravi i dosta se zadovolni od nea mozes i sama da si vidis cesto objavuva impresii i napredok na klientite. Isto od nejziniot profil mozes mnogu da naucis za kozata i mnogu kozni problemi. Najdobro od se e sto e besplatno, devojkata e srce
А кој им ги прави рутините на coslovecosmetics? Бидејќи пред две недели побарав рутина и не ми вратија.
Не знам да ти кажам кој ги прави, на yeppeuda им пишав на инста и таму ми одговорија. На другите, на меил им праќав слики. Ми одговорија и тие и тие, сакав да ги земсм сите производи на coslovemetics , ама за маслото за чистење на лице што ми го препорачаа некако на нет немаше добри мислења и не го земав тоа. Од тоа што ми пррпорачаа само кремата за лице ја земав. А серумите oд yeppeuda. Наредно може да ги земам другиве производи што ми ги препорачаа од coslovemetics, имам една познаничка што имаше од нив користено производи и лицето и е перфекција сега.
Да не имаш грешка во пишувањето на маилот? Обично кога ја праќаш анкетата и наведуваш твоја емаил адреса се прават грешки и не можат да те пронајдат. Пробај повторно
Јас пред година дена им имав пратено не ми вратија после тоа пак им пишав ми вратија и ги имав прашано за еден производ ама никогаш не ми вратија на прашањето .
Мене редовно ми враќаат, баш вчера комунициравме, сигурно негде имаш грешка, нема шанси да не ти вратат ако е се таман
Јас пишав пред еден месец, кога беа Велигденските празници. Мислев да не им ги прави Магнолија пошто од неа ништо не сакам. Ама бидејќи не е таа може и да нема стигнато воопшто,може и грешка има.
Мене ми пишаа дека советувалиштето функционира на тој начин, производите кај нив да се купат, а јас не живеам Македонија. Па не ми ни препорачуваат ништо. Може те игнорирале ако си пишала Малта