Како би го исчистила убаво лицето без двојно чистење со оглед дека секој ден користам СПФ? И нема слушнато до сега на некој од маслен чистач да му дехидрира кожата. Со било каков гел и да го миеш лицето секако ја чисти маснотијата, целта е да не го пресуши лицето, не користи гелови кои се наменети за масна кожа. Ете јас истиот Алверде погоре со камилица ти го препорачувам топло. Го смирува лицето, безпрекорно го чисти и не го пресушува. Веќе по 10ти пат го купувам.
И јас користам секој ден спф, па само со пена го мијам лицето. Не знам, не осеќам потреба за двојно чистење, а имав комбинирана кожа, со масна т зона, сега ми е нормална откако почнав со редовна хидратација. Двојно чистење практикувам само кога имам шминка, и тоа со пудра со се', а тоа не е секој ден, туку за одредени пригоди. Што знам, сметам дека се' што е претерано не чини, во случајов секојдневно двојно чистење не е добро за заштитната бариера на кожата. Ова е мое мислење, базирано на искуство. Не значи дека е 100% точно, оти сепак сите сме различни.
Здраво, јас барам помош за како да искомбинирам утринска и ноќна рутина за лице,ако некој се разбира и сака да ми помогне.Додека бев трудна и доста ризучна бременост речиси ништо не користев и ми се довлоши лицето . Прво да напоменам јас сега дојам. Инаку имам проблематична кожа склона кон акни, комедони, црнки, проширени пори,ситни лузни од акни и веќе две појаки бори на челото и фини брчки почнуваат околу очите ( акни сега моментално ретко по некоја, и црнки обавезно на носот и брадата, кожата ми е со црвенила, пигментирана и розацеа на некои места ,све у свему ужас)Јас моментално користам вака наутро чистам со efaclar duo na la roche posay ,па ставам хијалуронска серум, па на еуцерин sun hidroprotekt krem fluid spf50 а вечерна рутина ми е чистење исто со ефаклрот а ако сум била со шминка правам двојно чистење со плус Cera ve hidratnten gel за чистење лице па ниацинамид серум pa cikaplast b5 baume balzamot. Прашањето ми е што плус да воведам дали ми треба тонер, киселини кои , кои со кои се комбинираат
Јас хијалуронската би ја вовела, навечер, за наутро пред спф кремата , витамин ц воведи, друго не ти препорачувам да воведуваш (поради доењето)
Девојки Како се користат серумите витамин Ц и ниацинамид? Кој наутро кој вечер? И колку пати неделно? Фала
Се мислам што да земам за дополнитрлна хидратација, сакам plum ефект. Дали некој тоник или гел за миење, само да не ми ја суши дополнително кожава. Иначе користам хијалуронска од ревокс, или серумот за хидратација од биодерма (како силикон ми има структура). Некој да ми препорача нешто?
За пламп ефект имам користено и видено резултати само од овој, во Натура Терапи продавница го земам: И овој од ДМ: Првиот ми е некако подобар.
Здраво може ниацинамид наутро а витамин Ц навечер секој ден. Доколку сакаш тоник земи некој од овие 1. Натура Сиберика 505 мкд. Го имам користено предобар е 2, Др. Конопка 305 мкд. кој исто така е феноменален 3. Др. Конопка малку е поскап 940 мкд. ама вреди
Добар е и вториот, и од двата има ефект. Пробај вториот да го комбинираш и со истиот гел за лице ако си во можност, па пиши ни каков е ефектот.
Здраво, Имам купено витамин Ц и нијацинамид, сакам да воведам и хијалурон како да ги користам? По кој редослед и на каква кожа? Инаку имам масна кожа, склона на акни. Фалаа
Хијалуронот можеш и наутро и навечер после миење лице на влажна кожа. Витамин Ц наутро, на сува кожа. Пример после хијалурон (коа ќе се впие) и пред СПФ. Ниацинамид навечер, на сува кожа, пред крема
Мојата рутина е ваква: Наутро: Гел за миење лице Витамин ц Cicaplast spf50 крема Навечер: Тоник за лице Гел за миење лице Ниацинамид Cicaplast spf50 крема Секој вторник и петок место ниацинамид ставам ретинол
Нијацинамид конкретно за што се користи? Стварно ме интереси каков бенефит би очекувала ако го земам.
Ја ставам оваа со спф бидејќи ми се потроши обичната cicaplast. Иначе ги комбинирам едната навечер едната преку ден
Немој да ставаш СПФ навечер. Само ќе ги запушиш порите дополнително. Купи си некоја, макар и најобична и од неа ставај. И тоникот навечер пред гелот за миење лице тотално е непотребен редослед. Место него ти треба маслен чистач, па гел за миење лице, па после гелот можеш тоникот.
Маслен чистач користам само шминка кога вадам. Која е разликата дали е пред гелот или после? Пошто до сега супер ми е вака скроз ми се исчисти лицето еве веќе година ипол вака терам, ама ако има некоја разлика ќе сменам после гелот ќе го користам