Јас го земав од козметичкото студио кај што одам. Имаат и страна, но не сум сигурна дали и како функционира за нарачки. https://bodym.mk/product.php?id=94
Здраво на сите! Сериозно се обраќам за помош овој пат. Проблемот ми е дехидрирана кожа на лицето(можете од сликите да процените дали станува збор за тоа) Со месеци не користам киселини, освен хијалуронска и исклучиво хидратантни креми, масло од јојоба и висок СПФ(секогаш дури и во зима). Користам пена за миење лице и нежни средства за сензитивна кожа. Понекогаш ставам и Ц витамин. Се хранам здраво, пијам доволно вода, поминувам повеќе време на отворен простор. Алкохол многу ретко. Кафе не пијам. Спијам доволно. Веќе вака од пред 4-5 месеци, а кожата никако да остане хидрирана. Се прашувам дали е до перницата, но ако е така зошто кај сите го нема овој проблем? Coslovemetics не ми помогнаа со рутините. Од вас барам мислење и предлог за некој третман. Дали некоја се соочила со истото и кое е решението? Дали е можно да е хормонски проблемот? Не се поднесува вака многу е сензитивна кожата и при секое мрдање на лицето кожата ми се оптегнува и пресушува, како напукана.
Од креми, што користиш? Чистачот уште тој од Лаш со пуканките ли го користиш? Се гледа дека ти есува кожата сега, да цело лице ли ти е такво?
Да и сабајле имав брчки и на челото. Го користам на Лаш понекогаш, а секој ден маслен и пена. Користам крема на Weleda rich и крема со хијалуронска киселина од coslovemetics. И пред Спф ставам хидратантна крема. Не го мијам лицето со многу топла вода. И не го мијам со средство секое сабајле. Од вечерта е добро исчистено.
И мене ми е таква иста. Кога пунив 25г таква ми стана. Цело лице ми е такво. Користам и креми, и киселини, и хидрација. Пробав и да не користам ама џабе, пак е иста. Ако најдеш чааре кажи. Иако мислам дека е до генетиката.
Леле што да ти кажам.. Веледа рич е баш густа ама ипак да не не ти одговара? Од кога ти е така лицето? Помисли да не си вовела некој производ сега скоро па да не ти се прави лицето така од него.
Дали може предлог поефтина опција од овие? Маслен чистач никако неможам да погодам, освен овој, ама и цената му е добра... @koritsaki
А да пробаш со наједноставна рутина? Земи чистач за лице со неутрална ph вредност, да биде многу нежен, можеш тој розевиот гел од биодерма, ама јас одамна го заменив со тој на балеа мед што е и одличен ми е. Значи вечер пред спиење миеш лице со гелот, ставаш на влажно лице хијалуронска киселина и додека се е уште влажно ставаш крема, јас користа биодерма хидрабио гел кремот. Сабајле пошо тебе ти е посува само со вода убаво ќе се исплакнеши пак на влажна кожа хијалурон, и додека е се влажно ставаш кремот за лице. После 20тина минути ставаш крем за лице и тоа е тоа. Можно е и хијалурон ако ставаш и чекаш да впие, тој да ти ја суши, да не го користиш правилно. Јас така си правам и кога сум редовна со рутинава како бебе ми е лицево. На оваа темна многу добро има разработено една што снимаше видеа на јутуб, ја има и на инста. Конкретно еве линк од видеото каде што убаво објаснува. П.С. Да не ме сфатиш дека лично те напаѓам и слично, ама те имам заприметено по темиве (ради интересново име) дека изгледа стално сакаш да си купуваш работи за нега и слично... понекогаш поедноставното е далеку подобро, ова вака од искуство, дека и јас порано сакав од се да пробам кога се работи за нега на лице и тело, а стално имав или акни, или пресушена кожа која се перуташе.
Moze nekoja sostojka od proizvodite sto gi koristis ne ti odgovara, najdobro da ne koristis nisto od niv nekoe vreme, a potoa vovedi samo samo nekoe lesno maslo za lice cisto moze da stavas za hidratacija bidejki ne e iritatno tolku
Многу убаво објаснив во постот дека тоа и го правам, се мијам со пена на Балеа, наутро само со вода, користам хијалуронска на влажна кожа, многу ретко и Ц витамин, крема обавезно. Вака терам 4-5 месеци и пак се враќа во таа состојба кожата. Да беше така едноставно како што пиша и ти, немаше да се обратам за помош овде.
Ставам понекогаш масло од јојоба. Ги користам истите производи подолго време и од нив ми се опорави лицето еден период и сега пак вака, ова е екстремно многу сега.
https://www.yeppeuda.mk/p/538/fluff-make-up-removing-balm-raspberries-with-almonds-50ml Овој го имаш пробано? По нет вака ептен го фалат, јас баш сакам некогаш да го пробам
Па во тој случај или дај и време на кожата, или ако станува посериозно, најдобро е да се обратиш кај некој лекар специјалист за проблемот. Овде вака можеме само да си нагаѓаме. Доколку мислиш дека станува посериозен проблемот и не наоѓаш решение, најдобро побарај си помош од некој дерматолог.
Сува кожа тука - или ништо (само вода) или многу благ кремаст чистач (денови коа вечерната рутина ми била богата па сабајле осеќам дека имам потреба да го мијам лицето со чистач)
Кај тебе веројатно длабински веќе е дехидрирана кожата. Мајка ми имаше сличен проблем, по препорака од дерматолог од Систина и ја даде линијата од Биодерма гел и крема, плус таа става и заштитен фактор тонирана 50 ка. Кај неа за многу брзо се среди лицето од ова, кај неа имаше црвенило, чешање, плус беше почнало надолу по деколте да се шири, толку што и беше дехидрирана. Појди си кај некој специјалист да те упати, ќе се најде решение.
Здраво на сите, може ли некоја препорака за добра крема и серум за сува кожа? Би сакала некои и со можност со Хијалурон и за против стареење? Немам некое искуство или проблематична кожа користам само крема биодерма атодерм ама сакам малку да сменам нега бидејќи веќе фатив 31 год