Можеш кога сакаш и колку пати на ден да користиш. Подобро направи навечер да ти се двете за да не се брзаш и убаво се да си се упие во кожата и после тоа да си продолжиш со вечерта .
@Biodevojka ќе си дозволам и јас да ти побарам мислење откако ги читав твоите статии. Ме интересира за Натура Сиберика тонерот од зелената линија конкретно. Прочитав кај тебе доста добри рецензии, но гледам дека содржи млечна киселина, а јас сакам да го комбинирам со нијацинамид, хијалуронска и азелаична киселина. Безбедно ли е така? Или пак да ми препорачаш друг тонер, за секојдневна употреба што би одел со овие состојки? Масна кожа, склона кон акни имам. Фала однапред
Здраво драга дали мислиш на овој тонер? Доколку да, не грижи се. Млечната киселина во него е во многу мал процент и служи за корекција на пХ вредноста и функционалноста на целокупната формула. Не е база на тонерот. Може слободно да го користиш со нијацинамид. Нема потреба од азелаична кислина не би ти ја препорачала воопшто. Подобро потруди се да ја нормализираш кожата, отколку да користиш киселини. За било што слободно пиши ми тука сум.
Здраво девојки, Имам комбинирана кожа со масна т зона и видливи пори со доста црнки и нерамна текстура на лицето. Користам гел за миење на лице од La roch, Bioderma krema so SPF и на La roch гелот за акни. Купив витамин Ц на Revox и дали да го купам и ниацинамидот и Хијалуронот? Ве молам за искуство со овие серуми и дали овие ќе ми помогнат?
Здраво, јас би ти препорачала да не ја оптеретуваш многу кожата со многу нови состојки бидејќи не значи дека се ке се поклопи и совпадне. Ако сакаш ниацинамид земи го со втора состојка цинк бидејќи имаш масно лице за да ти го контролира себумот и да не ти се мрси толку лицето. Исто така ќе ти помогне за текстурата и порите на лицето. Хијалуронот го имаш во секоја состојка но ако си сакаш како посебен серум / крема слободно можеш дс го користиш и да го комбинираш со се ова. Јас би ти рекла пробај со витсмин ц види како ќе ти е и додади хијалурон и понатака ако се е во ред кожата се ти прифаќа и си гледаш резултати внеси го ниацинамид. Секако ова е се од лично искуство и знаење и ти давам само совет додека ти си одлучуваш како си сакаш.
Секако до сега имам слушнато/ истражувано добри зборови за овие серуми со хијалурон и искрено секогаш гледам да имаат нормална цена и да има добри резултати. https://www.qandaskin.com/products/hyaluronic-acid За овој знам го има во дм https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-ha-5-light-hyaluronic-acid-serum-30ml/ Овој го најдов е наменет за комбинирана до масна кожа искрено можеби најмногу би ти одговарал ( ама го немам пробано ) https://www.bellina.mk/p/1685/lab-biome-khidratanten-serum-za-litse-30-ml Овој има добри состојки аргинине и хијалуронот како главни состојки Овие се по нормална цена, сега ако сакаш да идеш на нешто малце поконцентрирано и сакаш повеќе би ти ги препорачала и овие корејски: https://coslovemetics.mk/product/cosrx-the-hyaluronic-acid-3-serum-20ml/ Со 3 типа на хијалурон и церамиди https://skinaholics.mk/product/torriden-dive-in-low-molecule-hyaluronic-acid-serum-50ml/ Овој е многу пофален еднаш само го имам пробано ама добар впечаток ми остави а при тоа е лесна текстура за твојот тип на кожа. Хијалурон како состојка можеш да јс користиш 1 до 2 пати во денот ти ќе си пробаш и ќе си видиш кожата како ќе ти реагира и бара. Секогаш се става после чистење на лице ( ако користиш тонер иде тоа па серумот) За навечер е истото само ете пробај еден ден еднаш дс ставаш во денот и другиот ден два пати и сама ќе си заклучиш како ти е подобро за тебе.
Ти благодарам на одговорот . Ке ставам од серуми витамин Ц и хијалурон. Исто читав дека азелаична коселина доста помага за нерамна текстура на кожата дали да земам и тоа?
Можеш но искрено немој голем процент поради тоа што знае и да направи проблем ,азелаичнс и јас користам со се помага и со црвенило исто така и акни само да не ја форсираш многу пример да почнеш со 2-3 пати неделно за почеток
Започнав со коростење на хијалуронска киселина, после ставање кожата ја чуствувам како сува дали е тоа во ред?
Не, чекам да ми се исуши лицето. да, моето прашањето се однесува на одма после ставањето на киселината, секако на крајот после кремата ми е по океј
Еднаш до два пати годишно правам домашна маска од лажичка мед, талог, лимон и неколку трошки сода бикарбона. Оставам да ми одстои на лице околу два часа, ја тргам и има одличен ефект. Мојот тип на кожа е сув и затоа примената на оваа домашна маска ми помага да ја одржам хидратацијата на кожата.
Ќе пишев во темата за ретинол, ама пошто и витамин ц сакам неќам да сум оф топик евентуално. Сакам да вметнам ретинол и витамин ц во рутината. Ама сум така малку потресена оти ги гледам овие ко предизвик. Спојлер: Рутина ако е релевантно Утринска рутина ми е: чистење тонер против мозолки серум со бета глукан од иуник за хидрација крем за очи хидратантен крем спф И ноќна рутина ми е: чистење крем за очи ноќна крема ноќна маска На неделно ниво ставам: х2 маска од кој една е глинена една е хидратантна х2-3 eye patches И на месечно ниво ставам: лепенки против црнки Шо ме интересира е, кога да ги внесам, по колку и на колкава одалеченост едно со друго? Дали евентуално ќе можи заедно да ги користам или ќе мора или едното или другото? Оти неќам да ги вметнам во исто време оти вметнувам one new product per time. Ама ме интересира дали евентуално ќе можам заедно да ги користам, во ист ден? Дали бета глукан серумот треба да го тргнам? Исто сакам и кремата за очи да ја заменам со витамин ц една имам веќе мернато. Ретинолот мислам е поспецифичен и знам дека треба со најмала количина, за него ќе најдам и во другата тема кој е за почеток.
Ретинол и Витамин Ц заедно не. Иако има производи во кои ги има овие две состојки заедно, и многу луѓе ги користат заедно, ако си почетник не се препорачува. Мора прво да развие кожата толеранција бидејќи постои ризик од иритација, освен ако воопшто немаш чувствителна кожа тогаш може. Инаку веќе добро познато правило е Витаминот Ц да се се користи денски со спф, а ретинолот апсолутно мора само навечер и не смее да дојде до допир со светлина бидејќи му се намалува ефектот. Бета глуканот може да продолжиш да си го користиш и со ретинолот и со витамин Ц.
Да то и ми беше поентата. Во секој случај два нови производи не внесувам наеднаш само ми беше важно дали евентуално е возможно. Фала!
Нема никаков проблем да имаш да ги почнеш во исто време, се додека не се заедно измешани.. за така потребно е барем да имаш некоја толеранција. Витаминот Ц наутро секој ден, а ретинолот навечер но за почеток ретинолот пробај 1-2 пати во неделата со поголемо растојание измеѓу деновите и секако започни со најмал процент. Понатаму можеш да зголемиш и 3 пати неделно. Има луѓе што го користат и секој ден што веќе користат ретинол со години, ама мислам дека нема потреба до толку освен ако не си во зрели години.