Спф фактор треба. Навечер би можела тоник со салицилна киселина на Моса исто. Кога ќе залади можеш да вметнеш друго нешто.
Дали е голема грешка серум со витамин Ц да се користи навечер? Односно, кое му е својството кога се користи во утринска, а кое во вечерна?
Позитивната страна за користење наутро е што дава заштита од сонце. Во комбинацијата со спф дава најдобри резултати. За навечер нема шетата ама има конфликт со многу други серуми кои се користат навечер (пример ретинол) па може да ги прави пореметување во распоред
Девојки дали може да ми предложите производи за дневна/ноќна рутина за жена 50год? Нормална кожа има, со помрсна Т зона само, и има флекички ко потемни по лицето Сакам да и земам се на мајка ми со ред
Зедов еye patches и крема за очи и сега не знам како да ги вметнам во рутината, хелп . Утринска рутина: миење лице само со вода/спреј/серум со вит.Ц/флуид/крема со спф Вечерна: двојно чистење/спреј/хијалуронски серум/флуид или крема
Кремата доаѓа како последен чекор но ако е гел текстура пред кремата. Eye patches ги ставаш после двојното миење или сабајле после миење со вода.
Здраво на сите, Имам комбинирана накај масна кожа и наутро се будам со ептен масна кожа, како да не ми делува ништо од ноќната рутина. Чистам со мицеларна и пена, ставам тонер Бха секоја втора вечер, вит Ц и крема. Што може да додадам или одземам или и кај вас е истиот случај?
Ја пресушуваш, и дехидрирана ти е. Ти треба хидратација и можно е (според мене, а не сум експерт, ама од искуство) двојното чистење повеќе да ја пресушува и затоа повеќе лачи себум. И јас имам комбинирана кожа, забележав уште одамна дека двојното чистење навечер има негативен ефект кај мене, односно наутро се будам со многу масна т зона. За хидратација, само хијалурон, во форма на серум или хидратор. Ќе ти ја наткрене кожата и ќе лачи помалку себум. Бар кај мене така излезе.
Да но кога ставам шминка морам двојно чистење да употребам а сега и со спф исто сите препорачуваат. Намерно не користам гел бидејки ми ја суши кожата но со пена не чувствувам дека правам нешто погрешно. Можеби треба да вметнам хијалурон ке пробам.
Да се надоврзам, мицелнарната вода не е за двојно чистење . Она е само за вадење на шминка, земи си маслен чистач, тоа ти е длабински го трга тој себум што сабајле кога стануваш ти се праи мрсно лицето. Мене исто такс ми беше и јас имам комбинирана кожа но сабајле ептен мрсна но кога прекинав мицеларна и отидов на маслен чистач е најдобро нешто. И немаш потреба секоја вечер двојно чистење, понекогаш јас го прескокнувам и идам со маслен навечер и сабајле со пена. / гел бидејќи имам специфична рутина .
@Makedonka95 Никој не вика дека мора да се користи двојно чистење. Некои го препорачуваат, некои не. Biodevojka пишуваше дека ја ослабнува кожната бариера и не препорачуваше двојно чистење. Наместо балм или масло за чистење ти земи м.вода плус миј го со пена. Или види не прави некое време двојно чистење и види дали пак ќе ти се масти така лицето
Така и правам м.вода со пена. Ке земам маслен чистач, имам еден балм-млеко на Лавера па ке пробам. Или само пена ке пробам сеедно. Фала на сите.
Искрено јас и побарав рутина од Coslovecomestics, ми пратија, нарачав производите па ќе видиме како ќе и се покаже на неа
И мајка исто, а се мислам и јас да побарам за мене, нешто си користам онака само, ама сакам целосна рутина
@buba4e89 дали можи да ми споделиш инфо од членката во формуот која ти ја препорача рутината? Барам некој да ми помогни и мене. Ти благодарам.
Зависи од типот на кожа што ја има, сатва кремата што е за зрела кожа мајка ми ја користеше и рече дека и е ок.