Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Девојки фала ви :l:
    @Selena01 Кои ленти за чистење на пори ги користиш? Ако можеш стави слика тука, да можам полесно да ги најдам. Ги има во ДМ?
    Исто и маските со хијалуронска што ги спомна ќе ги побарам таму.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.467
    Пол:
    Женски
    Во спојлер се сликите. Не се скапи овие и зачудувачки мене ми се океј.
    А маската од Лореал нема да ја утнеш, виолетово пакување исто како кремата со таков натпис.
    Другата од хада лабо баш вчера случајно ја сликав па ќе ја прикачам и неа. Околу 150ден. Оваа ми е мене многу поубава, таа на Лореал ми пречи мирисот и е потешка.
    IMG_20240813_124125.jpg IMG_20240813_124158.jpg
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Дали кога користам серум со ниацинамид можам да користам крема со 20 фактор или е малку?И дали таа крема со 20 фактор можам како вечерна да ја користам или ќе ги запушува порите?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Крем со фактор не се користи навечер. Земи си некој хранлив крем.
     
    На koritsaki и simona_baby им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Јас ја земав од Natura Siberica виолетовата,значи таа само преку ден.Фала ти
     
  6. /Пеперутка/

    /Пеперутка/ Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Нова сум овде
    Ве молам за совети, кога, како, редоследно да ги користам продуктивен за чистење лице?
    Мицеларна, тоник,серум па крема навечер би ставала
    Како, кога да ги користам серумиве?
    Имам комбинирана кожа, 36 год
    Ви благодарам на помошта IMG_20240924_210756.jpg IMG_20240924_210746.jpg
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Здраво феминки, имам проблеми со лицето. Заприметив дека после користење на Centella oil лицето ми стана да не кажам ужасно, но сепак продолжив со рутината бидејки ме убедуваа дека не е од тоа. Ви испраќам слики од пред да започнам и после неговото користење. Што да превземам и дали воопшто треба да исклучам од рутината ваков чистач за лице.
    Воедно ова е мојата челосна рутина:
    Наутро - стрес лес серум, крема за лице
    Навечер - центела, гик анд горџес чистач и хијалуронска киселина. IMG_2608.png

    IMG_2603.jpeg
    IMG_2606.jpeg
     
  8. Thirlwall<3

    Thirlwall<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Мислам дека хијалуронската ти прави проблем:| Пробај да ја паузираш некои две недели, ќе приметиш разлика ако е до нејзе
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е од centtela oil ако е во маслена структура. Маслото може да затвори пори и да искомплицира да се створат комедони и мозолки
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    Маслениот чистач е толку кратко време на лице, што нема простор како да ги затне порите во тој краток интервал додека се втрива на лицето. Плус се одмива веднаш и после него оди чистач кој темелно ги чисти порите и не е возможно да дојде до некакво затнување.

    Повеќе верувам дека е можно центелата како состојка да не и' одговара на членкава, него ли маслото да прави некаков проблем.
     
    На marchi-cool, raww, Thirlwall<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Паузирав еве една недела не го користам, сеуште ми испаѓаат нови брунчиња и се болни..
    Се размислувам од оваа недела да не ставам ништо на лицето
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    Ставаш ли некаков крем после нанесувањето на хијалуронскиот серум навечер?
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    додека да се исчисти скрос лицето ќе излагаат по малку брунчиња. На тоа место ставај капка од масло од green tea. Јас мислев да не може ти е од центела маслото ама како што кажаа погоре состојка та центела не ти одговара
     
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    И јас мислам дека ми е од цантела, веројатно сеуште му треба време за да се исчисти.. какво е тоа масло, кај се продава?

    Да ставам крема One thing
     
  15. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Мене ми се направи вака од маслен чистач.
    Никогаш во животот не сум имала акни.
    Бев убедена и јас дека не е од маслениот оти се измива, мислев од heartleaf e. После пробав со скроз друг, па трети и од сите вака ми се правеше. И на крај се помирив дека е пд маслен чистач и си се вратив на мицералната. А за потешка шминка користам балм. Немам никаков проблем од ваква комбинација.
    Едвај го средив лицето од што бев запната дека морам маслен па воден чистач да користам
     
    На koritsaki и raww им се допаѓа ова.
  16. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    После колку време ти се среди? Користеше некои продукти за да го постигнеш тоа?
     
  17. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    После две недели почна да се смирува. И уште една недела да се повлече и среди.
    Тој период прекинав се да користам. И се миев само со благ чистач пена, хидратантен тонер и хидратантна крема.
    Активни состојки, пилинзи, серуми направив пауза скоро месец.

    Навечер ставав подебел слој од ла рош кремата cicaplast baume b5+.
    Мене оваа крема ми е holy grail
     
  18. Van Gog

    Van Gog Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Дали е доволно само секојдневно чистење на лицето и нанесување на крем или потребно е повремено и други третмани да се прават? Евентуално и на дерматолог.
     
  19. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Јас лично не гледам потреба од дерамтолог ако немаш некој посериозен проблем.
    Со годините веќе си знам што и треба и одговара на мојата кожа.
    Најбитно е чистење на лицето и хидратација.
    Се друго е според потребите и типот на кожата.
    За во домашни услови, сумирано - хијалурон за хидратација, витамин ц за освтлување на дамки, салицилна за акни, ретинол за брчки….тоа од погенералните.
    Јас би сакала да правам во салони некои третмани за хидратација, чистење на лице, онака освежување. Ама уште не сум почнала.

    Значи според мене ако немаш проблематично лице немаш потреба од дерматолог. Можеш некоја активна состојна да си користиш по своја желба според тоа што мислиш дека ти треба
     
    На SummerGirl и Van Gog им се допаѓа ова.
  20. Van Gog

    Van Gog Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Фала ти многу за советите.
    Генерално нормална кожа, повремено по некое мозолче. Повеќе ми е за хидратација, особено во зимскиов период ми е посува кожата на лицето.
    Ќе треба да разгледам ова што ми посочи, хијалурон, салицилна, ретинол.. Не се разбирам искрено многу :)
    Да, и јас мислев на нешто така кога спомнав дерматолог, третман за хидратација, чистење на лице, освежување. Дали има ефект или повеќе е онака, површно...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.