Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. Callie

    Callie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Во Австралија живеам, австралиски брендови се.
     
    На SnowDOG му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Здраво, вака сега, скоро 3 недели кај што почнав со една рутина и не сум баш сигурна дали ја користам правилно, па секој совет ќе ми е добредојден.
    На сабајле мијам лице со пена на Pulpe de vie, тапкам да се исуши со пешкир, нанесувам тоник на Hada Labo со три вида хиалуронска, чекам некоја минута па ставам серум на True Alchemy со витамин Ц 5% па завршувам со Спф 30 на Биодерма photoderm akn mat.
    Навечер. Ако имам шминка ја бришам со мицеларна на Гарниер, мијам со маслен чистач ма True Alchemy co Calamine& Arganine, истите пена и тоник (лосион пишува на него) од сабајлето. Завршувам со крем за хидратација на True alchemy co хиалуронска киселина 1% и бетадин 1%
    Од синоќа почнав со ниацинамид на ревокс 10% навечер.
    Али апла се нафрлав. Ај што имав акни, сега бре уште повеќе. Нормално е? Само на левата страна на лицево и на брадава имам.
    И уште нешто да прашам. Дали да користам ниацинамид секој ден? После некој ден сакам да почнам и со салицилна. Дали да ги користам наизменично на еден ден? И дали ми е добра оваа рутина вака, после колку време да очекувам резултати. Знам дека е рано :bandit: Ама нетрпелива сум :D
     
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Рутината ти е добра. Би ти напоменала само ова: нема потреба 3 пати да го миеш лицето навечер. И без мицеларната вода маслото ќе ја извади цела шминка, пробај и така ако сакаш.

    Какви резултати очекуваш? Според ова што користиш, внесуваш доста хидратација во кожата (преку хијалуронската киселина) што е супер и работиш на изедначување и осветлување на тенот/дисколорации на лицето преку витамин Ц и нијацинамид. Ако прашуваш колку време ќе ти треба за да видиш осветлување, би ти рекла подолго време со редовна употреба, но никој не може да ти каже кога точно, тоа зависи исклучиво од (состојбата на) твојата кожа.

    Моја препорака е да направиш слика од моменталната состојба на кожата и на секој месец или по неколку месеци да направиш нова слика и да ги споредиш, бидејќи така најдобро ќе видиш дали има разлика. Вака во живо, кога се гледаш секој ден, потешко се забележува промена.

    Што се однесува до нијацинамидот, и други луѓе се жалат дека ги нафрлува, можеби едноставно не им одговара на кожата. Јас би ти препорачала да почекаш седмица-две и да видиш дали ќе се стабилизира состојбата, можеби само на почеток така ти делува. А и споменуваш дека веќе имаш акни, па можеби нешто друго ти влијаело на нафрлувањето (хормони (овулација, ПМС или др) - кај брадата, стрес, храна итн), така што обрни внимание на овие работи. Патем, можеш секој ден да го користиш нијацинамидот ако сакаш.

    Не ти препорачувам веднаш по некој ден да почнеш да користиш салицилна; почекај и види како кожата ќе ти реагира на нијацинамидот и увери се дека (не) е во ред за тебе. Ако воведеш повеќе производи наеднаш и ако имаш проблем со некој од нив, нема да знаеш кој од нив ти го предизвикува проблемот. Кога ќе почнеш да користиш салицилна киселина и ако продолжиш да користиш нијацинамид, можеш да ги ставаш наизменично, но можеш да ги ставаш и истовремено без проблем.

    За крај, биди трпелива. Знам дека е примамливо да нанесеш 200 производи наеднаш и потоа лесно да се разочараш ако немаш инстант ефект, меѓутоа за сѐ ова е неопходно време. Иако не може да се воочат со голо око, веројатно е дека се случуваат мали промени во кожата кои ќе се увидат по подолго време и ќе ти направат бавен, но долготраен ефект. Мисли на ова и обиди се да имаш повеќе трпение, нема ништо да се смени преку ноќ :).
     
    На DaftyCrafty и jovana03 им се допаѓа ова.
  4. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    @pdb123 Мицеларна користам само кога имам шминка 2 пати неделно, дека маслото не ми ја чисти саглам.
    Така и направив се сликав првиот ден, па сега чекам на месец да видам дали ќе има резултати.
    Па се надевам дека ќе ми се исчистат акните, можда погрешив со витамин Ц, сега си велам салицилна може повеќе ќе ми помогне за да ми ги исчисти акниве. Како и да е ќе терам вака па после месец ќе вметнам и салицилна.
    Фала ти на одвоеното време и советите :l:
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вит ц сега не ти треба, туку салицилна. Вит ц е кога ќе се исчистиш од акни, па као за флеките. А ти пиша дека имаш акни сеуште. Пробај воведи салицилна.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Мислиш да исфрлам вит Ц и да почнам со салицилна? Или да ги искомбинирам сите три?
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски

    Јас мислам ок е рутината, само тешко е да одредиш кој производ не ти одговара штом користиш и голем број на производи. Мене ниацинамидот не ми одговараше, два пати во рок од една година му дадов шанса и ме исфрла со ситни гнојни акни. Плус веќе не користам триста работи на лицето , ептен неопходното и сега кожата ми е одлична :) пробај не ставај од ниацинамидот некое време да видиш дали е до тоа проблемот
     
    На jovana03 и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Со ниацинамид почнав пред два дена, само два пати имам ставено. Се нафрлав пред тоа. Што знам си велам можеби има врска и храната (зависник сум од благо), можда е до тоа, можда има врска и тоа што дојам. Неам појма. Ќе почекам уште малце да помине месец од рутинава па да видам дали ќе има резултати.
     
    На koritsaki и pdb123 им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски

    Почекај уште малце, па види :) аи поради доењето можно е , сепак хормоните си работат еве и јас дојам, сега не ама на почетокот по породувањето се имав доста нафрлано. Види и со исхраната, колку можеш помалку благо јади (а те разбирам и хас без благо не можам :rofl:)
     
    На pdb123 и jovana03 им се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Да, вит ц да исфрлиш засега, да пробаш со салицилна да се исчистиш, па после ако имаш потреба вит ц.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Сетовите на Revox како на пр овој, најдобро е да се користи оваа комбинација истовремено за најдобар ефект или не се користат истовремено?
     

    Прикачени фајлови:

    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Мислам дека немаш потреба од серумот со пептиди, бидејќи тие се користат повеќе за анти-ејџ ефект; попрво би одбрала azelaic acid наместо него. Но доволни се и само нијацинамидот и салицилната киселина, само не ги почнувај истовремено за да видиш како ќе ти реагира кожата на секој одделно. Понатаму, можеш да ги користиш истовремено, не е важно во кој редослед.
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Пишав и на друго место но не ми одговорија. Може е несоодветно за тука но, имам нормална кожа, малце дехидрирана во последен период. Дали може да ми препорачате некоја хидратантна крема/лисон(moisturiser) ,не е битна цената,но да нема како состојки алхохол/парфем и да не ми ја масти кожата. Сега ја имам од неутрогена кремата (hydro boost gel cream) и на одредени делови од лицето ми ја масти кожата.

    Инаку мојата рутина е:
    НАУТРО:
    1. Cleanser (La roche posay toleriane soin lavant).
    2.Neutrogena hydroboost gel cream(moisturiser)
    3.Purito comfy water sunblock SPF 50

    Навечер:
    1.Cleanser (La roche posay toleriane soin lavant)..
    2.Revox Hyaluronic acid
    3.Revox Niacinamide 10%
    4. Neutrogena hydroboost gel cream(moisturiser).
    Уште сум на почеток. Ова ми е прва недела. Од наредната ќе уфрлам во рутината еднаш неделно и exfoliator.
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2020
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Поефтина варијанта се кремите на revuelle има и ноќна и дневна, во комбинација со серум од истата марка се супер или можеш revox хијалуронска киселина плус. Пример јас користам моментално clinique moisture surge 72-hour auto-replenishing hydrator, пишува дека е за сите типови на кожа ама структурата е полеплива по нанесувањето.Можеш да видиш некоја од la roche posay или на eucerin, само според мене немој биодерма врска немаат само се исфорсирани 99% ради нашиве "блогерки"
     
    На koritsaki и QueenBeyonce им се допаѓа ова.
  15. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Фала ти :inlove: Дада, биодерма не ми е опција, токму ради состојки кои ги сoдржи.
    La roche posay е дефинитивно една од најдобрите марки што ги имам користено.
    Фала на препораките, ќе побарам:l:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Ги има ли некоја користено производите на BiodermaL? Прв пат ги сретнав и се мислам дали да им дадам шанса на некои производи.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Сабајле и навечер го чистам лицето со мицеларната вода на. Corinne de Farme. После тоа го мијам лицето со обичен сапун. На крај обавезно ставам крема.
     
  18. coolgirl123

    coolgirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Купив денеска сквалин сакам да го вметнам во рутина од сабајле но користам и вит ц . Што прво да ставам по кој редослед ? Фала ви
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.510
    Допаѓања:
    10.566
    Пол:
    Женски
    Како за добро утро така и за добра ноќ на ист начин го чистам лицето.
    1. Гел или пена за миење на лице
    2. Тоник за лице
    3. Дневна крема за лице, навечер шеа путер, на зима ми е замена за дневна крема многу го негува лицето а може и за тело да се користи.
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Наутро вит ц па спф, навечер можеш било кој серум (дури и тој со вит ц), па сквалин. Доколку имаш баш сува кожа можеш врз него крема. Обично маслата одат на крај, но ова не создава бариера и се впива брзо во кожата, затоа може пред крема, но и самостојно само тоа доколку имаш мрсна кожа.