Фала пак! Неделава ќе земам, ќе напрам некако, ретинолот ќе ми влези х1 неделно бар прв месец, таман и кремот за под очи со ц шо го мернав можам да го земам.
Здраво, имам сува и чуствителна кожа, од coslovemetics ми ја дадоа оваа рутина: Дали некој ги има користено овие производи? 1. Маслен чистач https://coslovemetics.mk/product/skin1004-madagascar-centella-light-cleansing-oil-200ml/ 2. Гел чистач https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-jelly-joker-low-ph-gentle-cleanser-150-ml/ 3. Серум со азелаична https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-apad-20-azeclair-serum-30ml/ 4. Пептиден серум https://coslovemetics.mk/product/marymay-6-peptide-complex-serum-30ml/ 5. Крема https://coslovemetics.mk/product/purito-centella-unscented-recovery-cream/ 6. СПФ https://coslovemetics.mk/product/pyunkang-yul-moisture-soothing-sun-cream-spf50-pa-75-ml/
Гел чистачот го имам користено океј е ама знае и да пресуши покрај тоа што е наменет за секаков тип на кожа. Спф кремата ја имам пробано еднаш и мене ми беше лоша и остава така грда текстура и стварно за таа цена има и подобри спф … ова си е мое искуство
Јас имам мрсна кожа и ми ги имаа дадено истите производи, гелот баш и не ми се допадна зошто имав чувство дека не ми го чистеше убаво лицето , азелаичната ми ги исчисти флеките сма сега почна црвенило да ми прави и веќе нема да го користам. Пептидниот серум ок е.
Лице чистам прво со лосион Балеа, па после со тоник Балеа. За околу очи Балеа Q10 серум. Таков и за лице. За навечер треба да земам ретинол серум. Креми Балеа Q10. Да се потрошат па ќе земам други. Планирам од тие со хијалурон. Пилинг правам еднаш до два пати неделно. Имам Ревуеле 3во1. И маски Балеа и Др. Витон. @marsilia ја пробав маската. Не е ништо посебно. Додека ми стоеше на лице ми идеше ладничко. Баш за освежување. Не се стврднува. Како крема да сум ставила.
јас гел чистачот го користам по нивен совет и сум ептен задоволна а кожата ми е сува значи не суши дополнително маслен истиот ми го препорачуваа ама се одлучив за Beauty of Joseon Radiance и тој е предобар
Имам 35, користам само кремa embryolisse, мицеларна и маски за лице чат пат. Немам проблеми никакви,нормална кожа накај сува имам ама мислам дека е време за доста др препарати retinol, vitamin C и се што читам тука па предложете ми што да земам.
Што да земам да користам за навечер ми треба. Моментално немам никаков проблем освен некои флеки кои ми останаа после акни. Досега го користев коктелот на Mossa но немам повеќе а не сум во Мк. Би сакала нешто друго да вметнам. Наутро користам ниацинамид па ми треба нешто за навечер. Имам 27год
Ако сакаш поевтино, можеш да купиш крема Балеа. Јас такви користам. Ок се за цената. Јатрвата користи Гарниер. Задоволна е. Малку сум постара од тебе Навечер користам ретинол серум, а сабајле серум Q10. Пред некој ден земав и хијалурон серум. Дневна и ноќна крема обавезно. На Балеа ми се евтини. Во Мк користев серуми Др. Витон. И серум за околу очи користам. Виши е квалитетна козметика, ама скапа.
Може ли да ми предложите некој чистач(пена или гел) за навечер и тоник? Со по пристапни цени(до кај 400ден) До сега немам нешто многу користено имам 22 години. И последно забележав дека имам проширени пори во делот на т зоната.
Искрено не знам точно. Ама мислам дека ми е комбинирана. На т зоната сум обично по мрсна најмногу носот.
@Nane2356 https://www.bellina.mk/p/1126/anti-ox-blueberry-penliva-krema-chistach-za-litse-100-ml?categories=9 https://www.bellina.mk/p/1385/hydra...stenje-litse-od-aloe-vera-150-ml?categories=9 Едно од овие две можеш да пробаш, нежни се, не ја иритираат кожата. Тоник https://www.bellina.mk/p/2032/avoca...a-od-avokado-i-aloe-vera-150-ml?categories=31
Фала ти. Инаку најправилно е и навечер и насабајле со пена/гел + мицеларна ако имам шминка, а тоников само навечер после миење?
Од Yeppeuda имате користено производи? Конкретно овие три јас сакам да ги порачам. Прашањето ми е дали се средува лицето и дали се ефиксниз?
Два месеци како користам ретинол, мислам дека ми направи брчки како баба станав, а сендвич го редам крема ретинол пак крема поради појака хидратација. Има некој друг вака како мене, да чекам да даде некој бенефит или да го оставам?
@eli.karameli и јас користам повеќе од три месеци, го забележав истото. Немам кој знај какви брчки, две минимални на челото, сега ми се далеку поизразени, а и неколку други нови забележав. Го земав за превентивно, ми направи беља. И јас чекав да проделува, ама сега кога веќе сподели и ти, ќе го оставам.
Колку проценти на ретинол користите и каква крема. Според мене проблемот е или е мал % или не давате доволно заштита и хидратација на кожата. Доколу не се двете значи дека тој ретинол не е доволно јак и добар состав за да ви покаже некакви резултати