@Bella2_ Овие на Афродита ги користам, ретинолот преку една вечер. Спојлер Немав никаква несакана друга реакција, а ни кожата не осеќам дека ми ја суши, баш напротив. Ми преостанува уште да пробам сендвич варијанта.
Кремата е океј но да го проверам ретинолов и ќе ти пишам да видам зашто вака го пишува и ретинол и бакучол и се на едно место… ќе те известам за кратко
Еве да ја споделам мојата приказна и малку да посолам памет и да доделам совет (би ми било мило ако на некого помогне овој пост). Мене ми се појавија хормонски акни, не у средно, него додека бев на факултет. Странично на образите, беа толку болни и одвратни што мразев да се гледам во огледало. Како и да е, да не ја одолговлекувам, контрацептивни апчиња пиев скоро 5-6 години, горе доле се средија. Веќе не ги пијам подолго време ради х-причини, но сега резултат од тие акни се лузните. И да ви кажам, можете да се шлапате со било какви креми со не знам какви состојки, никад нема да ги добиете резултатите што ги сакате ако не направите ласерска карбон терапија. Џабе ви се microneedling и било какви хемиски пилинзи (се сум пробала). И ова зависи од тоа колку ви се длабоки лузните. Сега имам понекад некоја акна (пред да добијам) ама тие мали делови ги третирам со blue light терапија од LightStim. Презадоволна сум, можам да го препорачам на сите што се борат со длабоки акни, дури и хормонски (само бара трпеливост и истрајност во користењето). Поголем проблем мачам со егземата, што понекад ми се појавува (храната тука игра огромна улога) но ја лекувам со кортико. И треба да ви е јасно, секоја кожа е различна. На мене тоа што ми одговара, на друг може да предизвика иритации и обратно. Сум фрлила голема пара на брендови и различни креми, 100 чекори у рутина итн итн. За на крај сето тоа да го доведам на минимум. На сликата имам ставено еден куп продукти што не ги користам сите од еднаш, ротирам помеѓу истите, и не сите креми ми се отворени сеуште. Рутина наутро: 1) Одбегнувам да го мијам лицето со cleanser. Само со вода. 2) Нанесувам ниацинамид (Glow Serum Propolis + Niacinamide од Beauty of Joseon) - претходно користев од The Ordinary, и не ми одговараше 3) Ставам moisturizer од Benton - Snail Bee High Content Steam Cream (кога ја имам егземата, одбегнувам да ја ставам кремава бидејќи е асидична, содржи вид на салицилна киселина и BHAs). Кога ја имам егземата, ставам чиста крема што содржи у глобала највеќе пантенол за да ми ја смири кожата). 4) И да дува и да врне и вее, СПФ фактор обавезно ако искачам надвор!! Преку лето 50ка и често нанесување, преку зима 20ка или 30ка. Рутина навечер: 1) Вадење на шминка со мицерална вода и double cleansing (CeraVe + Benton) / Ако сум седела дома и немам СПФ ставено, само еднаш cleansing со CeraVe 2*) Blue light терапија со LightStim (20 минути) само на површината каде што имам видливи акни/лузни 3) Тонер од Purito (Centella Green Level Calming Toner) 4) BENTON Snail Bee High Content Essence 5) Завршувам со COSRX Advanced Snail 92 All in one Cream или Louis Widmer ноќната крема во зависност што ми сака кожата 6) Ако имам активна акна ставам од Benton Goodbye Redness Centella Spot Cream на самото место Во скоро време почнав ретинол (од The Ordinary), веќе два месеци по ред ставам еднаш во неделата (одбегнувам кога имам активна егзема на лицето). Го чувам во фрижидер! (Било кој ретинол шишенце да отворите, правец чување во фрижидер) Ама сакам да го заменам со Paula's choice (Clinical 0,3% Retinol + 2% Bakuchiol Treatment), затоа што кожата ми е премногу чувствителна. Кога ставам ретинол, практикувам сендвич метода. Рутината ми изгледа вака: Рутина навечер со ретинол: 1) Вадење на шминка со мицерална вода и double cleansing (CeraVe + Benton) / Ако сум седела дома и немам СПФ ставено само еднаш cleansing со CeraVe 2*) Blue light терапија со LightStim (20 минути) само на површината каде што имам видливи акни/лузни 3) Louis Widmer ноќната крема 4) Ретинол 5) Louis Widmer ноќната крема На крај, еве го мојот заклучок: Да ви е јасно, хормонски акни не се третираат само со креми. Треба да си посетите ДОБАР дерматолог и да си направите детални испитувања. Кремите и другите препарати можат само да ви ги поднамалат или "ублажат" акните, а не и да ви ги излечат скроз! Косата ми се крева нагоре кога ќе прочитам девојки во рани 20ти да бараат совет за ретинол. Што сакате шлапајте на лицето, нема да видите резултат ако водите лош начин на живеење (под ова се подразбира лоша исхрана, пушење, пиење алкохол често, недоволно спиење итн.) Не ги гледајте многу инфлуенсериве на инста што промовираат 100 продукти у една недела. Нив им е работа тоа, да ви продадат што више ствари. Пред да купите козметички продукт, изгуглајте, споредете, мал милион страни имате да споредите состојки итн. Тестирајте продукт прво на рака, па после ставајте на лице. Не си го комплицирајте животот, ако ставате повеќе продукти на лицето не значи дека автоматски ќе добиете подобри резултати. И последно нешто што за мене е дефинитивно NO GO, ако козметички продукт убаво мириса не го шлапам на лицето. Никад не ставам крема на лице што содржи парфеми.
@hellogirl Се согласувам со тебе. Јас да се пожалам, пред 16 години имав огромни проблеми со лицето (поткожни акни) и по сите можни креми, производи, испитувања излезе дека имам хормонален проблем и пиев контрацептивни апчиња. По една година ми се опорави лицето , ми стана кристално чисто се до пред отприлика 3 недели кога почнав да се исфрлам околу брадата, некои поткожни акни, ужас , не знам дали бидејќи во последно време не практикувам двојно чистење , стварно не знам. Со мензис немам проблем, редовен ми е. Ќе почекам до крај на месецов ако не поминат, ќе правам хормонско испитување
На Неутрогена ретинол, а и кремите и тоникот за хидратација без ретинол ми се супер, деновите кога го користам лицето ми е круто, брчки ми се појавија и знае да ме нафрли со по некоја ситна бубуличка. Мислам дека ќе му "раскинам" љубов
Само бакучиол има внатре 2% океј но другиве состојки се онака искрено и затоа не можеш да видиш резултати. Ако сакате резултати земете пептиди состојка јас на многу повозрасни од мене им имам дадено пептиди серуми и креми за недела до две виделе многу добри резултати од типот на помазна кожа и помалце брчки без никакви негативни ефекти и се тоа.. Секако да се има реални резултати за секого дс се погоди е состојкава. И да раскинеш хахаха дај си пауза иди само на хидратација на пептиди и церамиди да ја зајакнеш бариерата и да можеш да потполниш таму каде што почнуваат брчки и се тоа. Па понатака кога ќе се одлучиш за ретинол подобро прашај тука види ќе ти кажеме искуства и се па така најдобро ќе си најдеш за себе.
Баш сакав да земам некои работи од coslovemetics. Е сега пошо имам доста дува кожа, гледам дека доста луѓе им пишуваат за рутина. Ама јас не сакам да пратам мои слики. Ако одам до продавницата може да прашам па таму да ми предложат нешто? Или продавачките само продаваат а други се задолжителни за одредување на рутина на skincare? Ако случајно некој знае.
Јас мислам дека други се задолжени за рутиниве, а продавачките можат да ти предложат производи, но дали ќе биде тоа тоа не знам.. Јас бев многу задоволна од рутината нивна, само што им немам пишано пак од октомври, арно ме потсети пак ќе им пишам јас користев серум за против флеки и ми помогна ептен ама сега ми се искомплицира со акни на брадата , и треба да ги контактирам да ми кажат што да правам или пак да одам на лекар и да си испитам хормони
Девојки и јас им пишав на coslovemetics за рутина и ја добив следнава 1. Маслен чистач https://coslovemetics.mk/product/face-shop-cleansing-light-oil-150ml/ 2. Гел чистач https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-jelly-joker-low-ph-gentle-cleanser-150-ml/ 3. Серум со азелаична https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-apad-20-azeclair-serum-30ml/ 4. Крема https://coslovemetics.mk/product/purito-centella-unscented-recovery-cream/ 5. СПФ https://coslovemetics.mk/product/pyunkang-yul-ato-mild-sun-cream-spf-45-pa-75ml/ Немам користено до сега ваква козметика може да ми пишете ваши искуства со некои од производите. Погоре видов дека на девојка со сува кожа и дале некои исти производи а јас имам комбинирана склона на акни и флеки. Мојата моментална рутина е мн едноставна бидејќи лицето не ми трпи мн производи. Сега го користам чистачот на моса, лаб биоме розе кремата за преку ден и третманот од мадара само на акните за преку ден, а навечер истиот чистач, мадара кремата за акни и серум со хијалуронска на натура сиберика, не сум мн задоволна па затоа сакав да сменам.
Zdr..pocnsv ds stavsm vit c ns la roche..go koristam navecer na suva koza a potoa stsvam krema na eucerin hjulauron 3xfiler..no luceto nekako kako da mi se lupi...kako da mi izlaga necistotijs. Od sto koze ds e taks
Зошто витамин ц навечер? Наутро се става витамин Ц. Витамин Ц, крема па спф фактор. За навечер можеш да ставаш хијалуронска киселина , а за лупењето кремата да не не ти одговара? Сува кожа имаш ли?
@pipi24 ако лицето не ти трпи многу производи нема потреба да следиш нечија рутина. Ти си знаеш најдобро што ти одговара.
Ставај наутро витамин Ц , па спф крема. Провери да не ти оксидирал вит. Ц серумот. Навечер ставај хијалуронска, пробај вака
Ве молам за совет бидејќи до сега не сум имала некоја рутина имам 30 години имаѓ нормална накај сува кожа, имам веќе видливи линии на челото и околу очите и секојдневно користам шминка. Сакам да почнам со вит ц на алфа лаб наутро а за понатамошна рутина ми ги препорачаа следните производи од ловкозметикс Колаген Крема и на крај спв крема За почеток планирам да го земам хилајуронот и кремата а таа со спв да почнам од следен месец. Дали може вака Наутро миење лице , Вит ц Па оваа крема Навечер чистење лице со мицеларна па со вода миење и потоа хилајурон Дали е во ред така и дали треба нешто и по хилајуронот да ставам ? Благодарам
Ајде девојки едно прашање.За оние што не сакаат наеднаш да вметнуваат многу производи што е побитно да ставаш добар серум или да имаш добра крема?Или пак едно без друго не одат?
@simona_baby Добар производ е тој што ќе си го погодиш според типот на кожа , не е важно колку ќе чини Јас би ти рекла и двете одат заедно