https://coslovemetics.mk/product/heimish-all-clean-balm-120ml/ Од истиов балм на Heimish има и во мало паковање , можеш да го пробаш јас бев презадоволна од него па доколку ти се допадне , можеш големото подоцна да го земеш. Супер вади шминка исто така
Добро утро девојки. Имам масна кожа склона на акни, моментално користам на Neutrogena clear & defend wash mask Спојлер Што мислите да си ја надополнам рутината со: 1. Neutrogena clear & soothe пена за чистење на лицето Спојлер 2. Neutrogena clear & soothe тоник за лице Спојлер 3. Neutrogena clear & defend серум за лице против акни Спојлер Имате ли искуство со овие продукти или општо други совети?
Според тоа што го гледсм по состојки и по колку само неутрогенс има паднато со оваа линија и многу викаат дека ништо не прави добро. Само за последното имам слушнато нешто добро за сите друго ништо освен дела за тие пари ќе најдеш многу подобро. Можам да ти кажам замена зс сите нив. Почнувајќи од првата пена подобра на балеа ( сензитив мислам се вика ) другарка ја користи нејзе ептен и помага. https://getsomebeauty.com/product/balea-med-ultra-sensitive-cleansing-foam-150-ml/ За тоник исто така можеш овој зс хидратација а при тоа да е лесен да не иритира. https://olivalcosmetics.com/products/hidro-tonik Е тука ти треба еден серум не два и обавезно крема, серумот може да биде со киселина како тоа последното ама ќе го користиш кско спот третман ссмо таму каде што имаш акни,ќе биде навечер и не секој ден туку преку 2-3 дена ( нема форсирање со киселини. ) За крема искрено имаш голем избор / Искрено јас сум повеќе за таа со азелаична од причина што е нежна а при тоа ќе ти помогне и со акните и е антибактериска самата состојка https://getsomebeauty.com/product/balea-med-ultra-sensitive-day-cream-50-ml/ https://www.revoxb77.com/products/just-azelaic-acid-10
Девојки здраво, можеби ова не е тема за мое прашање ама не најдов соодветна. Имам 30 години почна да ми се познаваат брчки на чело па ве молам за некоја препорака за нешто што сте користеле против брчки и дали ви помогнало? Ви благодарам однапред, имајте пријатен ден.
Можеш да ги контактираш coslovemetics.mk да побараш рутина и слики твои да им испратиш да ти помогнат со некој производ.
Воведи пептиди може да е крема или серум, исто така колаген можеш. Тоа ти е најбитно за брчки / хидратација и текстура пополнување . Пептидите се стварно ботокс кскви резултати имам видено на блиски а многу постсри од мене и мслце постари од тебе тоа е за чудо. Можеш да ги комбинираш со се искрено и можеш дури и два пати на ден да ставаш. https://olpeo.mk/product/ample-n-peptide-shot-ampoule-30ml/ (малце се погусти ) https://olpeo.mk/product/mizon-collagen-100-ampoule/ (Колаген е исто одличен избор ) https://olpeo.mk/product/mizon-peptide-ampoule-cream/ (крема што е концентрирана колку серумот можеш да споиш со ретинолот или било што ) https://olpeo.mk/product/mizon-collagen-power-firming-enriched-cream/ (исто така можеш и крема со колаген па да комбинираш или со ретинолот или со пептидот.) Исто така можеш да почнеш и со ретинол серум само навечер и после него пептидот тоа ти е одлична комбинација. (Серум со крема ) Но секако сабајле мора фактор иначе ќе биде за џабе се ова користење.
Здраво девојки, Имам 25 години и премрсна кожа. Го корстам чистачот од CeraVe, хијалуронска киселина и хидратантна крема од биотен. Почнаа да ми се појавуваат брчки на челото па сакав да воведам и ретинол. Ќе Ве замолам за некој совет во врска со дневна и ноќна рутина. ( Од витамин Ц ми се јавува црвенило и ми се нафрла лицето со бубулици)
јас би те советувала да си земеш маслен чистач за длабински и површински да исчистиш и да го балансираш себумот во кожата. Ретинол иди со поголем процент барем 1% поради тоа што се под него ќе ти треба многѕ време за резултати. Ова е само совет а ти како си сакаш, ретинолот ќе ти помогне и со тоа што ептен ти се мрси лицето самп ќе треба трпение. Кога ќе јс завршиш хијалуронскатс или ако зимаш нов серум земи си салицилна ако немаш сензитивна кожа . Додека ако имаш земи ниацинамид како замена.
Имам 30год. и комбинирана/масна кожа (масна Т зона би рекла). Наутро користам Mossa Glow Cocktail + Mossa spf 30 + крема за лице, па потоа шминка. (Glow коктелот одлично ми се вклопува со пудрата и ми се допаѓа како ми изгледа лицето). Навечер го чистам лицето со мицеларната вода на Olival + гелот и тоникот на Balea за чувствителна кожа (розевите). Завршувам со ноќна крема за лице (ја користам таа на Balea, иако понекогаш заспивам без да ставам крема). Што би ми препорачале да надополнам во рутината за поголема свежина/хидратација на лицето? Некој серум пред ноќната крема? Исто, би сакала да воведам и крема за под очи, која би ми ја препорачале и кога/како би ја вметнала во рутината?
Јас веќе две години го третирам лицето со креми и тоници и се и свашта и едно сфатив дека каква ти е кожата , таква ти е. И џабе е шо и да напрајш. Мене ми е иста како и пред да почнам да користам креми, освен шо малку ми се освежува. А ако не стаам еден ден како гроб сум.
За серум можеш пептиди е многу добар хидрататор искрено и со се може дс се спои и дополнително спречува брчки и линии за понатака и за тоа да не се замараш , бидејќи таа длабинска хидратација само серум може да го достигне. За околу очи јас користсм бакучол наменет за таму и искрено сум задоволна јас имав потемну кругови и мали линии и за ееве веќе 3 недели одлични резултати. Можеш и ретинол ама искрено ќе си ограничена на само навечер и не знаеш како ќе ти изреагира додека бакучолот е негов дериват само многу понежен Јас 4 хахаха ама исто јас навечер и две креми ставам бидејќи ја доведов кожава од комбинирана до сега да ми е нормална ама сакам навечер да си светам од рутината.
Кој серум со пептиди би ми го препорачала? Може да се користи навечер после миење на лице пред ноќна крема? И инфо за бакучол ако може? Тоа е крема или серум? Се става само под очи? Наутро или навечер? Прв пат слушам за ова и малку ми е нејасно. Фала ти многу
Не. Гел или пена е за чистење на кожата, тоникот е за тонизирање и припрема на лицето за следен чекор. Не мораш да користиш тоник ако не сакаш, не е задолжително.
Искрено, од се до сега приметив дека помалце е подобро. Имам нормална кожа со ретко некоја бубуљичка пред да добијам, купив и серум со витамин Ц (geek and gorgeous) ама уште не сум го отворила. Наутро: -Плакнење лице само со ладна вода -СПФ (La Roche Posay anthelios 50) -Некогаш пудра некогаш не Навечер: ако имам шминка правам двојно чистење, ако не само обичен чистач -Locitaine Oil makeup remover -CeraVe hydrating facial cleanser -Uriage thermal water -Vichy Mineral 89 Hylarionic serum -2 пати неделно Roc retinol капсули - на крај крема ама многу мала количина: La roche posay Cicaplast Baume B5+ Реално, со цела вечерна рутина не чуствувам дека сабајле лицето треба да го мијам со чистач повторно, затоа само го плакнам убаво
Здраво девојки, би ве замолила за совет за нега на сува кожа за мојата мајка-40+ години, и тоа препорака за мицеларна вода или крема/гел за миење лице, тоник, серум и крема за лице. Се мислам за линијата royal caviar на натура сиберика, но навистина би сакала да добијам совет од вас, немам искуство бидејќи јас лично имам мрсна кожа. Ви благодарам однапред ❤️
Здраво Девојки, Веќе извесен период (со прекини) ја користам оваа рутина за лице. Би сакала да ми кажете дали е во ред и ако не е со што да ги заменам производите. Исто така ми треба и препорака за витамин ц серум бидејки овој ми е при крај. Наутро: 1. CeraVe Hydrating Facial Cleanser Normal to Dry 2. Revox Vitamin C 20 % 3. La Roche-Posay Cicaplast Balm B5 Прва Вечер: 1. CeraVe Hydrating Facial Cleanser Normal to Dry или CeraVe Hydrating Foaming Oil Cleanser( ако имам шминка за вадење) 2. Revox Lactic Acid + HA 3. La Roche-Posay Cicaplast Balm B5 Втора Вечер: 1. CeraVe Hydrating Facial Cleanser Normal to Dry или CeraVe Hydrating Foaming Oil Cleanser 2. Revox Niacinamide 10% 3. CeraVe Resurfacing Retinol Serum 4. La Roche-Posay Cicaplast Balm B5 Останатите 1. CeraVe Hydrating Facial Cleanser Normal to Dry или CeraVe Hydrating Foaming Oil Cleanser 2. La Roche-Posay Cicaplast Balm B5 Имам сува кожа со пори Производи:
Според мене имаш повеќе отколку што треба активни состојки како што е ретинолот и другата киселина од ревокс. Тоа придонесува уште повеќе да ти се суши кожата на лицето. Пробај месец-два користи еден од овие производи и тоа 3-4 пати неделно, не повеќе. Јас сум задоволна од витамин Ц на true alchemy.