1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    485
    Coslovecosmetics
     
  2. Zfer

    Zfer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Hello девојки
    предлог рутина дневна со ваше искуство продукти кои се со ок цени со цел да стекнам дневна рутина?

    Мој профил:
    35,комбинирана кожа, со пори, некоја поспартум флека, црнки

    Се сто мислите дека ке ми е од помош, пишете ми како сугестија, а да не се мн продукти, зошто кога ставам едно врз друго, кожата ми се перута од се и сешто нанесени :)Only the essentials, според вас и на сто да обрнaм внимание :)) Фала однапред
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.363
    Допаѓања:
    105.425
    Пол:
    Женски
    @Zfer

    Можеш да воведеш за наутро - гел за миење лице, витамин ц серум доколку сакаш, дневна крема, крема со спф фактор

    За навечер- мицерална вода , гел за миење лице , крема за лице. Може и хијалуронска да воведеш за навечер или салицилна ама ако мислиш дека ти се премногу продукти и не мораш.

    Сега за кои производи не знам што би сакала, има медицински, органски, корејски итн, цените се различни
     
    На Zfer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.155
    Пол:
    Женски
    Сега стигнувам да пишам, мислам сега ми текна. Ќе ја погледнам оваа козметика да видам дали нешто ќе ми фати око, Ординари и јас користев едно време, искрено престанав поради тоа што цимерката во Лондон работи зa Murad,може сте чуле ама една рутина од козметикава кошта многу, притоа е и фармацевт и за Ординари многу лоши работи ми кажа, и некако ме сецна во користењето.

    Кажете од кој маслен чистач сте задоволни? Пурито гледав ама нешто скапичко ми е искрено, зошто ќе треба и уште еден гел да земам за чистење.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.087
    @koritsaki веке ти одговорила јас само ќе додадам-еднаш неделно лепенка за нос и брада за црнки ( јас користам НИВЕА и ми се топ а имам пробано разни) плус еднаш неделно пилинг за лице и еднаш неделно ставам неколку маски едно подруго=маска што се лупи,па глина,па хидратантна,и финиширам со ампула ретинол и колагаен.иста кожа како тебе имам
     
  6. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.087
    дали може да пртиш линк кој чистач од Ануа го користиш?
    ANUA – Страница 2 – Coslovemetics.mk
     
  7. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Иста ми е дневната и ноќна рутина за нега на лице.Редоследот на нанесување е следниот.Кремата од роза ја користам за делот околу очите.
    Screenshot_20240724-141028_Gallery.jpg Screenshot_20240724-140821_Google.jpg Dr-Hauschka-Rose-Day-Cream-8.jpg Dr.-Hauschka-melisina-dnevna-krema-30-ml-Apoteka-Monis.jpg
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Овој го имам јас, ама гледам нема на залиха.

    Види го овој, цената му е ОК а од овој бренд користам СПФ, презадоволна сум. Наредно би го пробала и чистачов.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    546
    Пол:
    Женски
    Може да ги споделиш лошите работи за ординари?
     
  10. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    485
    ANUA HEARTLEAF QUERCETINOL PORE DEEP CLEANSING FOAM 150ml
     
  11. CandyM

    CandyM Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво❤️,
    Веќе подолг период,периодично ми се вцрвенува лицето,ми се лупи и ме чеша.Имам доста сува кожа во тој период,особено во пределот на челото.До сега користев од розевиот гел на Биодерма за сензитивна кожа и крема на Еуцерин со Ph5,но немам подобрување.Ме фаќа нервоза од тоа чешање и лупење веќе.Бев на кожен ми кажаа себореа(дерматит) и ми препишаа крема на Биодерма исто од розевата линија.Некој искусен што се разбира повеќе од мене да ми посочи некои тонери,серуми или креми да ми се смири лицето малку.
    Благодарам однапред
     
  12. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Девојки, ми треба помош од вас за препорака на производи за нега на лице.:)

    Јас генерално немам никаков проблем со лицето, буквално ништо немам користено освен вода и од време на време Нивеа за лицето, и тоа ретко. И СПФ во лето.
    Ама бидејќи се движам накај 30 веќе мислам дека ми е време да си воведам некоја рутина. :D

    Бев на бесплатното тестирање за тип на кожа во ДМ и проверка на хидратација, пори, брчки, осетливост итн…можеби некоја од вас била па знае. И испадна дека имам масна кожа само на Т зоната, додека остатокот на лицето ми е посуво, но не премногу суво. Комбинирана кожа. Немам осетлива кожа според резултатите, брчки имам малце повеќе од референтната вредност. Акни немам. Меланин некакво различно пигментирње на кожата исто немам. Е сега имав доста отворени пори, дупло повеќе од оптималната / референтната вредност.

    Девојката ми препорача да си купам:

    1. гел за миење на лицето или пена по избор (Hydro waschgel Alverde или Alverde 3 in 1 Sensitive пена)

    2. тоник (ми го препорача на Ziaja Purifying зелениот заради порите)

    3. пилинг за лице (Balea creme peeling розевото)

    4. Серум за лице (Nacomi Niacinamide серум 15% или 20%, повеќе беше за тој од 20% бидејќи содржел и витамин Ц и некои други состојки)

    5. Хидратантна крема (Loreal Hyaluron Specialist лилавата што е со SPF 20 што е и за брчки и за хидратација)

    6. Витамин Ц за под очи на Garnier

    Што мислите вие за овие производи во мојата ситуација? Дали да си земам се одеднаш или да почнам само од нешто? Мислев да почнам со гел за чистење, тоникот и кремата. Што мислите?

    Фала ви :f:
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.363
    Допаѓања:
    105.425
    Пол:
    Женски
    @MG3

    Јас од гелот за лице на Алверде сум презадоволна. Многу пати го имам купувано.
    Нијацинамидот на Накоми од 20% го имав купено и ми ја иритираше кожата (но не мора да значи дека така ќе биде и кај тебе)
    И крема со спф фактор ти немаат препорачано. Оваа што ти ја препорачале е хидратантна ама мал е факторот.

    Земи си го гелот или пената, серумот ете, хидратантна крема и плус некое спф со висок фактор (од 50)
    Ајде таа крема на Лореал можеш во зима да ја користиш, ама за лето мак е факторот..

    Јас па тоник воопшто не ставам. Мислам не ти треба.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dea.1519

    Dea.1519 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Предлог производи за сува и многу осетлива кожа ( атописки дерматит )?
     
  15. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Искуства со оваа мицеларна, и ја има ли во дм?
     

    Прикачени фајлови:

  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.754
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Vo Bellina ja ima, ja nema vo Dm.
     
    На Butterfly1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот. :inlove:

    Гелот од Алверде ќе го земам секако.

    Што би ми препорачала ти за зголемените пори?
    Прочитав дека ниацинамидот помага за тоа, меѓутоа наидов на многу искуства слични како твоето и совети дека треба да се користи серум со помал %. Дури и за The Ordinary серумот што е со 10% наидов на доста коментари дека им ја иритирал кожата.. Знаеш ли некој добар серум со помал процент.. на пример 5% и пристапна цена?

    Некако тешко ми е да се одлучам што да почнам да користам бидејќи до сега немам буквално ништо ставано, а освен порите што ги имам, лицето ми е чисто.. страв ми е да не ми се иритира кожата наеднаш 8-| ..

    Исто и за кремата на Лореал што ми ја препорачаа прочитав дека има comedogenicity 4-5 (isopropyl isostearate) which apparently can clog your pores.. И сега не знам дали тоа значи дека не би ми одговарала кремата на мене (заради изразените пори) или се мисли на луѓе што се склони на акни…

    Колку повеќе читам повеќе се губам некако:^) Ова ми е првпат да истражувам за skin care и некако хаос ми е во главата. HELP 8-|
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.363
    Допаѓања:
    105.425
    Пол:
    Женски
    @MG3

    Зголемените пори не можат да се намалат, нема производ што ќе ги намали. Доволно е да бидат чисти. Можеш двојно чистење да вметнеш за тоа.
    Јас имам користено на The ordinery niacinamid серум ама ми правеше многу ситни акни со гној, два пати му имам давано шанса и истото се случуваше, па одлучив дека ниацинамид не е за мене :) не мора да значи дека и кај е тебе ќе биде така.
    За кремава на Лореал не мора да значи, ако ги чистиш убаво нема да предизвика ниеден производ акни.

    Јас со тек на времето сватив дека колку помалку производи се користат толку подобро.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    7.377
    Пол:
    Женски
    Од оваа марка има во ДМ мицеларна вода, 2 типа видов. Дали овој конкретно го имаше не знам, ама голем дел од производите што ги купував во Белина ги има дм, и тоа поевтини се.
     
    На Butterfly1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.049
    Пол:
    Женски
    Не го преоптоварувак лицето со премногу производи. Пробај прво најосновна комбинација.
    Пр.
    1. Крема од geek and gorgeous, L'Oreal violetovata, torriden.
    2. серум со хијалуронска (the ordinary) мене ми е најубав. Тој од ревокс не ми се допадна.
    3. Можеш наизменично некогаш серум друг пат тонер. Јас кога ставам серум не ставам тонер. Пр за тонер (I'm from rice toner). За тонери имаш голем избор исто.
    За чистење јас не можам многу совети да ти дадам пошо јас имам специфично чистење.
    - Пример шминката од очи само со маслен чистач од Нивеа. И после другиот дел од лицето или со розевиот чистач на heimisch или на оливал едно како гел/масло. А наутро со таков исто како гел од heimish.
    - Еднаш неделно користам од лентите за чистење на пори. И исто така еднаш неделно маска со хијалуронска (од had labo и L'Oreal ми се видоа најубави, балеа не ми се допаѓаат).
    - Има и една маска од глина ја фалат дека помагала во чистење ама не сум ја пробала, наредно на листа ми е она.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.