Па имаат широк спектар на поизводи и различни брендови. Неможе сите да се добри или сите лоши Сподели кои производи сакаш да ги почнеш па да видиме
Кога е најдобро да се користи? Во упатството пишува и наутро и навечер. Да напоменам дека не користам никакви други препарати, денес го купив, а од утре сакам да почнам да го нанесувам.
Можеш два пати на ден но јас би рекла стави го навечер од причина што има Цинк и тоа ќе суши. Пробај ставај го преку еден ден и внимателно со тоа што после него задолжително крема хидратантна. Една недела дај му шанса вака ако видиш дека ти одговара продолжи на секој ден, но ако видиш некакви негативни ефекти од типот на сушење ,црвенило , акни намали го на 2-3 пати неделно за да се навикне кожата.
Препорачајте нега за комбинирана кожа 26год, со почетни брчки околу очи кои најмногу ми сметаат во моментот. Гледам производи но не знам од што да почнам.
Здраво, дали може совет? Имам масна кожа, користам пилинг за лице на Зиаја, гел чистач на Биодерма за масна кожа и хидратантната крема на Embryolisse. Земав и серум Витамин Ц на Revox, дали да вметнам нешто плус или не и дали серумот да го користам наутро или навечер, бидејќи сеуште немам почнато да го користам? Ви благодарам однапред.
Витамин ц се препорачува наутро, после чистење и пред спф. Но можеш и навечер да го користиш. Бидејќи сега ќе го вметнеш пвој производ, немаш потреба од друг. После некое време кога ќе се навикне кожата на ова можеш да вметнеш нешто ново. Би рекла во ноќна рутина. А што производ, зависи што проблем сакаш да таргетираш
Јас само би додала понатака за серум ниацинамид со цинк бидејќи тоа е одличен за мрсна кожа со секако мал процент да си е за да може да гп регулира себумот самата кожа што го лачи. можеби ова кога ќе ти заврши витамин ц за да не ти дојде многу.
Zdr..nautro koristam c vitamin i krema spf 25 na laroche,a navecer b5 serumot na laroche...dali moze da vmetnam retinol ili prvo da zavrsam so c vit
Нема никаков проблем ако вметнеш ретинол навечер, витаминот Ц го користиш наутро, немаш проблем. Само ако користиш ретинол спф кремата е слаба, спф 30 или спф 50 треба
Дефинитивно јас користам ретинал со бакучиол навечер па насабајле си ставам 50ка фактор заштитено ми е лицето
Ако ставаш крема со ретинил, никако и серум со ретинол. Значи ретинол па обична крема. А крема со спф поголемо само наутро.
Dali ima online strana sto moze da se naracuva od sephora? Spored vas retinol ili krema so retijol?i na koja firma
Прво што од анти ејџ? Ноќна крема? Серум? Ретинол/Бакучиоил? Мораш барем да напишеш каква ти е кожата и отприлика години. Еве мој пример, скоро начукав 30че, и ќе започнам со бакучиоил. Зашто не баш ретинол? Па имам сува и чувствителна кожа понекад склона на егзема..и затоа идам со таа варијанта. Ако не, пиши во ЛП.
Женски, земав тонер со прополис и snail mucin есенцијата на cosrx. Како да ги користам, навечер, наутро?? Наутро немам многу време и брзо се спремам, дали ќе имам ефект ако ги користам само навечер? Фалаа