Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    Па тоникот има улога да врати рамнотежа и pH на кожата откако си ја нарушила со чистачот.
    Плус треба да дочисти ако нешто заостанало неисчистено со првите два чекори.
    Затоа треба и да имаш чисто памукче откако ќе поминеш со него низ кожа.
     
    На koritsaki и MorskaSirena им се допаѓа ова.
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски
    Маслен чистач пожелно е секоја вечер, без разлика дали носиш преку ден шминка, или не. Зошто многу подобро и потемелно ја отстранува СПФ кремата од порите.
    А, тоникот е за навлажнување, т.е хидратација на лицето и припрема за серум/крема. Вака веднаш го миеш и нема полза од него.
    Обично сите серуми се ставаат на полувлажна кожа.
    Пр. мојата рутина е:
    пилинг (два-три пати неделно), гел за миење лице, тоник, серум со витамин Ц и спф.
    Навечер мијам со маслен чистач, гел, па директно ставам, или крема, или масло. Не ставам навечер тоник, бидејќи доста хидратантни ми се кремата и маслото.
     
    На koritsaki и MorskaSirena им се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    Ама крема е едно а крема со спф е сосема друго.
    Тоа што ти се потрошила cicaplast не можеш да замениш со spf.
    Фактор се става за преку ден за да те штити од сончеви зраци.
     
  4. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Ја корисам cicaplast и обичната и со спф
    Во секој случај фала ви на советиве ќе пробам ќе сменам
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Го изедначува тенот, ги минимизира порите и ги намалува визуелно, помага при црвенило, ја ојачува кожната бариера, ја освежува безживотната кожа…
     
    На Selena01 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Дали може витамин Ц да се користи вечер? А хијалурон и ниацинамид наутро?
     
  7. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Може. Ама витамин ц се препорачува наутро, поголеми бенефити има наутро, посебно во комбинација со спф која навечер не ја ставаме. Помага при заштита од сонцето, и плус е антиоксидант кој ја заштитува кожата од надворешни влијанија како загаден водзух и слично. А тоа ни е повеќе потребно во текот на денот, отколку навечер при спиење. Па затоа поголеми ефекти ќе имаш ако се нанесува наутро.

    Хијалуронот се користи и наутро и навечер, зависи од потребите на кожата. Ама скоро на секоја кожа и треба хидратација и најдобро е двапати на ден.

    Ниацинамидот е доволно еднаш дневно. За него е сеедно дали е наутро или навечер. Јас би ко користела навечер од аспект на тоа дека веќе во утринска користам витамин ц, па да не трупам се во едно. Иако ниацинамидот и витаминот ц не се конфликтни и може да се користат едно по друго ако твојот избор е таков нема проблем.
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    А има врска марката? Би имало некоја разлика пример, Ординари или Балеа или Ла Роше? Освен во цената,секако? И која марка би ја препорачала?
     
  9. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Па има врска во квалитетот.
    Најдобро е да гледаш процентот на состојката, не само да стават реклама дека има вит ц, а внатре едвај 0.5% вит ц да има.
    За витамин ц од 10-20% е потребно за да имаш ефект.
    На пример серумот на балеа не ни има наведено процент, ниту во составот на состојките.
    Балеа јас не би избрала за козметика за лице.

    Ла рош се одличен бренд. Според мене едни од подобрите, ама за наш стандард се доста скапи, еден серум кај нив е околу 3.000 ден. Ако можеш да си дозволиш, нема да згрешиш со нив.

    Ординари се исто добри. Кај нив целата поента им е да имаат едноставен производ со една главна состојка за одреден третман. Пакувањето, маркетингот се им е минимално и едноставно и затоа имаат супер цени.
    Кај нив купуваш серум за една намена, ниацинамид, витамин ц, ретинол....немаш креми флуиди и слично со еден куп состојки. Едноставно и ефикасно.
    Пилингот AHA и хијалуронот на ординари ми се предобри. Витамин Ц кај нив немам некој што ми се свиѓа.

    Од друга страна имаш корејска козметика која исто е предобра.
    Главната разлика помеѓу корејската е европската е тоа што корејската се користи за спречување на одредени проблеми (пример појава на брчки) ама коа веќе го имаш проблемот (брчки, акни, дехидрација) тогаш европската козметика е подобра и појака во состав би рекла.
    Од европските што се достапни кај нас би препорачала: ла рош, виши, ordinary, cerave, bioderma, clinique ....

    Конкретно една марка за се не би препорачала, зависи од производот и на крај нели од кожата и на кој што му одговара.

    Еве некои според мене најдобри
    Витамин Ц - виши, novexpert
    Хијалурон - ла рош, виши, ординари
    Ексфолијација - аха пилиг ординари
    Пептиди - ординари
    Ретинол - ла рош, ординари
    Чистачи за лице - биодерма, сераве
    СПФ - еуцерин, ла рош
    крема за длабока хидратација - clinique
     
    На macka91, Merten, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Фала ти за исцрпниот одговор :l:
    Лани имав рутина, ептен ја позамарав тогаш Коритсаки, ама по некое време фрлив се', престанав да се тинтрам. И сум заборавила кое,кога се користеше и редоследот.
     
    На koritsaki и CooperD им се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    После серумите крем кој е погоден за твојот тип на кожа. Ако сакаш педлог слободно пиши

    Драга нема потеба од толк мешање. Ако веќе имаш вит. Ц и нијацинамид користи ги прво тие два. Сермите секогаш се користат на сва кожа со оглед на тоа што се на водена база (додека маслата на благо навлажнета). Доколку сакаш серум кој има и хијалуон и вит. Ц кога ќе ги завршиш тие два што ги имаш земи го овој
    [​IMG]
    или овој
    [​IMG]
    Нијацинамидот наречен уте и вит. ПП, е витамин од групата Б и е одличен во случај на акни, проблематична кожа, флеки од акни. Има антивоспалително дејство и функционира и во производи после сончање, со оглед на тоа што го намалува црвенилото при изгореници од сонцето. Помага и при повтшински флеки од сонце.
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :inlove:
    И дали прво хијалурон па ниацинамид или обратно?
     
  13. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Со помош на корејската козметика успеав да го средам лицето, изгледам дури помладо за годините.

    Дневна рутина:
    Anua gel за миење лице
    Mary may centella серум за лице
    Geek&Georgous крема за лице
    Спф стик за лице плавиот

    Ноќна рутина:
    Воведов двојно чистење без оглед дали имам нанесено шминка.
    Оливал мицерална вода
    Anua гел за миење лице
    Nip&fab салицилна киселина
    La roche posay toleriane крема за лице

    Лицето ми е преродено, акни немам. Одлуката навечер да ставам похидратантна крема донесе одлични резултати при што наутро изгледа здраво и свежо.

    Серумот од centella е на база на вода и е одличен за оние со комбинирана и мрсна кожа.
     
  14. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Хијалурон. Бидејќи тој не нанесува на влажна кожа. Значи после миење.
    Од коа ќе се исуши (впие во кожата) ставаш ниацинамид
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    42.193
    Пол:
    Женски
    Јас веќе не знам што да користам на лицево, сериозно. После пораѓај кожата тотално ми е сменета, ништо не ми одговара, 3 различни линии пробав и никаква разлика не осетив. Де ми е сува и дехидрирана, де масна и сјајна со ситни поткожни брунчиња. Црнки имам насекаде, исто често имам воспалителен процес, одредени денови ќе ми излезат некои ситни безвеза брунчиња и цело лице ќе ме пече како да ми е изгорено(алергиска рекација) се сомневам на козметика со вит Ц.
    Пред пораѓај со години користев се на Ла Рош. Крема, дневна и гел за чистење, вит Ц и оној плавиот, лицеот ми беше супер. Сега толку пари овде лупнав за Ла Рош и едвај чекав да го потрошам.
    Прбав биодерма сенситив и тоа не ми направи разлика, пробац и Anew на авон дури. Ништо.

    Сега се мисла меѓу еуцерин и care ve.
    Ми треба гел што ќе чисти шминка и обично миење, ми треба нешто со благ пилинг, ноќна и дневна крема со заштитен фактор, толку. Неам време моментално за серуми.
    Еве слика и од лицево, може некој ќе знае да ми даде совет што следно да пробам. IMG_2764.jpeg
     
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    11.064
    Пол:
    Женски
    Од каде ја набави сета корејска козметика?
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, тие што сте пробале двојно чистење и со маслен чистач и со мицеларна, има разлика?
    Моментално навечер чистам со маслен од Хада Лабо и потоа обична пена за чистење од Миша. Резултатот е супер. Ама реално некогаш ме мрзи, преморена навечер два пати да мијам лице па се мислам маслениот да го сменам со мицеларна.
    Некој што пробал на двата начини нека каже дали има разлика.
    И препорачајте добра мицеларна (досега сум користела Биодерма ама ако има поефтина а добра опција, понудете).

    Едит: Бројче @1209, сепак серуми. Нијацинамид за црнките, па хијалурон за дехидрацијата. Мислиш дека одзема многу време ама стварно е кратко и одма ќе ти направи разлика. Од Ординери користев, одлични ми беа.
    Или тонер.
    Сега прскам вакво наместо серум, добро е за лето ама ко за твојата кожа подобро ова.
     
    Последна измена: 10 јули 2024
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто ако немам шминка користам мицеларна и гел за миење лице, а доколку имам шминка користам маслен чистач па потоа гел. Маслениот подобро ми ја вади шминката.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Не носам шминка... сепак ќе пробам со мицеларна, да си скратам маки навечер.
    Предлог која да ја купам?
     
  20. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Јас сега моментално оваа ја имам и ок ми е, а низ форумов имам читано дека и доста од оливал мицеларната се задоволни. Неа наредно ќе ја пробам :)
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.